Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Африка: Блогерите дискутираат за ХИВ/СИДА помеѓу мажите хомосексуалци во Африка

Субсахарска Африка извести за високиот степен на хив позитивни помеѓу мажите хомосексуалци. BBC извести дека по ова државно прашање мора да се направи многу поради отуѓувањето и недостатокот на сексуално образование помеѓу хомосексуалците во Африка. Во потрагата по слобода zа сексуално изразување, јасно е дека геј активизмот сè уште не достигнал национално ниво и кампањата за заштита на мажот при секс со маж (МСМ) сè уште не е добро позната. Овие фактори ги ставаат на ризик многу од хомосексуалците и хетеросексуалците, посебно мажите кои имаат незаштитен секс со двата пола и имаат односи со повеќе партнери. Многу е тешко да се допре до МСМ поради срамот, но сепак остануваат основните заштитни мерки кога е во прашање ХИВ. Ајде да ги слушнеме гледиштата на африканските LGTB блогери кои пишуваат за овој проблем.
Дискусиите на сметка на анти-хомосексуалноста во Уганда, Симон Коли смета дека криминализацијата на врските од ист пол ќе им отежни на мажите хомосексуалци да се заштитат од пренесувањето на ХИВ:

Кога се работи за превенција на ширењето на ХИВ, криминализацијата на врските од ист пол ќе ја направи уште потешка заштитата на мажите кои имаат односи со мажи (МСМ). МСМ се многу поподложни на инфекција со ХИВ и е поверојатно дека ќе ја пренесат отколку оние кои се во хетеросексуални врски.
Но, ова значи дека мора да им се овозможи на МСМ да се отворат за нивното сексуално практикување. Ако не се отворени по ова прашање нема да се биде во можност да се опфати оваа група со програмите за редукција на ХИВ. Тие ќе направат се што можат да останат невидливи, нема да бидат во можност да побараат сигурна медицинска помош, нема да бидат заштитени со законот; ќе станат уште поранливи отколку што се сега и ќе бидат поголема пречка во намалувањето на ХИВ трансмисијата.

Генералниот директор на Комисијата за Сида на Уганда (UAC) беше цитиран минатата година како вели: „Хомосексуалците се главниот погон за ХИВ во Уганда, но поради ограничените ресурси, во овој момент не можеме да ги насочиме нашите програми директно кон нив.“ Хомосексуалец од Уганда одговори:

* 26 години откога започна епидемијата на ХИВ немаше ниту една влада која поведе превентивна програма помеѓу хомосексуалците во Уганда.
* Иако уште од почетокот на епидемијата во светот се знаеше дека мажите хомосексуалци се ранлива група.

Изјавата од генералниот директор е жална, изјавите на други лидери на Уганда кои велат дека хомосексуалците треба да се протераат на остров за да умрат 2, и од советникот на UAC дека „Нашите претходни искуства покажуваат дека внесувањето на хомосексуалците во кампањи против ХИВ само им дава шанса да ги пропагираат нивните нелегални и неприродни односи“
Ние сме од Уганда. Ние сме хомосексуалци од Уганда.
Ние имаме право на живот.
Ние имаме право на здравје.
Ние имаме право да немаме ХИВ.
Ние имаме право на знаење за превенцијата од ХИВ и третманот. Ние имаме право да се заштитиме самите, нашите сакани, нашите фамилии и нашата заедница.
26 години откога започна епидемијата, хомосексуалците од Уганда веруваат во митови и лаги за ХИВ поради пристрасните и ненаучни јавни образовни кампањи спроведени од владата. И покрај лагите кои ни беа кажани, сите луѓе имаат право на непристрасна превенција, нега, третман и поддршка.

Да се биде геј во Африка сè уште е како да се биде во стомакот на ѕверот. Културата, религијата и хомофобијата насекаде, блогерите сметаат дека превентивните кампањи за ХИВ помеѓу МСМ треба да бидат активни и негативните геј стереотипи треба да се избегнуваат за да ги направат мажите хомосексуалци посигурни во сопствената заштита и владите треба барем да направат напор да се обидат и да ги спасат своите луѓе од мракот.
Sebaspace ги сумира неговите чувства околу овие теми:

За жал, не е веројатно дека било која африканска влада обрнува внимание или се труди да обрне внимание. Тоа навистина е криминал……. сосема ѓаволски.

