DIY Галаксија компјутер, темел на српската ИТ индустрија, наполни 30 години

Voja Antonić and his colleague Jova Regasek putting together the Galaksija prototype in 1983. Public domain.

Воја Антониќ и неговиот колега Јова Регасек составувајќи го првиот прототип на Галаксија во 1983.

Компјутерот Галаксија (Galaxy), изработен во 1983 од пронаоѓачот и автор Воја Антониќ, заедно со деталните инструкции за секој кој ќе сака да состави компјутер од стандарнди делови дома, е нешто легендарно од бивша Југославија. „Направи сам“ компјутерот можеби не можел да им парира на квалитетот или развиената технологија на компјутерите во тоа време, но ја инспирирал земјата и генерацијата да навлезе подлабоко во ИТ индустријата која што била на почеток на развивање во светот. 

Како што вели легендата, во летото 1983, младиот новинар Воја Антониќ кој и се воодушевувал на технологијата и науката, летувал во Црна Гора. Во тоа време, набавувањето на компјутери и слични машини во Југославија за обичниот граѓанин било скоро невозможно заради комплицираните закони за царина и лиценци, а таквата технологија во 1980тите не била ни ефтина. Стандарден компјутер во 1983 година чинел околу една просечна плата на југословенски работник, која во тоа време била една од највисоките во Европа.

Cover of the January 1984 edition of "Računari u vašoj kući" magazine. Public domain.

Насловната на јануарската едиција од магазинот „Računari u vašoj kući”, 1984.

Антониќ за време на летувањето на црногорскиот брег се зафатил со читање и проучување за нов бренд и вид на компјутер кој што излегол на глобалниот пазар. Прегледувајќи ја шемата, тој сфатил дека голем број од деловите кои ги содржи стандарниот компјутер станале лесно достапни во хардверските продавници низ земјата. За неколку месеци младиот Антониќ составил шема според која секој би можел сам да состави свој компјутер. Потоа се поврзал со неколку производители на делови за компјутери и во партнерство со нив создал „направи сам“ пакети кои ги содржеле сите потребни делови со кои секој обичен потрошувач би можел да направи компјутер дома. 

Најпрво тимот сметал дека можат да продадат неколку стотици Галаксија пакети, број кој за нив бил многу оптимистички, но возможен. Антониќ знаел дека ќе треба да ја објави шемата некаде каде што пошироката публика ќе ја види, а со тоа истата ќе биде достапна и за оние кои не сакаат да го нарачаат спремениот Галаксија пакет, туку да си ги купуваат деловите сами. Тој се поврзал и со Дејан Ристановиќ, кој имал едвај 20 години и во тоа време го составувал магазинот за најновите достигнувања во ИТ сферата „Računari u vašoj kući” („Компјутери во вашиот дом”). Тие заедно во првото јануарско издание на магазинот во 1984 година издале целосен дијаграм со инструкции за Галаксија, персонален компјутер, објавено во декември 1983. За скоро една година над 8000 Галаксија пакети биле продадени во Југославија додека бројот на оние кои си ги купувале деловите на своја рака и го составуале Галаксија сами никогаш не бил регистриран. Истата година Галаксија компјутерите биле претставени и во основните училишта низ земјата. Тоа било во 1984 година. 

Технолошката револуција започнала, а Ристановиќ, Антониќ и нивниот тим користеле радио и телевизија за да го промовираат Галаксија како и останатите работи поврзани со компјутери, а со тоа ги учеле обичните корисници како да ги приспособат нивниот хардвер и код. Видеото подолу е едно од многубројните телевизиски појавувања на Антониќ каде тој ги објаснува основите на Галаксија и други персонални компјутери. 

По триесет години, Антониќ е светски реномиран пронаоѓач, говорник и писател додека Ристановиќ е главен уредник на најпознатото списание за ИТ, ПС Прес, како и ко-основач на еден од првите интернет провајдери во Србија. Денес, Србија е позната меѓу луѓето во ИТ индустријата како место со голем потенцијал и успешни девелопери и иноватори, без оглед на турбулентните случувања изминатите декади на политичко, социјално и економско ниво. Во последниот пост на Eurogamer.net е елаборирано како Галаксија на неколку нивоа била револуционер во употребата на персоналните компјутери. Радио диџејот Зоран Модли во тоа време дошол до идеа да дистрибуира софтвер за Галаксија и сличните машини – преку радискиот етер. Како што објаснува статијата на Eurogamer.net:

Како ZX Spectrum и другите компјутери од тоа време, програмите во Галаксија биле внесувани со аудио рекордер со касети. Ова му овозможило на Јова Регасек, уредник на „Računari“ идеја за експеримент. Тој стапил во контакт со Зоран Модли кој го водел шоуто Вентилатор 201 на Радио Белград. Ова шоу било микс на локални бендови и современа музика, но бидејќи имало интерес за компјутери идејата на Рогасек била да емитуваат звук од компјутерски програм кој слушателите ќе можат да го снимат и да го внесат потоа во нивните машини. Како ефект, ова било безжично симнување содржини многу години пред да се појави безжичниот интернет. 

На триесет годишнината од Галаксија компјутерите, секое училиште во Србија е опремено со компјутери за учениците, интернетот е распространет со 65% во 2012, а посетителите можат да се изненадат дека безжичен интернет има скоро насекаде во градовите и селата низ државата. Повеќе од една третина од возрасната популација користи Интернет секојдневно, а статистиките се повеќе импресивни и за Црна Гора, Хрватска, Македонија и Словенија, додека Босна и Херцеговина е малку зад нив.

Иако во регионот има уште многу на што да се работи по турбулентниот период во изминатите две декади, сепак ИТ индустријата се развива брзо. Со Галаксија како обележје на минатото, многумина веруваат дека регионот има светла иднина пред себе.  

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.