Значајни статии за Белорусија
Написи за Белорусија
Хрватските граѓани и бизниси искажуваат поддршка за Украина на различни начини
Присутните вееја украински и хрватски знамиња и извикуваа слогани. Дел од паролите вклучуваа и фотографии, со кои ситуацијата во Донбас денес се споредуваше со последиците од опсадата и бомбардирањето на хрватскиот град Вуковар во 1991 година.
Нов документарец фрла сенка на полициската истрага за убиството на новинар-дисидент во Киев
Извештајот од новинарска истрага го поставува прашањето за улогата на украинските власти во заглавената истрага за атентатот врз новинар-дисидент убиен во Киев минатото лето.
Украина, Белорусија: Споменици за жртвите на Холокаустот
Помнењето во војна (Memory At War) објави англиски превод на текстот од Андриј Портнов за пост-советските споменици на жртвите на холокаустот, оригинално напишан на руски.
Белорусија: Виновни заради роднински врски
Корисникот на Лајв џрнал (LJ) будимир тврди (на руски) дека Михаил Мјасникович, премиерот на Белорусија, на средба со раководители на компании објавил дека сите учесници на протестите против режимот на Лукашенко и членовите на нивните семејства ќе бидат отпуштени од работа – мерка која блогерот „ја поддржува“.
Белорусија: Уредникот на Charter97.org пронајден мртов
Алех Бјабенин, белоруски новинар, основач и уредник на водечкиот опозициски веб-сајт Charter97.org, бил пронајден мртов овој петок. Имал 36 години. Кратката вест нз Charter97 за смртта веќе има 193 коментари, повеќето со изрази на сочуство.
Централна и Источна Европа: Слобода на Балканот; Рестрикции за визи
Ари Русила на својот блог AriRusila’s BalkanBlog ги разгледува резултатите за Балканот од истражувањето за слобода во светот на Freedom House, а на AriRusila's BalkanPerspective на Blogactiv.eu пишува за индексот на рестрикции за визи во истражувањето направено од фирмата Henley & Partners, истакнувајќи ги резултатите за земјите од Централна и...