Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Перу: Продолжуваат ниските температури во Пуно

Ужасната ситуација во јужен Перу продолжува како последица на екстремните температури во регионот на Пуно. Изабел Гуера пишува на Living in Peru, дека најранливи жртви се децата, кои умираат од пневмонија и респираторни болести. До денес, има регистрирано 433 смртни случаи како последица од студот [шпански]. Ова се споредува со 480 смртни случаи низ Латинска Америка поради А Х1Н1 вирусот, кој доби многу повеќе медиумско и владино внимание.

Photo by Barbara Drake and used with permission. http://americaninlima.com/2009/07/18/andean-children-cold

фотографијата е од Барбара Дрејк и е употребена со дозвола  http://americaninlima.com/2009/07/18/andean-children-cold

Сепак, имаше многу силни и моќни слики кои доаѓаа од регионот, вклучувајќи го и ова видео, кое ги покажува жртвите на студениот бран, кои предизвикаа силна реакција од некои Перуанци..

Тежината на видеото влијаеше врз оние кои го имаа гледано, што се покажува во делот за коментари од оние кои ги критикуваат новинарите кои го направиле видеото. На пример, корисник на YouTube beto1726 напиша:

…cuanto morbo d stos periodistas el de ver y no aser ni mi***a si sabian q iban a encontrar a ninos sufriendo por q no llevaron ayuda de medicamentos desde lima asiendo en su canal una colecta entre tanto gerente q tienen…

Колку морбидни може да бидат новинарите, кога ќе ја видат (ситуацијата) и кога знаеле дека ќе најдат деца кои страдаат, зошто не земале лекови од Лима или не собрале од сите вработени во станицата.

Корисникот Piacostar одговара во име на новинарите:

No justifico … pero en honor a la verdad, los periodistas no somos médicos, ni abogados… solo informamos… es lo único que podemos hacer… e indignarnos como el resto del mundo… nuestro poder no va más allá que el de mostrar una realidad… cruda, es verdad, esperando que con eso se revele lo que sucede y quienes sí pueden y DEBEN hacer algo al respecto, LO HAGAN!

Не го оправдувам ова…но во име на вистината, новинарите не се ни доктори ни адвокати… ние само известуваме…тоа е единствената работа која можеме да ја направиме…и биди вчудовиден како остатокот на светот…навистина, нашата моќ не го надминува прикажувањето на суровата реалност, чекајќи за она што ќе се открие  и оние кои можат и ТРЕБА да направат нешто за тоа, ДА ГО НАПРАВАТ!

Не е само студот и владината импровизација она што влијае врз оваа рурална популација со ниски примања во Пуно, туку и лошото управување со донациите добиени од оние со добри намери. Bobsparz од блогот Caviar de Cianuro [шпански], пишува за еден пример на донации кои не пристигнале онаму каде што биле наменети:

hace días la SUNAT incautó 32 toneladas de arroz (en 630 sacos) de un donativo alimentario del PMA para la gente de Puno. Resulta que el organismo internacional contrató los transportes de la empresa Industria Arrocera de América (Induamérica) quienes a la vez contrataron a la transportista Flores Casas debido que excedía su capacidad logística para poder transportar los donativos hacia Puno. Las donaciones fueron de Lambayeque hacia Lima para luego enrumbar a Puno en 8 camiones de Induamérica y en 3 de Flores Casas. Los donativos llevados en la última empresa transportista nunca llegaron y parte de las donaciones se hallaron en un mercado de Ica.

Por el robo cometido 20 mil familias de la sierra sur que soportan el frío no podrán recibir su alimento correspondiente. En total no fueron 32 toneladas sino 100 las que se perdieron en el camino de Lima a Puno. Realmente vergonzoso.

Пред неколку денови, SUNAT (Контролата на приходите од данок) инкасира 32 тони ориз (во 630 вреќи) од донација од Светската програма за храна за луѓето во Пуно. Излезе дека меѓународната организација ангажирала транспорт од компанијата Rice-Growers Industry of America (Induamérica) кои потоа ја ангажирале компанијата Flores Casas затоа што тие немале логистички капацитет за да го извршат транспортот во Пуно. Донациите одеа од Ламбајек до Лима и тргнаа за Пунто во 8 камиони од Induamérica и 3 камиони од Flores Casas. Донациите превезувани од Flores Casas никогаш непристигнаа, а дел од донациите беа пронајдени продадени во маркет во градот Ica..
Поради кражбата, 20,000 семејства на југот кои мораа да се соочат со студот нема да можат да ја примат донацијата која им припаѓа. Се, на се, во реалноста не беа 32 тони, туку 100 тони беа изгубени на патот од Лима до Пуно. Навистина срамно.

