Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Основни граѓански права суспендирани на Малдиви откако државата прогласи кризна состојба за наредните 30 дена

Protesters wave flags in a public square in Male. Image by Mohamed Muha. Copyright Demotix (17/2/2012)

Протестанти мафтаат со знаме на јавниот плоштад во Мале повикувајќи на нови избори за време на политичката криза 2011-2012 во Малдиви. Фотографија на Мохамед Муха. Издавачки права Демотикс

На 4 ноември околу пладне по малдивско време (07:00 GMT), владата на оваа малечка островска држава објави 30 дневна кризна состојба, наведувајќи ги како причина националната безбедност и безбедноста на народот. Објавата беше пуштена кратко по откривањето на неколку импровизирани експлозивни направи и оружја од страна на безбедносните сили на различни локации во главниот град Мали.

Нема да има полициски час, меѓутоа слободното собирање, правото на приватност, правото на штрајк, правата при апсење и притвор, слобода од пребарување и запленување и некои други права се суспендирани. Според британскиот Гардијан, улиците во Мали биле тивки по објавата, а војниците поставиле кордони околу електраните и фабриките за преработка на вода. Неколку луѓе биле уапсени во рации.

Протести, штрајкови, права при апсење, право на приватност, слобода на движење забранети на Малдиви поради кризна состојба

— Захина Рашид (@ZaheenaR) 4 ноември, 2015

Овој блог во живо на Независни Малдиви не ажурира со содржини.

Бившиот претседател на државата, кој веќе е притворен 11 дена во затворот Донидхо, даде изјава преку неговиот веб-сајт изразувајќи ги неговите грижи за кризната состојба и споменувајќи дека кризната состојба ќе ја загрози економската иднина на државата.

Оваа вест беше шокантна за многумина.

Кризна состојба во рајот. Претседателот на Малдивите објавува 30 дневна кризна состојба почнувајќи од денес во 12

— Аишат Анија (@Aniya_A) 4 ноември, 2015

Малдивските безбедносни сили велат дека пронашле направа за која се сомневаат дека е бомба во возило паркирано во близина на електрана и фабрика за преработка на вода

— Захина Рашид (@ZaheenaR) 4 ноември, 2015

Како ова влијае на Малдивите како популарна туристичка дестинација? Според официјалниот твитер профил на Министерството за надворешни работи:

И покрај кризната состојба, состојбата во Малдиви е мирна и нормална. Нема реакции за посетителите кои патуваат до Малдиви

— МНР- Малдиви (@MDVForeign) 4 ноември, 2015

Главната опозициска Малдивска демократска партија (МДП) планираше масовен протест во главниот глад наречен ‘Минџуваан’ во петок, 6 ноември. Бившиот претседател Мохамед Рашид, лидерот на МДП, е во затвор по неговото осудување минатиот март според законот за борба против тероризмот. Кризната состојба ќе им овозможи широки права на безбедносните сили да апсат осомничени пред анти-владиниот протест.

Тензиите започнаа да ескалираат по експлозијата на глисерот на претседателот Абдула Јамен на 28 септември, во која беа ранети неговата жена и други две лица. Јамен беше неповреден бидејќи во моментот не седел на неговото вообичаено место на бродот. Неодамна, ФБИ дадоа контра изјава на другите истражувачи на несреќата дека тие не пронашле докази дека експлозивна направа ја предизвикала експлозијата на бродот на претседателот.

Но, малдивските власти стојат на тоа дека тоа било обид за атентат. Претседателот Јамен го притвори заменик-претседателот Ахмед Адееб на 24 октомври поради сомнежи за поврзаност во експлозијата откако го обвини за „предавство“.

Луѓето се се уште скептични. Писателот Јамен Рашид твитна:

Странските набљудувачи треба да знаат за #Малдиви: 1) Никогаш немаше ИЕНи. Тоа е #ВештачкаКриза 2) Никогаш немаше демократија

— Јамен Рашид (@yaamyn) 4 ноември, 2015

Саина Саед напиша на Фејсбук за тоа како кризната состојба влијае на правата на луѓето од Малдиви:

Иако оваа ненадејна кризна состојба е како претпазливост од бомбашките закани или дури и од планираните протести, нашите права се попречени и нажалност нема институција кон која можеме да се обратиме за фер судење без разлика колку силно го сакаме тоа. Ова не е нешто за што треба да се шегуваме.
‪#‎знајтесигиправата

Додека пак, Заем Ахмед тагуваше:

Ние немаме лидери-визионери со добра волја и разум. Тоа е причината зошто сме овде по паѓањето на режимот на Маумон, 8 години подоцна. Малечка држава со одличен економски развој и ресурси без никаква закана за јавниот ред и безбедноста не би требало да биде овде. Срамота е што создадовме вакви штетни појави во нашето општество наместо добро владеење.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.