Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бахреин: Ја изгаснав цигарата!

Со приближувањето на муслиманскиот свет месец (месец на постење) Рамадан, бахреинскиот блогер  Tawfeeq Al Rayash со еден удар убива две муви. Тој пости веќе три месеци, а се откажа и од пушењето откако за тоа го освести ќерка му.

Блогерот објави:

قررت أن أبدأ صيام ثلاث شهور متواصلة رجب شعبان ورمضان ، وهذا القرار لا يرجع الى اي جزاء أو كفارة !!! بل هو رغبة طالما راودتني منذ سنين ولكن لم تكن الظروف مواتية حيث كان السفر عائق لمواصلة اي صيام. إلا أن هذا الصيام جاء في أشهر شديدة الحرارة والرطوبة …. ربي يصبرني !! وإتخذت معه قرار كبير جداً في حياتي وهو التوقف نهائيا عن التدخين ، لمن لا يعلم فأنا مدخن شره (عشرون سيجارة في اليوم) ولمدة ١٨ سنة متواصلة يعني الرئة راحت عليها
Одлучив да постам три месеци без прекин - Раџаб, Шабан и Рамадан. Оваа одлука не ја донесов како казна или санкција во знак на покајание!! Со години имав желба да го направам ова, но ги немав потребните услови бидејќи моите патувања претставуваа пречка. Сепак, мојот пост доаѓа во најжешките и највлажните месеци. Го молам Алах да ми даде трпение! Заедно со оваа одлука, донесов друга многу важна одлука во мојот живот, а тоа е засекогаш да се откажам од пушењето. За оние кои не ме познаваат, јас бев страстен пушач (20 цигари на ден) во изминативе 18 години, а тоа значи дека моите бели дробови доста настрадале.

Многу побожни муслимани постат три месеци, вклучувајќи го и Рамадан, како дополнителна форма на обожување.

Al Rayash исто така објаснува зошто ја донел одлуката засекогаш да ја изгасне цигарата велејќи:

ويعود السبب الرئيسي للقرار الأخير هو أن إبنتي الصغيرة وإبنتة خالها توقعو موتي اذا استمريت في التدخين !!! وعليه جاء هذا القرار ولكن ليس بسبب الخوف من الموت بل لأن إبنتي بدأت تشاهدني وأنا ادخن !!! حيث إنني وطوال فترة تدخيني لم اتجرأ ….إحتراماً وليس خوفاً من أن أدخن أمام ابي أو أمي ولم إدخن داخل بيتي ، قررت أن أترك التدخين خوفاً من إنتقال هذه العادة الى الجيل القادم من سلالتي

فلاتنسوني من الدعاء

Главната причина која ме натера да ја донесам последната одлука е тоа што мојата најмала ќерка и нејзината роднина очекуваа дека ако не прекинам со пушењето брзо ќе умрам!! Затоа решив да се откажам – не дека се плашам од смртта, туку поради тоа што мојата ќерка ме гледаше како пушам!! Сите години додека пушев, ниту еднаш не се осмелив да запалам цигара пред моите родители ..не поради страв, туку поради тоа што ги почитував. Исто така, никогаш немам пушено внатре во куќата. Решив да го оставам пушењето бидејќи се загрижив дека оваа навика може да се пренесе на следната генерација.

Не заборавајте да ме споменете во вашите молитви.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.