Корупцијата не е единствениот проблем со кој се соочуваат оние кои сакаат да им помогнат на луѓето во Пуно. Барбара Дрејк, иселеник од САД, пишува на нејзиниот блог An American in Lima:

Во било која земја, Црвениот Крст би бил на сцена помагајќи им на жртвите и обезбедувајќи ги со итна помош, но погодете што? Црвениот Крст на Перу е приватен, фамилијарен бизнис кој оперира според свои методи, не оние на Меѓународниот Црвен Крст/Општеството Црвена Полумесечина. Перуанскиот Црвен Крст виртуелно не прави ништо за време на катастрофи и уште помалку за да ги спречи.

Зошто Меѓународниот Црвен Крст не може да интервенира и да помогне во поставување на вистински Црвен Крст во Перу? Затоа што семејството што го поседува Црвениот Крст во Перу го регистриа името со SUNAT и технички “го поседува” брендот Црвен Крст во земјата. Ако мислите дека ова е нечуено, придружете му се на клубот. Перуанската  влада би требало да интервенира, да го одземе името од приватната своина да помогне во формирање на вистински Црвен Крст во Перу – ВЕДНАШ.

Ситуацијата е сложена и други структурални проблеми се демонстрираа за време на оваа криза. Франсиско Каназа од Apuntes Peruanos [шпански] има мислење дека владините акции во оваа ситуација оставија многу да се посакува. Сепак, ова не е ништо ново и тој пишува за некои длабоко-вградени теми (храбра страна е блогерското истакнување):

La donación es un parche. El problema real es la desatención del Estado a aquellas zonas alejadas. La real obligación del Estado es proveer servicios médicos suficientes a todos los ciudadanos. Sin embargo, enfermedades simples degeneran en muerte en las comunidades de la sierra, por la ausencia de servicios de salud que puedan prestar atención oportuna. … (pero) La mortalidad se genera por el bajo nivel de defensas que los pobladores tienen por la limitada dieta.

Otro punto: Una simple caminata por zonas altas consume miles de calorías en poco tiempo. Los ciudadanos de , , zonas de , Ayacucho y Apurimac se enfrentan a caminatas extensas y su dieta no está adecuada para compensar el extremo requerimiento alimenticio. La ingesta de proteínas y calorías es bajísima en la sierra. La ingesta de carne, por ejemplo, es limitadísima. Sin embargo se promueve mil veces el reparto de leche como un gran logro. Peor aún, se insiste en modelos como el “papapán” que terminan por ser ridículos en su aporte dietético.

Донацијата е само дамка. Вистинскиот проблем е во невниманието на државата кон оние во оддалечените области. Вистинската обврска на државата е да обезбеди доволна медицинска услуга за сите граѓани. Сепак, едноставни болести доведуваат до смрт во планинските заедници заради отсуството на навремени здравствени услуги. ..(но) смртноста е генерирана поради нискиот степен на имунитет кај луѓето поради нивната ограничена исхрана.

Друга точка: Едноставна прошетка низ областите со висока надморска височина согорува илијадници калории за кратко време. Граѓаните од обласите на Пуно, Цуско, Ареквипа, Ајекучо, и Апуримак се соочуваат со интензивно пешачење и нивната исхрана едноставно не е доволна за да  надомести за екстремните барања на преживувањето. Консумирањето на протеини и калории е ниско во планинските региони. Консумирањето на месо на пример, исто така е ограничено. Сепак, дистрибуцијата на млеко често се посочува како големо постигнување. Сепак е лошо што тие продолжуваат да  инсистираат на модели како „леб од компири“ кој на крај се исмејувани поради неговиот диетески прилог.

И на крајот, Rafo León пишува во својата колумна во магазинот Somos на весникот  El Comercio за некои интересни аспекти на глобализацијата и нејзините штетни ефекти во Перу. На пример, многу луѓе користат синтетичка облека наместо волнена која е многу потопла. Наместо да конструираат куќи од непечена цигла, која генерално е традиционалниот материјал кој најдобро ја задржува топлината, тие сега користат цигли од алуминиум. Tarwi and Quinua е храната која се помалку се користи во детската исхрана.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.