Хаштагот #РатитеМораДаПаднат во Јужна Африка се замени со #РатитеПаднаа. Но дали навистина се намалија?

Joe Slovo shack settlement. Image source: http://tokolosstencils.tumblr.com/

Дали младите кои живеат во сиромашните квартови како што е Џо Слово можат да си го дозволат високото образование во Јужна Африка. Извор на фотографијата: http://tokolosstencils.tumblr.com/. Искористено со дозвола.

Непосредно по протестите низ целата држава под мотото #РатитеМораДаПаднат кои ги „замрзнаа“ универзитетите ширум Јужна Африка, претседателот Џејкоб Зума се состана со студентските лидери во петокот, 23 октомври, и изјави дека ратите нема да се зголемат. Тој исто така вети дека ќе обрне внимание и на пошироките фактори кои влијаат на студентите како што се студентското домување и расизмот. Крајниот рок за испитите исто така беше продолжен за да се надомести за изгубеното време.

Владата во Јужна Африка имаше намера да ги зголеми ратите за партиципација на универзитетите во 2016 за некои 12 проценти. Студентите се спротиставија на зголемувањето, кое ќе оневозможеше на посиромашните Јужноафриканци да студираат на универзитетите. Протестите започнаа на Универзитетот Витватерсранд (попознат како Витс) минатата среда, 14 октомври, и се проширија низ цела Јужна Африка.

Хаштагот кој го користеа протестантите, #РатитеМораДаПаднат, стана организациска алатка за студентите и нивните поддржувачи. Керол Данверс ја забележа улогата на Твитер во успехот на протестите:

луѓето обожаваат да го исмеваат „интернет активизмот“ но без сајтовите на социјалните медиуми како твитер #РатитеПаднаа можеби никогаш немаше да се случи

— ˗ˏˋ blige ˎˊ˗ (@THECAROLDANVERS) 23 октомври, 2015

Сепак, и покрај изјавата на претседателот Зума, борбата се уште не е завршена, како што посочи претседателот на Советот на студенти и еден од лидерите на движењето #РатитеМораДаПаднат, Шаера Кала:

Веќе се прашувам што ќе се случи следната година, и таа после неа? Без посветеност кон бесплатно образование 0% зголемување на ратите не е победа.

— Шаера Кала #14окт (@shaeera_k) 23 октомври, 2015

Збунувачки хаштаг?

Се покренаа прашања во поглед на користење на хаштагот за прослава на изјавата за кревање на ратите од нула проценти, #РатитеПаднаа. Некои Јужноафриканци тврдат дека хаштагот е погрешен бидејќи ратите останаа исти и се превисоки за повеќето Јужноафриканци.

Летабо се прашува дали ратите навистина паднаа:

#РатитеПаднаа но дали навистина? Се уште не можам да си дозволам да дипломирам бидејќи еве, каде ќе најдам +/- R50 000 (3,000 евра)…?

— повеќе од Летабо (@CallMeAfriKa) 24 октомври, 2015

Тијаселани предвидува огромни кревања на ратите во 2017:

@sliez0 целосно си во право, ратите за 2017 ќе се зголемат за 20% следете го #РатитеПаднаа

— Тијаселани (@TiyaInnocent) 24 октомври, 2015

Лорд Занге Апосве ги потсети Јужноафриканците:

Ако навистина сте освестени нема да ги користите #ПартиципацијатаМораДаПадне или нема да верувате на #РатитеПаднаа . Универзитети се се уште скапи и недостапни за многумина

— Лорд Занге Апосве (@Mzo_XO) 24 октомври, 2015

Тој предупреди на збунувачките хаштагови:

Опасностите од борба преточена во хаштаг #РатитеМораДаПаднат уште еден хаштаг може да се креира за да се збуни широката јавност #РатитеПаднаа. Ратите се уште се високи.

— Лорд Занге Апосве (@Mzo_XO) 24 октомври, 2015

‘Ништо не е сменето’

Древан Баирд забележува:

Реалноста е дека #РатитеПаднаа се наметна на РатитеНеПаднаа. Ништо не е сменето; само нешто се спречи.

— Древан Баирд (@DrewanBaird) 25 октомври, 2015

Фариеда Кан идентификуваше нови области за фокусот на активистите во Јужна Африка:

#РатитеПаднаа и фокусот сега би требало да биде на #ANCGovt за ставање крај на #расфрлање #екстраваганции #лошаадминистрација #корупција НЕ барање повеќе профит!

— Фариеда Кан (@FaredaVandeKaap) 24 октомври, 2015

Голдман ги предупреди оние кои се залагаат за бесплатно образование:

Економија 1на1: „Бесплатно“ образование = бесконечна побарувачка. Сите сакаат бесплатни работи (дури и ако реално не можат да ги искористат!).#РатитеПаднаа

— голдман (@goldmanstokvel) 24 октомври, 2015

Гугз Шантел Нкоси ги изрази нејзините стравови:

Добро, ратите нема да се кренат, тоа е супер. Сега, компромитиран е квалитетот на нашето образование. Среќни сте сега? #РатитеПаднаа

— Гугз Шантел Нкоси (@Chantii_Lii310) 25 октомври, 2015

Протестите укажаа на важни лекции за активистите од другите држави од регионот, како што рекоа Бонифејс Мванги од Кенија и Елнатан од Нигерија:

Активистите можат да ги подобрат своите организациски вештини со научените лекции од #РатитеПаднаа. Моќта е во народот. pic.twitter.com/kWWpOIutKq

— Б (@bonifacemwangi) 24 октомври, 2015

Како што #РатитеПаднаа во Јужна Африка, здраво-разумското размислување продолжува да паѓа помеѓу младите во Нигерија. Возбудливи времиња во Африка.

— Елнатан (@elnathan) 23 октомври, 2015

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.