Global Voices ја најавува инвестицијата од мрежата Омидјар

Со задоволство ви најавувам дека мрежата Омидјар ивестираше 1.2 милиони долари во работата на Global Voices. Омидјар е филантропска фондација, креирана од основачот на eBay, Пјер Омидјар и неговата жена Пам, со цел да се подобрат животите на луѓето преку „спрегнување на моќта на пазарите“. Омидјар досега има поддржано неколку од организациите на кои им се восхитуваме најмногу –  Фондацијата Викимедиа , Криејтив Комонс, Ушахиди, WITNESS – и ние сме исклучително почестени што сме дел од „класата“ која ги вклучува британските организации за транспарентност MySociety и кенијската дружина за политичка сатира The XYZ Show.

Омидјар е позната по тоа што, ги предизвикува оние на кои им помага со парични средства, да се движат кон финансиска стабилност, пат кој ние веќе го имаме поставено како висок приоритет во организацијата. Со поддршката од Омидјар, планираме да ја зголемиме читателската публика он-лајн или преку е-мејл, да склучиме договори за соработка (како оние кои ги имаме со La Stampa и Reuters) со најмалку пет нови партнери и да почнеме да создаваме оригинални содржини на француски, шпански и исто така, на англиски јазик.

Финансиската поддршка од Омидјар исто така ни помага да ја комплетираме инфраструктурата, неопходна за водењето на нашиот комплексен меѓународен тим. Уредниците и поддржувачите на GV  се наоѓаат на секој континент освен на Антарктикот, а нашиот раководен тим е расеан низ целата земјина топка. И бидејќи сме настојуваме да бидеме виртуелна организација без канцеларии и полни сали, треба да се соочиме со многу практични и административни предизвици за да бидеме во можност да продолжиме да ги прошируваме и да ги споделуваме гласовите на граѓаните низ целиот свет. Секој оној што има работено во непрофитна организација може да разбере дека е најтешко да се соберат пари за да се поррджат сите оние „непривлечни“ активности – особено сме благодарни за инвестицијата на Омидјар во целокупната наша организација, а не само во поединечен проект.

Навистина сме возбудени со овие нови случувања и за блиската соработка со нашите пројатели во Омидјар, особено со Стивен Кинг, одоговорен директор за инвестициите во Омидјар. Подоцна оваа година, ќе го прошириме нашиот oдбор на директори со два нови члена, вклучувајќи го Стивен и еден трет претставник кој ќе биде избран од нашите вработени и заедницата на волонтери. Им благодариме на Омидјар и на сите наши прекрасни поддржувачи – што ја прават оваа заедница возможна.

Со преводот на овој текст помогна Јасна Трандафиловска

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.