Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Палестина: Работилници ги инспирираа блогерите во Газа и на Западниот брег

Неодамна, директорот на Програмата за поддршка на Глобал Воисес, Сами Бен Гарбиа, реализира серија на работилници за блогирање во Газа и на Западниот Брег. Работилниците беа организирани од Arabic Media Internet Network (AMIN), чија цел е зголемување на бројот на блогери во палестинското општество.

Десетици палестински блогери и други луѓе кои се интересираат за блогирањето, во текот на една недела, секој ден се состануваа  во Газа, а друга недела на Западниот Брег, со цел да научат сѐ што можат за начинот на кој новите веб технологии можат да им помогнат на луѓето да се слушне нивниот глас.

Темите кои се обработуваа вклучуваа: користење на интернет алатките за застапување и слобода на говорот, со примери од целиот свет, безбедноста и приватноста додека се блогира или се користи интернетот и вкрстено постирање.

Блогерите  Нур Ел Кудару и Назек АбуРама напишаа заеднички пост на  AlJazeeraTalk за една од работилниците на Сами во Газа:

تواجدنا في إحدى هذه الدورات التي كانت بعنوان : “معاً نحو خلق ثقافة تدوين تسعى للتغيير” واستمرت لمدة يومين في مدينة غزة، أثرى خلالها بن غريبة عقول المدونين بكثيرٍ من المعلومات والإرشادات والنصائح والتجارب الغنية التي سردها، فحفز هممهم نحو تدوينٍ فعالٍ ومؤثر .
Се најдовме на една од овие работилници која се викаше “Промовирање на блогирањето и граѓанското новинарство за социјални промени” која траеше два дена во градот Газа, на која што Бен Гарбиа ги збогати умовите на блогерите со многу информации, насоки и совети како дополнување на големото искуство што тој го пренесе. Блогерите беа охрабрени да блогираат активно и ефективно.
Workshop by Sami Ben Gharbia

Работилница на Сами Бен Гарбиа

Абу Ел Шариф, друг блогер од Газа на својот блог напиша:

من أكم من يوم، كنت محظوظ كفاية إنو اخد دورة في مجال التدوين و هي ” استخدام التدوين من اجل المناصرة” مع المدون التونسي سامي بن غريبة، و كان اشي قوي انو اللاقي الاثبات الحي انو انتا قادر على التغيير عن طريق كتباتك، يعني لو انتا بتستخدم الادوات اللي عندك بطريقة صح، ممكن جدا يكون الك ضلع بتغيير اشي بتشوفوا كل يوم و ما بعجبك، و بشوفوا غيرك و ما بعمل اشي عشان يغيروا !
و زي ما حكى سامي و اللي بلخص الوضع بغزة كالتالي :
” خلاصة تجربتي و حواراتي مع نيرة أهل غزة: الحصار الأكثر ضررا هو الحصار العقلي، غزة لا تحتاج أغذية و شكلاطة وأدوية بل تحتاج عقولا و كوادر و كتب”
Пред неколку дена, имав среќа да присуствувам на работилница за блогирање наречена “Блогирање за застапување”  со тунискиот блогер Сами Бен Гарбиа. Навистина беше моќно да се види вистински доказ дека можеш да промениш нешто преку твоето пишување. Тоа значи дека ако ги користиш алатките кои ги имаш на вистинскиот начин, тогаш е можно да успееш да помогнеш да промениш нешто што го гледаш секој ден и не ти се допаѓа, а другите го гледаат, но не прават ништо околу тоа!
Како што Сами кажа, сумирајќи ја ситуацијата во Газа:  “Да го резимираме моето искуство и  дискусиите со просветлените луѓе во Газа, најштетната опсада е интелектуалната опсада. На Газа не и се потребни храна, чоколада или лекови, потребни и се интелектуалци, квалификувани луѓе и книги.”

По завршувањето на работилниците, беше остварена видео конференција помеѓу блогерите од Газа и од Западниот брег. Ола Анан беше една од блогерите кои зедоа учество во Газа и подоцна таа напиша:

الحوار كان ثريا وممتعا.. اختلفنا احيانا واتفقنا احيانا اخرى

تحدثنا عن تجاربنا مع التدوين.. وقارنا بيننا وبين من سبقونا في المدونين العرب

Разговорот беше богат и пријатен. Некогаш се согласувавме, а некогаш не.Разговаравме за нашето искуство во блогирањето… и се споредивме со оние помеѓу арапските блогери кои нѐ имаат надминато.

Ола завршува велејќи:

لكم أن تتخيلوا شعوري وسعادتي بهذا اليوم … سيصبح عمر مدونتي تقريبا اربع سنوات .. ولأول مرة اشعر ان ما افعله له قيمة أو من الممكن ان يكون له قيمة على ارض الواقع
Можете само да си ги замислете моите чувства и мојата среќа во овие денови… Мојот блог е стар скоро 4 години и за прв пат чувствувам дека правам нешто вредно или нешто што има можност да стане вредно.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.