Во видео клип со квалитет на мобилен телефон снимен пред пред заминување кон упориштето на ИДИЛ во градот Ал-Рага, јапонскиот новинар Кенџи Гото изјави дека сирискиот народ страда веќе три и пол години, и дека има намера да известува за ИДИЛ и нивните активности во Сирија. „Доста беше,“ тој извика.
На 1 февруари, светот го разбуди веста за убиството на Гото од страна на членови на оваа група, само неколку дена по објавувањето на молбата од жена му да му го поштедат животот.
Според сопругата Ринко, екстремистичката група го заробила Гото на 26 октомври 2014. „Од тогаш неуморно работев зад сцената на неговото ослободување,“ рече таа во снимена изјава. „Не зборував јавно до сега затоа што се обидував да ги заштитам моите деца и семејството од медиумското внимание предизвикано кое маката на Кенџи го предизвикаа низ целиот свет.“
Сопругата внимателно го пренесе текот нанастани, укажувајќи дека бунтовниците ја контактирале преку е-пошта на 2 декември 2014. Сепак, по објавувањето на видео-клип со кои бараат откуп од 200 милиони долари за Гото и за Харуна Јукава по скоро месец и половина, „разменивме неколку пораки по е-пошта додека се борев да му го спасам животот,„ додала таа.
Арно ама, групата му ја отсекла главата на Јукава штом поминал рокот за откупот. Потоа ја информирале Ринко за нивното последно барање, со понуда да го ослободат Гото во замена на пуштање на ирачкиот бомбаш-самоубиец Саџида ал-Ришави од затвор во Јордан.
Бунтовниците барале од Ринко тоа „веднаш да го сподели со светските медиуми“, за да не ги загрози животите на Гото и на заробениот јордански пилот поручник Му’ат ал-Касеабех. Наспроти нејзината согласност и постојаните напори да му го спаси животот, екстремистичката група веќе го имала обезглавено Гото. Убиството го снимале и го објавиле подоцна.
Глобален протест
Веројатно најголем доказ за влијанието на Гото на животите на луѓето е глобалниот протист против чинот на екстремистичката група. Светот одбива да го памети Гото по тоа што ИД му го направиле. Наспроти тоа, многумина како Карим, повикуваат на неговата вечна слава за сочуството што го покажуваше за жртвите во зоните на конфликт:
Kenji Goto in tears after seeing the suffering of Syrians in Aleppo. This time the Syrians shed their tears for him. pic.twitter.com/Tgb9Gm2ar7
— Karim (@SaiyanSyrian) February 1, 2015
Кенџи Гото во солзи гледајќи го страдањето на Сиријците во Алеп. Овој пат Сиријците леат солзи по него.
Сирискиот блогер Надер упати поздрав до Гото за неговата храброст:
A salute to Kenji Goto, a true internationalist, unlike the settler thugs of ISIS who came from far away only to rule over locals. RIP.
— Nader (@DarthNader) January 31, 2015
Поздрав до Кенџи Гото, вистински интернационалец, за разлика од натрапничките силеџии од ИДИЛ кои дојдоа од далечни земји за да владеат врз локалното население. Почивај во мир.
Дипломката на Американскиот универзитет во Бејрут Хаја Атаси забележа дека искусниот новинар правел многу повеќе од тоа што му го налага професијата:
#KenjiGoto, Japanese journalist #ISIS beheaded opened a school in #Lattakia suburbs teaching computer to Syrian kids pic.twitter.com/sibN6WQxsj
— Haya Atassi (@haya_atassi) January 31, 2015
Кенџи Гото, јапонскиот новинар обезглавен од ИДИЛ, имаше отворено училиште во предградието на Латакиа во кое сириските деца ги учеше да користат компјутери.
Жан Пјер Дутион, кој вели дека живеел во Сирија во последните седум години, изрази слични ставови:
I refuse to post a photo showing him as a victim of #ISIS. This is #KenjiGoto, they beheaded him yesterday. pic.twitter.com/WjkKgIG6gn
— Jean Pierre Duthion (@halona) February 1, 2015
Одбивам да објавам фотографија која го покажува како жртва на ИДИЛ. Ова е Кенџи Гото, тие го обезглавија вчера.
