Виралната Јутјуб сензација од Чиле: Воки Токи

Screen capture from Woki Toki. YouTube.

76 Слика од Воки Токи. ЈуТјуб.

Воки Токи, популарен ЈуТјуб канал од Чиле, е одговорен за мноштво од широко распространети видеа за локалниот секојдневен, урбан живот. Креативниот тим на каналот, кој сега води независна онлајн продукциска компанија, почна со нискобуџетни проекти, надевајќи се дека ќе го привлече вниманието на клиентите со своите видеа.

Во интервју со Ел Дефенидо, креативниот директор на Воки Токи, Николас Рохас, сподели приказни за тоа како започнала групата и ја опиша тешката еволуција на идеи кои денес ги прават нив едни од најпосетените ЈуТјуб канали од Чиле. Групата ги поминала првите шест месеци промовирајќи се со многу малку пари:

Во таа ситуација со мојот партнер, беше како, знаеш што, наместо да ги убедуваме луѓето дека можеме да направиме нешто различно,  да го направиме тоа нешто. Зошто ние одиме наоколу со хартии и Power Point кажувајќи им на луѓето како ние ќе работиме, и како брендот ќе биде навистина добар. Не, ајде да одиме и да го направиме тоа ние самите, ајде да бидеме тој бренд. Наместо да купуваме кинеска супа, да ги потрошиме тие пари на видеа, да бидеме наши сопствени клиенти, и можеби тоа ќе функционира.

Додека аудиовизуелностите се произведени во професионален квалитет, популарноста на каналот се должи во најголема мера на видеа кои доловуваат разговори и типични подесувања во современо Чиле. На пример, Воки Токи пушта серии собирајќи 42 цитати за одреден предмет, како вицoви за семејствата, спортот, работниот живот и вечните дебати помеѓу половите. Други серии, како „Светот во 2 минути“, исто така ги претвораат популарната култура, и често различните стереотипи, во кратки, забавни видеа. Очекувано, видеата често доведуваат до жестоки дебати во делот за коментари на ЈуТјуб.

Воки Токи исто така спроведува различни социјални експерименти, предизвикувајќи ги луѓето да објаснат или изведат некои забавни задачи. (На пример, неколку мажи во едно видео се натерани да се облечат во женска долна облека. Во друго видео, различни мажи и жени се прашани да ја објаснат специфичната употреба на неколку секс играчки.) Видеата, како што може и да се претпостави, се екстремно популарни. Како дополнување на ЈуТјуб, Воки Токи може да се следи и на Фејсбук и Твитер

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.