Денес изутрина хрватската полиција разби мирен протест против узурпирањето на јавен простор во центарот на Загреб, при што уапси најмалку 11 граѓански активисти. Твитер фидот со името на улицата #Varsavska послужи како главен извор на информации и фотографии од лице место.
Граѓанските асоцијации Право на град и Зелена акција ја блокираат Варшавска улица со месеци (англиски) со цел да го спречат уништувањето на јавниот простор во пешачката зона во строгиот центар на Загреб со цел да се изгради рампа за подземната гаража на приватен трговски центар (хрватски). Нивните напори ги поддржуваа илјадници граѓани кои доаѓаа на бројните протести и културни настани организирани во бранетиот јавен простор.
Изутринава полицијата уапси дел од организаторите на протестите со цел да овозможат градежни работници да исечат „непожелни“ стебла. Учесникот на протестот tmedak твитна (хрв.):
Вести од марица: 11 луѓе се уапсени поради пасивен отпор #Varsavska
Тој исто така објави и фотографија на полицајците неколку моменти пред почетокот на „спроведувањето“. Други учесници и сведоци користеа телефонски повици, Твитер, Твитпик и јФрог за да споделат итни информации и фотографии од настанот.
Корисникот на Твитер topssy го документираше настанот преку фотографии:
- распоредот на протестантите кои го блокираат сообраќајот во оближните улици
- формирање на полицискиот кордон и подготовки
- видео-надзор на лице место
- полицаец им попува на луѓето што протестираат дека „попречување на полицијата е кривично дело“
- и процедурата на апсење
Infopunkt објави видео клипче од местото на Јутјуб
Корисникот на Твитер krunovidic обрна внимание (хрв.) на селективната употреба на сила во случајот:
Очекувам полицијата да го стори истото наредниот пат кога селаните ќе блокираат пат и дека ќе ги користи истите методи како со екипата од #Varsavska
Македонскиот блогер Андреј исто така ја прошири веста [мак.] и постави линк до видео во живо [хрв.] користејќи ги како пример за тоа како граѓаните треба да се борат за своите права.