Саудискиот уметник Малик Наџер изрази сочуство за семејството на Гото, како и многумина други:
This is Malik Nejer from Saudi Arabia, I would like to express my condolences to #KenjiGoto family, he was a good man, may he RIP
— مالك نجر (@Nejer) February 1, 2015
Овде Малик Наџер од Саудиска Арабија. Би сакал да изразам сочуство за семејството на Кенџи Гото, тој беше добар човек, нека почива во мир.
Кувајтскиот колумнист Далаа АлМуфти на арапски пиша дека објавува фотографија од расплаканата мајка на Гото да покаже дека не е доволно за починителите од ИД што ги тероризираат арапските мајки, туку го прошириле својот тероризам и до Јапонија:
لم يكتفوا بتعذيب الأمهات العرب نقلوا إرهابهم لليابان ها هي أم الصحفي الياباني تنعي ابنها الذي نحرته داعش #KenjiGoto pic.twitter.com/BILpzpiB1h
— دلع المفتي (@dalaaalmoufti) February 1, 2015
Зар не беше доволно што починителите од ИД ги тероризираат арапските мајки, туку го проширија својот тероризам и до Јапонија. Ова е мајката на јапонскиот новинар кого го обезглави ИДИЛ
И познати личности и политичари изразуваа сочуство. Познатиот писател Пауло Коелјо даде посмртно слово за Гото преку еден твит, кревајќи го гласот во солидарност со поручникот ал-Касеабех преку хаштагот #IamMuath („јас сум Муат“).
Alive in our hearts, brave #KenjiGoto . Time to say #IamMuath even if I think (God forbid) he is already dead pic.twitter.com/ceTHF7EE0L
— Paulo Coelho (@paulocoelho) February 1, 2015
Жив е во нашите срца, храбриот Кенџи Гото. Време е да кажеме јас сум Муат, иако мислам (Бог да чува) дека тој е веќе мртов.
Изјавата на државниот секретар на САД Џон Кери не пропушти да нагласи дека смртта на Гото е варварски акт:
My heartfelt condolences to Kenji Goto's wife, his family, and the people of Japan. His barbaric murder shows ISIL's brutality.
— John Kerry (@JohnKerry) February 1, 2015
Упатувам искрено сочуство до жената на Кенџи Гото, неговото семејство, како и народот на Јапонија. Неговото варварско убиство ја покажува бруталноста на ИДИЛ.
Дури и анонимниот профил на Твитер Историски слики, кој има над 2,02 милиони следачи ги повика сите да го запомнат Гото по неговата добрина, споделувајќи ја фотографијата од еден негов разговор со сириски деца:
This is how we should all remember Kenji Goto, a truly brave and remarkable man. pic.twitter.com/GwrxyUDUc0
— Historical Pics (@HistoricalPics) January 31, 2015
Вака треба да го запомниме Кенџи Гото, еден навистина храбар и исклучителен човек.
Сепак, многумина остануваат шокирани од веста за неговата смрт. Емили Финч од Лондон напиша:
Feeling very emotionally strung out following the execution of Goto Kenji having followed the story from the very beginning.
— Emily Finch (@Winipig) February 1, 2015
Се чувстувам емотивно раскината по егзекуцијата на Кенџи Гото, откако ја следев сторијата од нејзиниот почеток.
Новинарот Дима Катиб ја искажа нејзината тага што такви чинови се случуваат не само во Сирија, туку и лажно во името на исламот:
It is very depressing to see someone like #KenjiGoto (or anyone) beheaded, in my birth country Syria in the name of Islam. #Arab
— Dima Khatib أنا ديمة (@Dima_Khatib) February 1, 2015
Депримирачки е да се види обезглавување на некој како Кенџи Гото (или на било кој друг човек), во мојата родна земја Сирија во името на исламот.
Независната новинарка Бутаина Азаби сподели потресно потсетување дека 118 новинари се убиени само во текот на минатата година:
Another journalist beheaded by ISIS, journalist #KenjiGoto. – in 2014 alone, 118 journalists were killed and 220 are jailed around the world
— Boutaïna Azzabi (@Boutaina) January 31, 2015
Уште еден новинар е обезглавен од ИДИЛ, новинарот Кенџи Гото. Само во 2014 година, 118 новинари беа убиени и 220 се затворени низ целиот свет.
Ужаленото семејство на 47-годишниот новинар покрај сопругата го сочинуваат и двете ќерки, едната на возраст од две години, а другата неколкумесечно бебе.