Значајни статии за Косово
Написи за Косово
„Не го барав тоа“: Четири жени се борат против родовото насилство во Босна и Херцеговина
Спонтаната одлука да основаа страница каде жените ќе може анонимно да ги споделуваат своите искуства од сексуални напади и малтретирање доби реакции над сите очекувања на активистките.
Љубителите на стрипот и колегите се простија од починатиот италијански стрип-мајстор Џовани Романини
Романини беше почитуван како долгогодишен соработник на починатиот легендарен автор на стрипови Магнус.
Како Русија влијае врз српските медиуми
Благонаклонетите перцепции кон Русија и политиките на Кремљ се резултат на одржливо долгорочно вложување во пропаганда, што исто така влијае на пошироката медиумска сфера во соседните балкански земји.
Истражување на ХРВ утврдува сериозни закани по слободата на медиумите во земјите од Западен Балкан
По речиси една година истражување во регионот и длабински интервјуа со над 80 новинари, уредници и сопственици на независни медиуми, Human Rights Watch (Хјуман рајтс воч) објави извештај во јули 2015 тврдејќи дека слободата на медиумите во Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија е под закана. Заклучоците во извештајот вклучуваат неказнување и...
Списоци на затвореници будат сеќавања на Информбирото во бившите југословенски републики
Објавувањето на списоците на затвореници од Голи Оток, жртви на комунистичките чистки од периодот 1949-56 г. разгоре дебати и отвори стари рани низ бившојугословенските простори.
DIY Галаксија компјутер, темел на српската ИТ индустрија, наполни 30 години
Компјутерот Галаксија (Galaxy), изработен во 1983 од пронаоѓачот и автор Воја Антониќ, заедно со деталните инструкции за секој кој ќе сака да состави компјутер од стандарнди делови дома, е нешто легендарно од бивша Југославија. „Направи сам“ компјутерот можеби не можел да им парира на квалитетот или развиената технологија на компјутерите во тоа време,...
Претставување на балканските малцинства
Петнаесет млади новинари од шест различни земји објавија серија лични стории за претставници на разни видови малцинства од Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Македонија. Приказните се достапни на англиски, германски и француски на веб-сајтот „Соочи се со Балканот“.
Косово: Фестивалот за стрип и карикатура во Призрен
Македонската уметница Весна Ничевска-Саравинова блогираше (на англиски) за нејзиното учество на фестивалот за стрип во Призрен, организиран од Здружението на косовски стрип-уметници Џенет комикс (алб.). Еди Ребел извести дека 4 од 15 претставени уметници на фестивалот биле од Македонија, покрај колегите од Италија, Турција, Кипар, Франција, Косово, Бугарија и Босна.
Хрватска: 2,8 милиони „неподобни“ книги уништени во деведесеттите
Во студијата „Книгоцид“, Анте Лешаја го документирал процесот на „чистење“ „неподобни“ книги од хрватските училишни и јавни библиотеки од страна на десничарската влада на ХДЗ во деведесеттите. Според интервјуто со проф. Лешаја во Јутарњи лист, „отпишувањето“ според идеолошки и етнички критериуми опфаќало книги „напишани на кирилица, на екавица, книги од...