Неодамнешното убиството на една жена од страна на наводниот татко на нејзиното бебе, воедно перспективен млад бразилски голман, беше во центарот на вниманието на медиумите, шокирајќи ја земјата, заради нивото на насилство со кое се изврши убиството. Во исто време, институтот Зангари [португалски], научен институт со седиште во Сан Паоло, ја публикуваше Мапата на насилство во Бразил [португалски] за 2010 наведувајќи дека во земјата секој ден се убиени по 10 жени. Неизбежно, блогосферата го спои овие факти и осудувањето на таквите злосторства стана жешка тема, надвор од сензационалистичкото емитување на традиционалните медиуми кои беа ограничени на криминалот на фудбалерите.
Според Nilcéa Freire, претставничка на женската политичка линија, насилството врз жените во голем степен се игнорира од страна на медиумите [португалски]:
„ Кога има случаи, кои што главно се поврзани со некоја славна личност и стигнуваат до вестите, општеството разбира што се случува секојдневно и тоа не се појавува во весниците. Жените се силувани и секојдневно третирани нееднакво“.
Свесни за ова, групата за жените како што е Pão e Rosas [Леб и рози, португалски], прашува колку вакви случаи треба да се случат и ги повикуваат обесправените жени да се организираат во училиштата, соседствата и на работните места.
„Мораме да бараме засолништа за жените кои се жртви на насилството како и за нивните синови и ќерки, субвенционирани од државата, но да се под контрола на самите жртви од насилство, на организации и синдикати на жени независни од државата, од здруженијата, од полицијата и од црквата“.
Случаите на насилство врз жените во Бразил не се еднолични. Од една страна, во 50 области на земјата, бројот од 10 убиства на 100.000 жители е надминат, а од друга страна, повеќе од половина од градовите не пријавуваат никакви убиства. Споредувајќи ги Бразилските држави разликите се подеднакво изненадувачки:
Espírito Santo, прво место во рангирањето, брои 10,3 убиства на жени на секои 100.000 жители. Во Маранхао – 1,9 убиства на секои 100.000 жители. „Резултатите покажаа дека концентрацијата на убиства во Бразил е огромна. Тешко е да се изнајде шема која што би ни дала објаснување за причините “, вели истражувачот Julio Jacobo Wiaselfisz, автор на студијата.
Во последните 10 години, повеќе од 41.000 жени од сите социјални класи се убиени на возраст помеѓу 18 и 30 години, често нивните деца биле сведоци на настаните, а доста често и самите тие станувале жртва на насилствата [португалски]. Недостатокот од служби за подршка во кризни ситуации беше потенциран како една од причините поради која напаѓачите остануваат неказнети и покрај законот Maria_da_Penha, изгласан во 2006, кој обезбедува заштита на жените после поднесена жалба и гарантира дека напаѓачите ќе бидат казнети. Како и да е [португалски], новиот закон не го спречи убиството на фризерката Maria Islaine de Morais, која беше убиена во Јануари, пред камерите, од страна на нејзиниот бивши маж, против кого имаше поднесено 8 жалби.
Всушност, повеќето жртви се убиени од страна на роднините, сопрузите, момчињата или други мажи кои можеби ги одбиле [португалски].
Овие случаи се предизвикани заради одбивање на сексуален однос или раскинување на врска. Во 50 % од нив мотивот бил квалификуван како јалов, како случаите кои резултирале поради домашни расправии. 10 % се убиства од страст, поврзани на пример со љубомората и 10 % се поврзани со користење или продавање на дрога.
Корените на насилството се осудени како наследство на женомрзието кое што ја карактеризира бразилската култура:
Сапунските опери кои го прикажуваат насилството врз жените всушност ја откриваат сета бруталност врз бразилската жена. Внатрешноста на бразилското женомрзие е откриена; реалноста која ја криеме под сантата мраз е откриена. Бројките на криминалот се толку големи што се плашиме и прашуваме дали вакви дела се направени од страна на човечки суштества!
Според блогерот Flávia D. [португалски], жените исто така се дел од проблемот. Тие често го прифаќаат и се приклучуваат кон улогата на жената во општеството подметнати под мажите и многу често се први кои посочуваат со прст на жените кои се однесуваат на начин кој тие го сметаат за несоодветен, намалувајќи ја дури и несвесно акцијата на сторителот. За Barbarelas [португалски], блог посветен на борбата против секаков вид на насилство, за да се стави крај на насилството врз жените, неопходно е да се соедини општеството.
Насилството врз жените и девојчињата е нетолерантно, ја повредува човечката свесност и ги крши човековите права. Влијае на здравјето, ја намалува возрасната граница и квалитетот на животот на жените. Бразил, како земја потписничка на Меѓународниот документ за правата на жените и имајќи национално законодавство на кое се повикува, не смее да остане нема и да занемарува. Ние очекуваме секоја орган да дејствува. И дека општеството, движењето на жените и мажите за половата еднаквост, ќе протестираат против манифестирањето на културната уназаденост, женомрзието и злоставувањето.
На жените на кои им е потребна помош можат да се јават на телефонскиот број 180 и да пријават било какво насилство или негрижа од властите во однос на нивните поплаки и случаи. Информациите се извлечени од блогот Contra Machismo кој преку постови ги потсетува читателите дека насилството врз жените се случува секојдневно.
Прочитајте ги поврзаните статии Brazil: The Violence Against Women Debate напишани од Diego Casaes во серија од специјални постови на Global Voices за да ја подигне свеста и гласот наоколу The International Day for the Elimination of Violence Against Women (Ноември 2009).