Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бангладеш ќе бара биометриски податоци од сите корисници на СИМ картички

Close up of a SIM-card being inserted into its socket inside a mobile phone. The SIM ("Subscriber Identity Module") card holds security keys to identify and authenticate mobile telephony data. Image by Erik Tham. Copyright Demotix (21/2/2015)

Зумирана фотографија на ставање на СИМ картичка во мобилен телефон. СИМ (“Subscriber Identity Module”) картичката чува сигурносни клучеви за идентификација и автентикација на податоци од мобилната телефонска мрежа. Фотографија на Ерик Там. Авторски права Demotix (21/2/2015)

Во изминативе недели, дигиталните права на граѓаните на Бангладеш претрпеа сериозни удари. Апликациите на социјалните мрежи беа блокирани нешто повеќе од три недели во ноември и декември – до некои од нив се сè уште нема пристап од внатре во државата. Администратор на страница на Фејсбук беше уапсен минатата недела од државната брутална тајна полициска сила, Баталјонот за брзо распоредување, и сега се соочува со обвинувања за објавување „антивладина пропаганда“.

Уште една загрижувачка новост беше претставена на 16 декември: задолжителна биометриска регистрација на сите сопственици на СИМ картички.

Со овој нов систем, секоја СИМ картичка за мобилни телефони ќе биде поврзана со идентитетот на нејзиниот сопственик како што е прикажан во државната база на податоци на лични карти во Изборната комисија. Од секој сопственик на СИМ картичка ќе биде побарано да го потврди неговиот/нејзиниот идентитет со приложување отпечаток од прст, кој ќе се провери со отпечатокот од личната карта. На секое физичко лице ќе му биде дозволено да регистрира максимум до 20 мобилни СИМ картички на неговата/нејзината лична карта.

Бидејќи секоја СИМ картичка ќе може да се поврзе со единствен идентитет, повеќе нема да биде возможно да се купи СИМ картичка од лиценциран продавач без истата експлицитно да се поврзе со идентитетот на граѓанин во Бангладеш. Не е јасно кои опции ќе бидат на располагање на оние кои немаат свои податоци во базата на податоци на Изборната комисија, промена која би можела да го остави маргинализираното население без пристап до основни алатки за комуникација.

Во широка смисла, оваа шема ќе ги поврзе комуникациските податоци со индивидуалните идентитети [лични карти], назначени од владата, потенцијално овозможувајќи ѝ да има невиден надзор врз секојдневниот живот на граѓаните на Бангладеш. Не е јасно кои точно закони ќе управуваат со пристапот, и користењето на овие податоци. Властите наводно подготвуваат дополнување на Законот за информациски и комуникациски технологии, што би можело да влијание на начинот на кој се третираат податоците од СИМ картичките.

Како дел од шемата, шест мобилни оператори – „Grameenphone“, „Robi“, „Banglalink“, „Airtel“, „Citycell“ и државниот „Teletalk“ – потпишале договор со Изборната комисија да ги спојат податоците од личните карти со податоците кои корисниците на мобилни телефони ќе ги обезбедат при регистрирањето на СИМ картичките. Податоците наводно се чуваат во владината архива на „National Identity Registration Wing (NIDW)“ [Државен сектор за лични карти].

Промената ќе влијае на огромен дел од населението на Бангладеш: од „Daily Star“ објавуваат дека постојат 130.19 милиони активни СИМ картички во државата. Граѓаните кои веќе се сопственици на СИМ картички ќе имаат рок до април 2016 да регистрираат биометриски податоци на нивните СИМ картички, а доколку истите го пречекорат рокот, нивните СИМ картички ќе бидат деактивирани. За оние кои не се сигурни за статусот на нивната СИМ картичка, телекомуникациските компании обезбедија СМС сервис кој ќе помогне во проверката на тоа дали СИМ картичката е правилно регистрирана.

Наводно, новите СИМ картички ќе бидат активни само 72 часа по купувањето, пред официјално да биде верифициран идентитетот на личноста која ја купува истата.

Едномесечно пилот спроведување на шемата започна во октомври годинава [2015, н.з.], и откри голем број важни пропусти. Според BDnews24.com,

There were complaints of the system failing to match the fingerprints of many subscribers with the data in the national identity card databank. Tarana said in reply to a question on Sunday that the problem arose because of incorrect entry of NID numbers, rebutting allegations that the biometric system fingerprints were at variance with the NID data.

