Филипини: Погледите на блогерите за сексуалното образование

Пчела оплодува цвет во Багуио, Филипини – на Jay Suasin на Flickr (користено со дозвола)

Оваа учебна година, филипинската влада реализира програма за сексуално образование во јавните училишта за децата и тинејџерите, поддржана од Обединетите Нации. Програмата за сексуално образование се спроведе во избрани училишта низ земјата и ќе вклучува теми како што се репродуктивното здравје, превенција од ХИВ/СИДА и семејно планирање.

Католичката црква изрази остро противење за програмата. Блогерите коментираат на темата.

Том Мартин прашува дали сексуалното образование треба да се реализира  “во училницата или зад некое дрво?”

Ниту еден родител нема да има апсолутна контрола врз местата каде неговите деца ќе учат за сексот и ми се чини дека еден мудар родител повеќе ќе сака неговите или нејзините деца  да бидат изложени на соодветно сексуално образование реализирано од наставници во контролирана училишна средина, отколку да учат за сексот од врсник позади дрво.

The Pinoy Catholic го пренесува официјалниот став на локалното свештенство и цврсто сугерира  дека сексуалното образование треба да им се остави на родителите.

Filipina Mom Blogger посочува дека не сите родители знаат како да разговараат за сексот со нивните деца:

“Не можеме да претпоставиме дека родителите знаат како отворено да разговараат со своите деца за сексот.  Некои можеби не се доволно едуцирани за да ја разберат анатомијата на репродукцијата и не успеваат да ги сфатат природните методи на контрацепција.”

The Catacomb препорачува сексуалното образование наместо на децата, да им се даде на родителите.

Зошто засега да не ги оставиме овие деца на мира…  Или можеби владата треба да се обиде да изготви закон за соодветно родителство, според кој на родителите ќе им се нудат соодветни обуки или симпозиуми кои ќе ги опремат со соодветното знаење за да можат правилно да ги водат своите деца како што тие растат.  Со ова не само што ќе се спречи изложувањето на децата на чувствителната тема за сексот туку на родителите ќе им даде подобра шанса да се поврзат со своите деца, минувајќи квалитетно време со нив, давајќи им го потребното внимание, љубов и нега…

The x-piles верува дека оние што се против сексуалното образование треба да тргнат против јавните медиуми.

Црквата го превидела вистинскиот виновник за наводната генерација на сексуални перверзници  – јавните медиуми. На телевизиските емисии и филмовите преовладуваат насилството и сексот и нив најмногу ги гледаат младите луѓе, но исто така и децата.. Сите тие имаат капацитет да ја сменат моралната перцепција кај младите мозоци кои сеуште се развиваат, ставајќи ги во конфузија затоа што е добро, а што лошо.

Во меѓувреме, Quod Dixit Dixit ги преиспитува мотивите на владата за имплементирање на програмата.

Не ми е јасно дали чекорот на владата поттекнува од идејата дека пренаселеноста е една од  основните причини за сиромаштијата која ги поткопува Филипините, па мора да се стави на понизок степен.  (Напомена: Јас секогаш претпоставувам дека основната причина за сиромаштијата во државата се митото и корупцијата и несмалената злоупотреба и уништување на околината и природните ресурси.)

Женската групација  Gabriela на програмата гледа како на   чекор кон вистинската насока.

Меморандумот Бр.26 на Одделението за образование  (DepEd) кој дозволува користење на  наставни модули за сексуално образование, може да биде позитивен чекор, гарантирајќи дека DepEd ќе реализира интензивен процес на консултации со најразличните заинтересирани страни пред целосната имплементација.  Ова ќе обезбеди програмата да не се реализира механички и сите аргументи да бидат слушнати. GABRIELA, Женската партија Габриела и  SALINLAHI се спремни да станат дел од консултативниот процес и да го споделат своето огромно искуство во половото и сексуалното образование кај децата и родителите.

Даки Паредес, сепак верува дека  со назначувањето на отец Армин Луистро FSC  за Секретар на образованието во новата администрација на Аквино  програмата е исто како мртва .

Дали ова е крај на програмата за сексуално образование финансирана од Обединетите Нации за намуртените јавни училишта? Најверојатно. Не можам да видам како еден христијански брат може да поддржи сексуално образование во основните и средните училишта ако го имам во предвид фактот дека многу од католичките цркви веруваат дека да се изложат учениците на тоа да учат за сексот и сексуалноста  сигурно ќе доведе до несакани бремености.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.