Граѓанското движење во Венецуела оваа недела покажа како социјалните медиуми можат да одговорат на цензурата. Како одговор на насловната страница на венецуелскиот весник Ултимас Нотисиас (Најнови вести) од 12 јануари, корисниците на Твитер ја исмеваат објавата со хаштагот #TitulaComoUltimasNoticas („Правете наслови како Ултимас Нотисиас“), измислувајќи разни сатирични наслови. Хаштагот стана главна тема на Твитер за неколку часа.
Еден од најголемите весници во Венецуела, Ултимас Нотисиас беше меѓу многуте медиуми кои беа продадени на непознат купувач во октомври 2013. Оттогаш, читателите забележаа нагла промена во уредувањето на весникот, особено кога доаѓа до коментирање за владата. Всушност, неколку новинари дадоа оставки во протест, откако весникот ги цензурираше статиите кои се однесуваа на студентските протести во почетокот на 2014 и покачувањето на цените на храната и недостигот.
Сепак, насловот на предната страница на Ултимас Нотисиас од 12 јануари, „Турнејата на Мадуро беше успех“, беше оној кој ги активираше Твитер корисниците оваа недела. Посетата на претседателот Мадуро на неколку ОПЕК земји беше планирана да помогне за стабилизација на цената на нафтата, на која Венецуела очајно се потпира. Многумина во јавноста, гледајќи како цената на нафтата продолжува да опаѓа, тешко дека поверуваа во насловот на Ултимас Нотисиас
… y así es como se pierde credibilidad en un medio. ¿Como creerles otra noticia? #TitulaComoUltimasNoticias pic.twitter.com/WVv80x81kt
— PRETORIANO REGENTE. (@PRETORIANOREGEN) January 12, 2015
…и така медиумите го загубија кредибилитетот. Како можете да поверувате во се друго што тие кажуваат?
“@millantweet: La Mentira Vs. La Verdad! La Ficción Vs. La Realidad! #TitulaComoUltimasNoticias pic.twitter.com/n6V4VpMstA“
— Freiner Meléndez (@Freiner96) January 12, 2015
Лаги vs. Вистина! Фантазија vs. Реалност!
Интернет корисниците го користеа #TitulaComoUltimasNoticas хаштагот и понудија нивни сопствени сатирични наслови. На пример, како може еден политички пристрасен весник да го објави фактот дека многу Венецуелци чекаат во долги редици за да купат храна?
#TitulaComoUltimasNoticias El pueblo feliz “haciendo cola para cuidar los alimentos”. Pdval de Tía Juana, edo Zulia. pic.twitter.com/rCODuayTCB
— Anthony P. Ovalles (@anthony301992) January 12, 2015
Среќни граѓани „чекаат во ред за храна“. ПДВАЛ во Тиа Хуана, државата Зулиа.
#TitulaComoUltimasNoticias Venezuela presenta un Excedente de Anaqueles en Supermercados de Todo el País pic.twitter.com/sg1lEHXTzZ
— Vinicio Parra (@IngVinicioParra) January 12, 2015
Полиците во супермаркетите во Венецуела покажуваат знаци на суфицит насекаде во државата.
Други се шегуваа за опаѓачката цена на суровата нафта и за ефектите врз венецуелското општество:
El petróleo cae a 37$ el barril y Venezuela se convierte en el país más feliz del mundo 🙂 #TitulaComoUltimasNoticias
— Mr. Dundas (@ManuelAlejandC) January 12, 2015
Нафтата се спушти на $37 за барел и Венецуела се претвори во најсреќната држава на светот.
Многу медиуми беа продадени, затворени, или кастрирани од претседателството на Хуго Чавез. Навистина, цензурата и притисокот се зголемија под водство на владата на Николас Мадуро. Сегашните реорганизации, вели аналитичар на Комитетот за заштина на новинарите, се дел од една долга кампања да се ослабат приватно поседуваните медиуми.