Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Филипините ги протеруваат малите продавачи пред посетата на папата со тема „Милост и сочувствување“

Street vendors are asking the Catholic Church to stop the government from evicting them in Luneta Park.

Уличните продавачи ја молат Католичката црква да не и дозволи на владата да ги исели од паркот Лунета. Фотографија од Фејсбук страницата на Кети Јамзон

Малите продавачи беа протерани од паркот Лунета во Манила неколку денови пред пристигнувањето на папата Францис во Филипините. Предвидено е папата да одржи миса во Лунета, најважниот парк на слободата во државата.

Поглаварот на Римокатоличката црква ќе престојува на Филипините во периодот од 15 јануари до 19 јануари. Се очекува дека неговата посета ќе привлече милиони луѓе во Манила, главниот град на Филипините, каде што живеат најголем број католици во Азија.

Во Лунета има околу 350 продавачи, многумина од кои биле во паркот повеќе од 10 години. Поголемиот број улични продавачи продаваат храна и пијалоци. 

Минатата недела, на продавачите им беше кажано да го напуштат паркот поради подготовки за посетата на папата. Комитетот за развој на националните паркови потврди дека ова е наредба од полицијата и од претседателската палата како дел од безбедносните аранжмани за пристигнувањето на папата.  

Продавачите протестираа против иселувањето и потврдија дека тие не се закана за папата:

Ние го сакаме папата. Нема да му наштетиме. Ние не сме терористи. 

Luneta vendors hold protest in front of the office of the National Parks Development Committee. Photo from Facebook page of Kathy Yamzon.

Продавачите од Лунета држат протест пред канцеларијата на Комитетот за развој на националните паркови. Фотографија од Фејсбук страницата на Кети Јамзон.

Гери Серуе, портпарол за Kilusan Para Sa Disenteng Kabuhayan (Движење за пристоен живот), ги критикуваше властите поради тоа што го користат името на папата за да го уништат животот на сиромашните:

Папата Францис е познат по својата благонаклоност кон масите и по неговите критики за проблемите кои се однесуваат на достоинството и правата на обесправените, но тие сега го користат неговото име со цел да не отстранат од местата каде што ние обезбедуваме средства за живот. 

Исто така тој се повика на темата на посетата на папата, „Милост и сочувствување“, за да го одбрани правото на продавачите да останат во паркот:

Ние знаеме дека папата не сака ова да се случи. Темата на неговата посета е милоста и сочувствувањето, но каде се милоста и сочувствувањето во она што го прават функционерите на локалната власт?

Luneta vendors hold a placard which reads: "Vendors not a threat to the life of our dear pope." Photo from Facebook page of Tanggol Kabuhayan (Defend Jobs)

Продавачите од Лунета држат плакат кој гласи: „Продавачите не се закана за животот на нашиот драг папа.” Фотографија од Фејсбук страницата на Тангол Кабухајан (Одбрана на работни места)

Некои продавачи се запрашаа и дали ќе бидат заменети со комерцијални тезги со храна во паркот. Тие забележаа дека Мекдоналдс е еден од спонзорите на церади кои ги печати Католичката црква. Поранешниот законодавец Теди Касино праша дали на киосците за брза храна од Мекдоналдс ќе им биде дозволено да бидат во паркот:

За време на мисата на #PopeFrancisPH во Лунета, забрането им е на уличните продавачи да бидат таму, но не и на киосците од Мекдоналдс?

Продавачите се загрижени дека нема да можат да обезбедат средства за живот за време на посетата на папата. Многумина стравуваат дека налогот за иселување ќе биде спроведен засекогаш, затоа што локалните власти веќе со години се обидуваат да им забранат на продавачите да бидат во паркот.

Претставниците на Католичката црква ја прифатија петицијата на продавачите, но рекоа дека овој проблем треба да го реши локалната власт.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.