· февруари, 2015

Написи за Граѓански медиуми од февруари, 2015

Уште еднаш Мексиканците ќе бидат протагонисти на Оскарите

  5 февруари 2015

Втора година по ред, мексиканските филмаџии ќе имаат водечка улога на доделувањето на наградите на Академијата на подвижни слики и науки, повеќе позната како Оскарите. Aлехандро Гонзалез Ињариту, режисер на Птичарот, ја предводи групата. Минатата година, таа улога му припадна на Aлфонсо Куарон, исто така од Мексико, кој го режираше реномираниот...

Полицијата во Хонг Конг ги закажува апсењата со активистите на Окупирај го Центарот

  5 февруари 2015

Повеќето од нас се навикнати да резервираат маси во ресторан. Како би изреагирале ако полицијата се обиде да го закаже вашето апсење? Ова можеби звучи смешно, но досега полицијата во Хонг Конг го направи токму тоа со нешто повеќе од 50 активисти по завршувањето на масовните мирни протести, наречени движење Окупирај...

Мали помфрити, големи проблеми за Мекдоналдс во Јапонија

  5 февруари 2015

Мекдоналдс во Јапонија продава само мали порции помфрит соочувајќи се со недостиг на компири поради штрајк во пристаништето. Овој потег предизвика вчудоневиденост и изненадување помеѓу намалениот број потрошувачи на овој ланец, и недостатокот на компири е само уште еден пример за опаѓањето на овој ланец за брза храна во Јапонија....

Руски политичар и порача на јавноста да „јаде помалку“, како што цените на храната растат

Тешките времиња бараат жртви. Тоа беше пораката на Илија Гафнер, законодавец во Екатеринбург, при неодамнешната посета на локална продавница, каде тој пред ТВ камерите изјави дека Русите треба да размислат да се стават на диета, кога се соочени со растечки цени на храната. „Да зборуваме отворено- вие сте кратки со...

Новата минимална плата во Колумбија предизвика минимален ентузијазам

  5 февруари 2015

Колумбија ја промени годишната минимална плата на самиот крај од годината. На 30 декември 2014, владата ја зголеми за 4.6 проценти на 644.350 колумбиски пезоси ($273). На социјалните медиуми, разочарувањето на многумина беше видливо. Со растечка инфлација, новата година ветува мало подобрување на куповната моќ на работниците, иако неколку екстра...

Виралната Јутјуб сензација од Чиле: Воки Токи

  4 февруари 2015

Воки Токи, популарен ЈуТјуб канал од Чиле, е одговорен за мноштво од широко распространети видеа за локалниот секојдневен, урбан живот. Креативниот тим на каналот, кој сега води независна онлајн продукциска компанија, почна со нискобуџетни проекти, надевајќи се дека ќе го привлече вниманието на клиентите со своите видеа. Во интервју со...

Дали Индија е подготвена за „големиот настап“ на светската спортска сцена?

  4 февруари 2015

Растењето во Индија беше долго време синоним со изреката „Каков одличен удар на Сахин Тендулкар“, но ова брзо се менува. Децата денес многу повеќе знаат за „Одличниот слободен удар на Елано“ или „Каков исклучителен волеј на Роџер Федерер“. Нешто и се случува на оваа нација луда за крикет, кадешто сите...

Филипините ги протеруваат малите продавачи пред посетата на папата со тема „Милост и сочувствување“

  4 февруари 2015

Малите продавачи беа протерани од паркот Лунета во Манила неколку денови пред пристигнувањето на папата Францис во Филипините. Предвидено е папата да одржи миса во Лунета, најважниот парк на слободата во државата. Поглаварот на Римокатоличката црква ќе престојува на Филипините во периодот од 15 јануари до 19 јануари. Се очекува дека неговата...

Овие наслови од весниците станаа премногу за многу читатели во Венецуела

  4 февруари 2015

Граѓанското движење во Венецуела оваа недела покажа како социјалните медиуми можат да одговорат на цензурата. Како одговор на насловната страница на венецуелскиот весник Ултимас Нотисиас (Најнови вести) од 12 јануари, корисниците на Твитер ја исмеваат објавата со хаштагот #TitulaComoUltimasNoticas („Правете наслови како Ултимас Нотисиас“), измислувајќи разни сатирични наслови. Хаштагот стана главна...