Списоци на затвореници будат сеќавања на Информбирото во бившите југословенски републики

Неодамнешното објавување на списоци на затвореници од Голи Оток, жртви на комунистичките чистки од 1949 до 1956 година, разгореа заспани дебати и отворија некои стари рани низ сите бивши југословански републики.

Голи Оток е хрватски остров користен како затвор во текот на ткн. „Ера на Информбирото“ (анг. “Informbiro era”)- конфликтот меѓу комунистичките раководства на Југославија и Советскиот Сојуз по Втората светска војни. За многу Југословени, „Титовото историско ’Не!‘ за Сталин“ (в. Tito-Stalin split) беше извор на гордост, особено поради тоа што ја зацврсти позицијата на земјата како посредник меѓу Западниот и Источниот Блок. Официјалното објаснение за чистките кои биле дел од овој судир е дека биле насочени кон „просоветските комунисти“. Според жртвите и дисидентите од тоа време, тоа често било изговор на властодржците да им наштетат на оние кои не им се допаѓале од било која причина, така што луѓе со различни политички побуди завршувале во овој логор.

Prison area of Goli Otok. Photo by Wikipedia (CC BY-SA).

Напуштената зона на затворот на Голи Оток. Фото од Википедија (CC BY-SA).

Во текот на последните два месици од 2013 година, хрватскиот портал „Нови пламен“ објави два списоци составени од УДБА (југословенската Управа на државна безбедност) најдени во хрватскиот Државен архив – списокот со 413 лица (хрватски) кои умреле во логорот и список со сите 16.101 затвореници (хрв.) кои отслужувале затворски казни таму. Вториот линк беше многу споделуван по социјалните мрежи и потоа преку портали за вести на подрачјето на бивша Југославија.

Scan of the second page of Goli Otok prisoner list, displaying names, birthdates and codes for municipality, ethnicity, type of crime, dates of start and end of emprisonment... Published by Novi Plamen.

Скан од втората страна на списокот со затвореници од Голи Оток. Прикажани се имиња, датуми на раѓање; кодови за општина, етничка припадност, вид на престап, почеток и крај на престојот во затворот… Објавено од Нови пламен.

Словенечкиот десничарски блогер Павел забележа (на словенечки) дека објавувањето на списоците коинцидира со неодамнешната (9.12.2013) смрт на Јово Капичиќ (на српски) кој наводно бил раководител на Голи Оток. Во интервју дадено во август 2013 година, самиот Капичиќ, кој бил Србин, изјавил (срп.) дека мнозинство од затворениците биле Срби.

Корисникот на твитер @flusteredcooler исто така искоментирал (срп.) за ова прашање. Имено, додека луѓето од разните бивши југословенски републики често тврдат дека нивните сонародници го сочинувале мнозинството од осудениците на Голи Оток, тој забележал:

Легендата вели дека на Голи Оток најмногубројни биле Црногорците? Според списоците може да се види дека тоа била Југославија во мало.

Еден од највозрасните членови на македонската блогосфера и борец од НОБ, Був, на својот блог пренесе објава од Здружението Голи Оток, преку која жртвите на овој прогон препорачуваат внимателност во дискусиите за списоците и нудат консултации од прва рака за сите заинтересирани:

Темата за „голооточаните“, „информбировците“ затвореници што ја издржувале казната во логорот Голи Оток е дел од пошироката историска тема за конфликтот меѓу СССР и СФРЈ. Не може да се зборува за казнениците на Голи Оток, без да се разгледуваат во комлесот на историските збиднувања.

Независно од тоа колку биле свесни/идејно свесни за својот однос кон конкретните настани,учесниците во збиднувањата, што подоцна се нашле на Голи Оток, се учесници во еден политички судир кој има исклучително историско значење, за нив, за нивната земја, за пошироките светски движења.

Ова отклонување го направивме за да обрниме внимание на оние лесно искажани карактеристики што се даваат по повод на објавените списоци за голооточаните/информбировците/ и во други прилики. Без да се има во вид поширокиот контекст на случувањата, може паушално да се кажува сè и сешто. Важноста на историската проблематика бара сериозен пристап.

Здружението Голи Оток, меѓу другото, ја има и таа задача да ја објасни, документира, да ја покаже историската вистина за настаните во кои независно од нивната волја се нашле и овие страдалници, што така строго ги казнила историјата.

Настаните поврзани со ерата на Информбирото имаат оставено длабоки трауми во колективната свест на жителите на бивша Југославија. Дел од тие чувства уметнички се пренесени преку популарните култни филмови „Татко на службен пат“ (1985) од тогаш младиот босански/српски режисер Емир Кустурица и „Среќна Нова ’49“ (1986) од македонскиот режисер Столе Попов.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.