Написи за Граѓански медиуми од јули, 2010
Јужна Африка: 67 минути промена – Денот на Мандела
Mногу луѓе знаат дека Нелсон Мандела помина 27 години од својот живот во затворот на островото Robben во Јужна Африка. Она што многумина не го знаат, е дека Мадиба (како што е почесно наречен во Јужна Африка), има поминато 67 години во борбата против расизмот и сиромаштијата. Во неделата на 18-ти јули 2010 година, поранешниот Јужноафрикански претседател наполна 92 години.
Русија: Бирократите одат на вебот 2.0
Светлана Гладкова од profy јавува дека руската Влада ја претстави својата сопствена социјална медиумска мрежа наречена Gosbook.
Унгарија: Кралскиот дворец низ историјата
BudapestZIN постира историски видео материјал од кралскиот дворец во Буда (Будимпешта).
Палестина: Работилници ги инспирираа блогерите во Газа и на Западниот брег
Неодамна, директорот на Програмата за поддршка на Глобал Воисес, Сами Бен Гарбиа, реализира серија на работилници за блогирање во Газа и Западниот Брег. Работилниците беа организирани од Arabic Media Internet Network (AMIN), чија цел е зголемување на бројот на блогери во палестинското општество.
Бразил: Секојдневното насилство врз жените
Во Бразил, секој ден се убиваат по 10 жени. Неодамнешното убиство на жена од наводниот татко на нејзиното дете, воедно млад надежен бразилски голман, предизвика разговори во блогосферата за насилството против жените.
Хрватска: Полицијата разби мирен протест во Загреб
Денес изутрина хрватската полиција разби мирен протест против узурпирањето на јавен простор во центарот на Загреб, при што уапси најмалку 11 граѓански активисти. Твитер фидот со името на улицата #Varsavska...
Русија: Нови детали за националниот интернет пребарувач
Русија ќе развие свој национален пребарувач, пишува Gazeta.ru [руски]. И покрај скорешните негирања [руски] на ваквите планови од страна на министерот Игор Шеголев, новинарите издадоа слајдови од затворено прикажување на...
Сиера Леоне: Подигање на свеста околу сексот и сексуално преносливите болести преку видео
Во Сиера Леоне, Вики Ремо е водител и продуцент на едно шоу кое се прикажува еднаш неделно и коешто покрива широк спектар на теми: од неоткриени музички гении, до прикажување на секојневието на трговците, спорт и од неодамна, едукација за секс и сексуално преносливите болести (СПБ) наменета за студенти.
Бахреин: Ја изгаснав цигарата!
Како што муслиманскиот свет месец Рамадан (месецот на постење) брзо се наближува, бахреинскиот блогер Tawfeeq Al Rayash со еден удар убива две муви. Тој пости веќе три месеци и се откажа од пушењето откако за тоа го освести неговата ќерка.
Србија: Еден пар чевли, еден живот
И покрај тоа што поминаа 15 години од масакрот во Сребреница, Ратко Младиќ – генерал на Армијата на Rепублика Српска (српската Армија во Босна) кој е оптужен од Хашкиот трибунал...