Новата минимална плата во Колумбија предизвика минимален ентузијазам

„Плата (Колумбиски пезос)“. Слика од Мишел Мариани, Фликр, CC 2.0.

Колумбија ја промени годишната минимална плата на самиот крај од годината. На 30 декември 2014, владата ја зголеми за 4.6 проценти на 644.350 колумбиски пезоси ($273). На социјалните медиуми, разочарувањето на многумина беше видливо. Со растечка инфлација, новата година ветува мало подобрување на куповната моќ на работниците, иако неколку екстра пезоси би можеле да го ублажат очекуваниот пораст на цените во 2015, според El Colombiano.

Како и да е, вистинскиот проблем за многу Колумбијци останува подобрувањето на нивната економска способност и квалитетот на живот, коишто владата вети дека ќе ги направи:

Ако Колумбија ја има најбрзо растечката економија во Латинска Америка според националната влада, тогаш задолжителната минимална плата е неприфатлива. @Teleantioquia

Блогот Zona Jobs го објаснува процесот на поставување на минималната плата:

На 3 декември, ќе започнат преговорите за законската минимална плата за 2015, и советодавната комисија е подготвена да започне погодни преговори на воспоставениот датум.

Истата комисија ќе биде раководена од Министерот за труд, Луиз Едуардо Гарзон, кој веќе го одреди датумот со почеток од 5 декември (два дена после овој договор). Соодветни расправи ќе бидат направени за да работодавците и работниците ги искажат нивните различни предлози додека Националното административо биро за статистика (НАБС) ќе го истакне својот предлог на 9 декември.

Стефа Васкез беше децидно неимпресионирана со порастот на минималната плата:

И момци… минималната плата остана на минимум…

Алваро Гонзалез има поинакво гледиште на покачувањето, истакнувајќи ги различните плати кои граѓаните ги остваруваат во земјата. Некои заработуваат релативно многу, додека други заработуваат многу малку за нивната работа:

Ако тие најпрво ја поправат максималната плата, тогаш подоцна ќе биде полесно да се договорат за минималната плата.

Хуан Грифенстин забележува дека мирот започнува со подобри економски политики:

Кажете ни, бизнисмени: Јас можам да ти дадам фер и правична плата. Тогаш ќе има мир.

Помеѓу ова, Густаво Боливар ги спореди минималните плати во 2014 и 2015, користејќи го американскиот долар:

Пред една година минималната плата беше 325 долари. Сега е 262 долари, исто како и во 2009. Втора најлоша во зоната. Полошо се плаќа само во Перу.

— Gustavo Bolívar (@GustavoBolivar) јануари 7, 2015

Во меѓувреме, блогерот Џовани Кардона Монтоја запраша во локалниот весник: Дали минималната плата е фер за колумбиските работници? Тој расправа:

Минималната плата ја остваруваат висок процент на колумбиски работници (50 проценти), затоа покачувањето би требало да биде од одличен национален интерес.

*Стапка на размена од 8 јануари, 2014.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.