Дали Индија е подготвена за „големиот настап“ на светската спортска сцена?

Fikru Tefera of Atletico De Kolkata somersault is goal to beat Mumbai City Fc defender during the Indian Super League (ISL) tournament at Vivekananda Yuba Bharati Stadium in Salt Lake City, Kolkata, India. Image by Reporter#7585286. Kolkata, India. Copyright (12/10/2014)

Салтото на Фикру Тефера од Атлетико де Калкута е прослава на голот за победа над ФК Мумбаи Сити во индиската супер лига на Вивекананда Јуба Бхарати стадионот во Солт Лејк Сити, Калкута, Индија. Слика од известувачот #7585286. Калкута, Индија. Авторски права (12/10/2014)

Растењето во Индија беше долго време синоним со изреката „Каков одличен удар на Сахин Тендулкар“, но ова брзо се менува. Децата денес многу повеќе знаат за „Одличниот слободен удар на Елано“ или „Каков исклучителен волеј на Роџер Федерер“. Нешто и се случува на оваа нација луда за крикет, кадешто сите спортови се чинеше дека се сведуваат на крикетот. Одеднаш, Индиската Супер Лига (ИСЛ) е најпосетената фудбалска лига во Индија и петта најпосетена во светот – запрепастувачка статистика со оглед на фактот дека се работи за првата сезона на лигата. Индискиот тенис исто така е во пораст на начин на кој не бил претходно.

Па, што се смени? Дали крикетот го губи својот удел во индиските спортови? Или ривалите на крикетот уживаат привремен пораст на популарноста?

Кога станува збор за фудбал, Индија се сметаше за „заспаниот џин“, се додека не го освои четвртото место на Олимписките игри во 1956 и подоцна освои два златни медали на Азиските игри. Како и да е, после тие успеси фудбалот остана неразвиен во Индија. Ова, се разбира, е она што ИСЛ сака да го смени. Со стари звезди како Роберт Пирес, Луис Гарсија, Давид Трезеге, Николас Анелка, Дејвид Џејмс и Хуан Капдевиља, лигата се состои од некои поранешни познати играчи. Интернет корисниците секако дека го изразија своето воодушевување.

Лудите-за-фудбал Гоани чекаат во ред за  #IИСЛ  карти за полуфиналето во 6:30.Тие ќе започнат да се продаваат во 10 часот. http://t.co/LiFlKchbcs pic.twitter.com/fK2dR28ZyO

— Nigel Britto (@NigelBritto) December 13, 2014

Огнометите на натпреварите од  #ИСЛ се прекрасни, посакувам нешто да се случува и на терените исто така.

— Esha Banerjee (@eshabanerjee) December 14, 2014

Сушанх  Метју растури. Каква убавина! Најдобриот гол што сум го видел до сега #KERvCHE #ИСЛ Индиска Супер Лига

— Aakash Singh (@AakashhSingh) December 13, 2014

Ова е точно она што МЛС во Северна Америка, Ј-Лигата во Јапонија и А-Лигата во Австралија успеаа да го подобрат. Идејата е едноставна – носење меѓународни звезди за да играат со домашните играчи и пренесување на ставот, вештините и знаењето за играта. Ова секако и помогна на МЛС и компанијата, која од година во година игра подобро на меѓународна сцена и на Светското првенство. Всушност, ИСЛ им дава можност на индиските играчи како ТП Рехенеш, Арнаб Мондал и Субаш Сингх да го покажат својот талент и да играат против најдобрите.

Како што посетеноста на ИСЛ расте и конкурентноста се подобрува, тешко е да не се биде оптимистичен за иднината на индискиот фудбал.

Тенисот е друг спорт каде Индија се чини го открива својот потенцијал. Оваа година, многу луѓе присуствуваа на натпреварите од Меѓународната Тенис Премиер Лига (МТПЛ). Во Махеш Бхупати и Линдер Паес Индија има двајца најдобри играчи во двојки со 12 Гренд Слем титули. Од некоја причина, Индија нема поединечни познати играчи.

За подобрување на работите, Индија воспостави систем на франшиза слично на она што постои во другите земји. Со Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ, Серена Вилијамс, Мариа Шарапова, Ана Ивановиќ, Томас Бердих, МТПЛ ги има најголемите имиња во тенисот оваа година пред многубројната публика.

Ако ова е она што Алан Вилкинс може да го направи, Господ нека му е на помош на Федерер  #МТПЛ #делхи pic.twitter.com/NkvFiYNrkt

— Atul Dev (@errows) December 6, 2014

Клупата на @ИндискитеАсови ја слави победата на @Гаел_Монфис во супер двобојот против @цонга7 во Делхи. #МТПЛ pic.twitter.com/FGll81FgWP

— AmMaD (@AmmadZahid) December 6, 2014

Многумина ги оценија МТПЛ игрите како славни егзибициски натпревари (вклучувајќи го и извршниот претседател на АТП турнирот Крис Кермод), но МТПЛ е се за носење на тенисот во земји гладни за најголемите звезди во оваа игра. 

Патувајќи низ Манила, Њу Делхи, Сингапур и Дубаи, на турнирот се видоа некои индиски асови кои остварија неколку победи. Можеби уште поизненадувачки, натпреварувањето привлече доста публика и оствари добар рејтинг на телевизиите. За турнир дизијниран пред се да го задржи интересот за тенис во Индија, додека државата ја модернизира и обновува инфраструктурата за тенис, резултатот беше целосен успех.

И тоа не запира тука: Индија ќе биде домаќин на ФИФА Светското првенство за играчи под 17 години во 2017 и на Шампионскиот трофеј во хокеј 2014 кој само што заврши во Бубанешвар.

Како место за глобални спортови, Индија практично постои како „заспаниот џин“. Неодамнешниот пораст на популарноста на некои спортови како фудбалот или тенисот ги поттикнува сите надежи и очекувања за индиските спортисти на иднината.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.