Написи за Косово
Косово: Фестивалот за стрип и карикатура во Призрен
Македонската уметница Весна Ничевска-Саравинова блогираше (на англиски) за нејзиното учество на фестивалот за стрип во Призрен, организиран од Здружението на косовски стрип-уметници Џенет комикс (алб.). Еди Ребел извести дека 4 од 15 претставени уметници на фестивалот биле од Македонија, покрај колегите од Италија, Турција, Кипар, Франција, Косово, Бугарија и Босна.
Хрватска: 2,8 милиони „неподобни“ книги уништени во деведесеттите
Во студијата „Книгоцид“, Анте Лешаја го документирал процесот на „чистење“ „неподобни“ книги од хрватските училишни и јавни библиотеки од страна на десничарската влада на ХДЗ во деведесеттите. Според интервјуто со проф. Лешаја во Јутарњи лист, „отпишувањето“ според идеолошки и етнички критериуми опфаќало книги „напишани на кирилица, на екавица, книги од...
Балкан: Онлајн платформа за следење на извештаи од области погодени со рекордните снежни врнежи
Од минатата година, Балканот беше погоден од големи снежни бури, какви што немало повеќе од цела деценија. Даница Радишиќ известува за неколку релевантни иницијативи покренати од онлајн заедницата во регионот, меѓу кои и новата платформа на Ушахиди за следење верифицирани информации за попречувања на сообраќајот, дефекти на електричната мрежа и други клучни информации од регионот.
Македонија: Глорификација на ајварот
На нејзиниот блог на англиски Јована Тозија со љубов пиша за правењето ајвар, традиционална зимска храна во Македонија и неколку други пост-Османлиски земји.
11-11-11: Грабнете ги вашите камери и овековечете го животот
Само неколку дена до 11/11/11, датум на кој луѓето ширум светот ќе ги снимаат своите животи преку филм и музика. Учествувајте во Проектот 11 единаесет и Еден ден на земјата за да го оставите вашиот белег врз светот. CCBY од НАСА Годард фотографија и снимка Глобал Војсис Онлајн се здружи...
Косово, Србија: Премиерот на Косово обвинет за трговија со човечки органи
ЖОЛТАТА КУЌА Дали знаете што е „Жолта Куќа“? Дали некогаш сте слушнале за тоа? Во истата година кога Косово стана независно, 2008 година, Карла Дел Понте, поранешен обвинител во Меѓународниот криминален трибунал за поранешна Југославија, ја објави (во Србија) нејзината контроверзна книга „ Лов: јас и воените злосторници“, во која...
Централна и Источна Европа: Првични реакции по објавувањето на тајни документи од страна на Викиликс
Додека другите региони беа многу по забележителни во собирањето на тајните телеграми од амбасадите на САД кои досега беа објавени од Викиликс, неколку земји од регионот на Централна и Источна Европа допрва се појавуваат. Подолу има мал дел со првични реакции на блогери од регионот. Словенскиот блог „Piran Café” ги...
Македонија: Остатоци од југословенското наследство
Сеад Џигал ги потсети читателите дека по „смртта“ на доменот .yu (српски) во март, терминот „Југославија“ официјално, службено и интернационално остана да живее само на две места: во референцата бивша југословенска република Македонија и Судот за воени злосторства за бивша Југославија, што не личи како некое добро друштво.
Балкан: Сличности помеѓу Фејсбук и Комунистичката партија на Југославија
Дискусија за сличностите помеѓу начинот на кој функционира Фејсбук и Комунистичката партија на Југославија.
Унгарија, Србија: Трагедија на границата
Овој викенд неколку унгарски и српски медиуми го посочија дневниот весник на Приштина, Коха Диторе (албански) дека има конкретни информации за нелегално преминување на границата овој месец. На една унгарска веб-страница лоцирана во Србија, Magyar Szó (унгарски), стои дека, според Коха Диторе, Исмет Р., осомничен за илегално пренесување на група...