Како социјалните медиуми ја одржуваат кинеската љубов кон пластичната хирургија

Image by TeeLamb. CC BY-NC-SA 3.0

Фотографија на TeeLamb. CC BY-NC-SA 3.0

За нешто помалку од две декади, пластичната хирургија во Кина зема огромен замав. Медицинската процедура се трансформираше во производ за потрошувачите, благодарение на мноштвото огласи кои проповедаат стандардизирана азиска убавина и маркетинг стратегии на социјалните мрежи кои градат заедници кои ги „поддржуваат“ жените во нивната одлука да го променат нивното лице, а со тоа и нивниот живот.

Според проценките на кинеската индустрија на пластична хирургија, во 2014 година имало 140 милиони потенцијални клиенти за пластична хирургија. Едно од илјада лица поминало низ мала или голема хируршка корекција и две од секои илјада лица размислувале за „одење под нож“.

„Не само што ви го менува животот, туку и вашето внатрешно Јас“

Конфучијанците веруваат дека духовното созревање е поважно од изгледот. Но таа идеја го отвори патот до, во моментов најпопуларното гледање на нештата кај младите Кинези, дека твојот изглед може да ја определи твојата судбина. Според популарното мислење, со поправки на твоите фацијални карактеристики, било тоа да е носот или очните капаци, во истовреме и твојот живот ќе стане поубав.

Стории за тоа како променето лице доведува до посветла иднина постојано се споделуваат на кинеските социјални медиуми од страна на младите Кинескињи:

美丽的外表,带来的不仅是生活的改变,还有自我的改变,祝福亲,美丽生活,美好人生

Убав изглед не само што ви го променува животот, туку и вашето внатрешно Јас. Бидете благословени, уживајте во убав живот и иднина.

以前都说,心态年轻,才能让外表保持年轻,这固然没错,但年轻的心态下必然是因为每天的心情都很美好,不管是生活在什么样的环境中,让自己心情好的方法很多,其中,欣赏自己一定是一个重要的且不可或缺的要素,你说一个一照镜子就心情不好的人,怎么可能生活的乐观,还能保持心态年轻呢?所以,年轻的心态和年轻的外表是相辅相成,互相影响的。
看着自己越来越年轻、越来越漂亮,谁还会管这是人工的还是天生的,至少我现在是很快乐的

Луѓето често велат дека останувајќи млад во духот ќе ве направи да изгледате помлади. Додека ова секако е точно, вие треба да сте добро расположени за да останете млади во духот. Има многу начини на кои можете да се одржите во добро расположение, но најважно е да се цените самите себе. Доколку некоја личност се гледа во огледало и се чувствува лошо, како таа личност може оптимистички да гледа на животот и да остане млада? Значи останувањето млад во духот и изгледот одат рака под рака.

Гледајте се себеси како станувате помлади, поубави, на кому му е гајле дали е тоа вештачко или природно? Барем сега сум навистина среќна.

Слични размислувања може да се најдат и на сајтот soyoung.com, платформа за услуги од пластичната хирургија која им овозможува на корисниците да ги прикачат нивните фотографии и да го опишат нивното искуство со пластичната хирургија во форма на онлајн дневник. Со платформата раководи агенција за услуги од пластичната хирургија која ги промовира хируршките процедури; таа ги поврзува домашните и странските доктори и болници директно со клиентите и им овозможува на клиентите да остваруваат онлајн консултации и да закажуваат услуги.

За две години, онлајн-до-офлајн платформата се здоби со повеќе од 600,000 регистрирани корисници и фасилитираше 2,000 установи за пластични хирургија во нивниот пристап до клиентите. Постојат барем 12тина други вакви слични платоформи кои и помагаат на индустријата во промоција на нејзините медициски услуги.

Моќта на маркетингот на социјалните медиуми

Убави модели во рекламите ја засилуваат стандардизираната азиска убавина — бела кожа, двојни очни капаци, висок и прав нос, овално лице, големи гради, долги и тенки бутини. И мобилните апликации кои овозможуваат да го менувате изгледот само го интензивираат искушението да се дојде до таа „посакувана“ убавина.

Идејата која индустријата на убавина се обидува да ја протурка е дека нема грди жени, туку мрзеливи жени кои не ги прават хируршките промени потребни за да се вклопат/конформираат. Но, овие операции не се секогаш успешни, а сепак не постојат слични платформи на социјалните мрежи посветени за споделување на овие неуспешни процедури.

Истражувачки извештај од Initium, платформа за вести базирана во Хонг Конг, открива дека индустријата за пластична хирургија користи моќни маркетинг тактити на социјалните мрежи за сузбивање на поплаките и за создавање на менталитет на стадо кај нивните потенцијални клиенти.

Во извештајот според еден анонимен пациент на познат хирург, нејзиниот доктор бил вмешан во хируршка грешка при процедура на „брусење“ на коска која довела до сериозен инвалидитет кај друг пациент. И покрај ова, маркетинг тимот за социјални медиуми на докторот успеале да ја убедат самата пациентка и други потенцијални клиенти дека веста е само малициозна гласина која ја шират неговите конкуренти. Пред изворот да одлучи за оваа процедура, таа се приклучила на групата на пациенти на докторот на платформата/социјалната мрежа QQ (Кју-Кју). Позитивните коментари, возбудата и подготвеноста на пациентите во прифаќањето на процедурата придонеле таа да ги занемари потенцијалните ризици кои би ги сносила.

Занемарен гласот на жртвите

Повеќето жртви на неуспешни пластични операции не сакаат да ги споделуваат нивните болни искуства бидејќи ретко наидуваат на прифаќање од јавноста. Следните коментари од жртви на неуспешни зафати со пластична хирургија, под блогот за животен стил Shanghaiist (Шангајска листа) кој пишува за серија протести во Сеул, Јужна Кореја, се типични:

Немам симпатија за луѓе кои наседнуваат на овие ‘супер ефтини’ шеми. Добро, пластичните хирурзи не се квалификувани како реалните хирурзи, но сепак треба многу труд и тренинг за да се работи ова, ако луѓето се скржави за тоа и се обидуваат да заштедат користејќи услуги на сомнителни хирурзи тогаш тие ги повредуваат чесните пластични хирурзи кои учат како правилно се работи и се добри во работата. Јас, патем ја мразам пластичната хирургија, но принципот се уште стои. Кина веројатно пати повеќе од било која богата држава со ставот ‘зошто да фрлам пари плаќајќи некој го всушност знае што прави.

Луѓето се раѓаат со одреден изглед и дефинирачки карактеристики. Дали со ова го негираат изгледот на нивните родители? Постои разлика помеѓу операција по незгода за поправање на козметичката штета и ова. Ова е бесполезно и штетно.

Дури и кога жртвите се доволни храбри да се соочат со острата јавност и да ја раскажат нивната приказна, нивните гласови често се задушени од маркетинг бизнисот на социјалните медиуми воден од профит. Дисбалансот на информации ги рефлектира негативните ефекти на моменталните политики за управување со интернетот во Кина, кои охрабруваат раст на онлајн бизниси, а во истовреме го сузбиваат развојот на виртуелните заедници, како што се оние посветени на феминизмот, граѓанските и потрошувачките права, кои реално можат да ги охрабрат луѓето да се изразат слободно.

Ајо Авокоја исто така придонесе за овој напис.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.