Неодамна беше објавен првиот број на Хаемус, ново академско електронско списание посветено на историјата и археологијата на Балканскиот Полуостров, кое исто така, опфаќа широк спектар на поврзани интердисциплинарни проучувања. Списанието е публикувано под една од лиценците на Криејтив Комонс и го следи принципот за слободен и отворен пристап на информации.
Списанието Хаемус е публикација на „Хаемус“ – Центарот за научно истражување и промоција на културата, со седиште во Скопје, Република Македонија. Издавачите се надеваат дека сериозниот и темелен пристап како и квалитетот на статиите, ќе предизвика интерес во академската заедница овозможувајќи да се воспостави долготрајна и ефикасна научна соработка.