Имаше поплаки дека системот не успева да ги поврзе отпечатоците на многу корисници со податоци во базата на податоци на системот за личните карти. Како одговор на прашање во неделата, Тарана рече дека проблемот настанал поради погрешно внесување на НИД бројот, отфрлајќи ги обвинувањата дека системот за биометриски податоци со отпечаток не соработува со податоците во НИД (личните карти).

Тарана Халим, министерот за пошти и комуникации, инсистира дека сите наведени недостатоци се „поправени“. Оправдувањето за оваа шема доаѓа од владината изјава дека „нерегистрирани картички беа користени за криминални активности“, но не е јасно каков директен ефект ќе има оваа промена на политиката врз криминалот.

Во Пакистан, каде беше усвоена слична шема, на површина излегоа добар број на непредвидени последици. Во 2015, пакистанските телекомуникациски компании пријавија пад во продажбата од 16%. Заклучно со ноември 2015, пакистанската влада наводно исклучила од употреба 26 милиони СИМ картички откако нивните сопственици не успеале да ги регистрираат со потребните биометриски податоци.

Бангладеш можеби ќе види слични резултати. Политиката веројатно ќе доведе до пад во користење на авторизирани мобилни телефони, и може да генерира зголемување во неофицијални продажби на СИМ картички. Ова се чини е во спротивставеност со владиниот план за зголемен дигитален пристап во новиот, таканаречен, ‘Дигитален Бангладеш’.

Иако некои членови на граѓанското општество покренаа грижи кон оваа промена, нема речиси никакви споменувања на ефектот кој оваа промена можеби ќе го има врз правото на приватност на граѓаните на Бангладеш. Реакциите на социјалните мрежи во голема мера се честитки или фактоидни околу целата постапка за започнувањето на шемата:

Продажба на СИМ картички со биометриско верифицирање почна во Бангладеш. Чекор напред во станувањето дигитален граѓанин

Максимум 20 СИМ картички можат да бидат регистрирани на една #NationalID (лична карта), одлучи министерството за телекомуникации. #SIM #NID #Bangladesh

Но, не сите се среќни. Блогерот од дијаспората Камрул Хасан Џони пишува:

সাধুবাদ জানানোর মতো পদক্ষেপ। বিশ্বের অনেক দেশে এ পদ্ধতি সচল রয়েছে। যদিও অনেক বছর আগে একবার সিম নিবন্ধন করেছিলাম। কিন্তু কেন জানি জানিনা, বাংলাদেশে তথ্য সংরক্ষিত থাকে না! যাক, দ্বিতীয় দফায় তার উদ্যোগকে স্বাগত জানাতেই হলো, জানালাম। যদিও আমার মতো কয়েক লাখ প্রবাসীর হাতে থাকা ব্যক্তিগত সিম কার্ডটি তার দেয়া নির্ধারিত সময় সীমার মধ্যে নিবন্ধন করা সম্ভব হবে না বলেই বন্ধ করে দেয়া হবে।

Ова е чекор за пофалба. Многу земји во светот го усвоија ова (биометриска регистрација). Јас еднаш порано се регистрирав. Но не знам зошто не ги чуваат податоците во Бангладеш! Како и да е, мораме великодушно да го примиме новиот систем за регистрација. Вистината е дека многу стотици и илјадници жители на Бангладеш од дијаспората како мене можеби нема да можат да го регистрираат нивниот личен СИМ(ови) во дадениот рок и тие ќе бидат повлечени.

Иронично, премиерот Шеик Хасина ја даде оваа изјава минатата недела:

“We are living in a cosmopolitan and multi-centric world now. The ever-changing technology is strengthening bonds among people and helping resolve many problems, but it is also creating some difficulties…”

„Живееме во космополитански и мултицентричен свет. Секогаш променливата технологијата ги зацврстува врските помеѓу луѓето и помага да се разрешат многу проблеми, но таа исто така создава и некои тешкотии…“

Со написот на министерот Халим минатата недела дека блокирањето на социјалните мрежи било напор „да се спасат животи“, станува сè појасно дека визијата на владата за дигиталната сфера можеби не наликува на визијата на пристапност и слобода на изразување кои го карактеризираат отворениот Интернет. Со видливи остри мерки кон оние кои зборуваат против владата, ерозијата на дигиталните права на граѓаните на Бангладеш не создава добри услови за идниот развој на „Дигитален Бангладеш“.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.