Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Модерните бразилски робовладетели не сакаат нивните имиња да се објавуваат на Интернет

793097358_8f0f9f2e2c_b

Рурален работник. Фотографија на корисникот на Фликр Цицеро Р.Ц. Омена. CC BY 2.0

Бразилската озогласена „црна листа на робовладетели“ ги идентификува компаниите кои се фатени како ги експлоатираат работниците со техники блиски на робовладетелството. Оформена во 2003 од бразилското Министерство за труд и вработување, листата во многу наврати содржела компании чии сопственици се познати бразилски политичари и бизнисмени.

Како надополнување на официјалната листа која ја објавува министерството, Бразилски репортер, водечката НВО во државата за заштита и пријавување на работничките права, редовно известува и потенцира за компании на таканаречената црна листа. Но, неодамнешна судска одлука може да ги промени овие напори кон транспарентност.

Во декември 2014, бразилскиот Врховен суд донесе одлука со која забранува на Министерството за труд и вработување да ја објавува листата на нивната веб-страница или да ја споделува со локалните медиуми. Оваа одлука дојде како одговор на случајот поднесен од Бразилската асоцијација на компании за развој на недвижен имот (БАКРНИ), во која таа тврдеше дека во Бразил недостига закон кој би го регулирал ажурирањето на таа листа, и дека работодавците се вклучуваат на неа без соодветна законска процедура, поткопувајќи ја пресумпцијата на невиност и нивното право законски да се спротистават на таквите обвинувања. Врховниот суд одлучи да го суспендира објавувањето на листата се додека случајот со БАКРНИ не е решен.

БАКРНИ се состои од најголемите бразилски изведувачи и холдинзи, а претседателот Рубенс Менин во пет наврати е фатен како искористува принуден труд во бизниси чиј сопственик е неговата компанија „MRV Engenharia“, која ја има на црната листа.

Месеци по одлуката на Врховниот суд, Министерството за труд и вработување создаде нова листа со истата содржина, поткрепено со бразилскиот Закон за пристап до информации. На 19 октомври, бразилскиот јавен обвинител Родриго Џанот објави официјален извештај поддржувајќи го објавувањето на листата од страна на медиумите. Дали оваа листа ќе остане или не, ќе покаже времето, но нејзините противници упорно се обидуваат да ја држат подалеку од очите на јавноста.

Во октомври 2015, нова судска одлука бараше од Бразилски репортер да ги избришат сите информации од нивната веб-страница за Моро Верде „Participações“ (Интереси), една од наведените компании на последната верзија на црната листа.

Пред принудното отстранување на информациите за компанијата, Бразилски репортер објавија дека Моро Верде „Participações“ С/А раководи со добиточна фарма во Ксингуара, во бразилската северна држава Пара. Во јануари 2014, властите пронајдоа и спасија 23 луѓе кои работеле на фармата во услови аналогни на ропство.

Членови на Бразилски репортер се загрижени дека овие два настани се поврзани. „[Ова] се случи бидејќи бразилската влада се покажа како неспособна во враќањето на регистарот на работодавци фатени како користат принуден труд“, рекоа тие во забелешка во која ја објаснуваат скорешната цензура. Во организацијата цврство веруваат дека транспарентноста на овие практики е критичен чекор кон добивање поголема корпоративна одговорност.

Аргемиро Де Азеведо Дутра, судијата кој раководеше со случајот, е од окружниот суд во Салвадор, главниот град во државата Бахиа. Моро Верде С/А исто така е регистрирана во Бахиа. Азеведо Дутра исто така е наведен на веб сајтот на Државниот законодавен совет како добиточен фармер, помеѓу другите занимања. Околу 40% од компаниите вклучени во последната листа беа од индустријата на говедарство, следени со дрварство (25%), земјоделие (16%) и градежништво (7%).

Веќе над 15 години, Бразилски репортер се залага за донесувањето на Закон против принудно работење, според кој, на било кој имот на кој ќе се открие дека е одржуван од принудна работа, ќе се направи експропријација од страна на државата. Законот е во последните чекори за негово донесување.

Се до неодамнешниве измени, црната листа беше веродостоен механизам со кој општеството вршеше притисок врз оние кои ги повредуваа правата на работниците. Битката помеѓу владата, граѓанското општество, компаниите и судовите за нејзиното враќање е далеку од завршена.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.