Хомосексуалец од Уганда чувствува дека генерално и заедницата треба да плати:

Да бидеме фер и заедницата треба да плаќа со нас. Па, кој е виновен? Изгледа дека и вината можеме да ја расфрламе наоколу.

Tamaku, кој ја напишал Дневникот на кенискиот хомосексуалец пишува:

ХИВ продолжува да се одмаздува и да пустоши во Суб-Сахарска Африка повеќе од било кој друг регион во светот и изгледа дека африканските мажи кои имаат односи со мажи се најмногу погодени.

Еден од неговите читатели го коментира овој пост:

Несреќа е што програмите за ХИВ превенцијата во повеќето Субсахарски африкански земји сè уште се насочени кон хетеросексуалното мнозинство. Се до неодамна многумина мажи хомосексуалци веруваа дека ХИВ се пренесува само преку хетеросексуален однос. МСМ ќе имаат многу незаштитени односи со нивните машки партнери и бидејќи спијат само со една жена (најверојатно нивната сопруга), тие веруваат дека се е во ред.
Ова е опортунистички вирус кој ја искористува секоја шанса која ќе му се даде и ректумот со неговото обилие со капилари, заедно со можноста од пукање е можеби и единствената најможна точка за инфекција.

Истакнувајќи ја неприликата на хомосексуалците во Африка,The LGBT Asylum постави напис напишан од Edward Qooro насловен, „Петиција на УН активистите поради прекршувањето на правата на хомосексуалците во Танзанија“:

Кампањите за човекови права дадоа извештај во Обединетите нации, жалејќи се против прекршувањето на правата на хомосексуалците, бисексуалците и трансексуалците (LGTB) во Танзанија.
Извештајот беше предаден овој месец во Комитетот за човекови права на Обединетите Нации и бара потенцирање на социјалните и правните препреки кои ја намалуваат слободата на групите со ваков вид на социјални односи.
Извештајот беше направен од три невладини организации: Центарот за промоција на човековите права во Источна Африка, Интернационалната комисија за човекови права на хомосексулците и Глобални права.

Tamaku, 3 месеци имаше анкета на неговиот блог со која ги прашуваше читателите дали хомосексуалноста треба да биде декриминализирана во Кенија. 41% рекоа „Не“ и 28% сметаа дека за хомосексуалноста нема место во Кенија. Еден пост од неговиот блог покажа дека 96% од луѓето кои одговориле биле против хомосексуалноста:

Сепак, опасноста од јавно непријателство е реална. Анкета од 2005 во Кенија покажала дека 96% од испрашаните сметале дека хомосексуалноста била навреда на нивните верувања.

Повеќето млади хомосексуалци кои се гордеат со својот идентитет сега јавно зборуваат и бараат модел за натпревар. Афрохомосексуалeц од Нигерија кој сега живее во САД пишува:

Сега Gen X живеат живот врз основа на она што медиумите им го даваат. Дали ова е она што значи да се биде геј? Одговорот е не, овде има позитивни примери на црни мажи хомосексуалци, некои се некои не се. Овие постари мажи можат да им бидат ментори на помладите, а не да бараат само секс од нив. Да ги охрабруваат да размислуваат позитивно и да го изградуваат својот талент и да го користат за добри цели.
Ова е она што јас го барам како млад афро – американски хомосексуалец. Барам ментор, пример, барам некој кој е подготвен да ги учи и да се грижи за младите хомосексуалци.
ДАЛИ ТАМУ ИМА НЕКОЈ
ХИВ е подла: Мит & Реалност?:

Мислам дека навлегуваме на опасно тло како што луѓето одбиваат да прифатат дека постојат луѓе со различна сексуална ориентација и поради тоа тие ги тераат луѓето да бидат злобни (некои).
Она што луѓето не успеаја да го сфатат е дека хомосексуалците исто така се социјални суштества, како сите луѓе во светот, тие имаат потреба да сакаат и да бидат сакани и да почувствуваат телесно задоволство, па ако ги натераш на заборав и ги натераш да ја кријат својата сексуалност тоа ги става луѓето на ризик.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.