Уште еднаш Мексиканците ќе бидат протагонисти на Оскарите

Alejandro González Iñárritu. Fotografía tomada de Wikimedia Commons.

Алехандро Гонзалез Ињариту. Слика од Wikimedia Commons.

Втора година по ред, мексиканските филмаџии ќе имаат водечка улога на доделувањето на наградите на Академијата на подвижни слики и науки, повеќе позната како Оскарите. Aлехандро Гонзалез Ињариту, режисер на Птичарот, ја предводи групата. Минатата година, таа улога му припадна на Aлфонсо Куарон, исто така од Мексико, кој го режираше реномираниот филм Гравитација.

Гонзалез Ињариту е номиниран не само за неговата работа како режисер, туку и како продуцент. Мартин Хернандез се натпреварува за наградата за уредување на звук на истоимениот филм, исто така познат и како Неочекуваната доблест на незнаење или La inesperada virtud de la ignoranciaEмануел Лубецки (познат како „Козата“) се натпреварува во категоријата за Најдобра кинематографија. Пред една година, тој ја освои наградата за Гравитација.

Невообичаено е што Оскарите го признаваат учеството на Мексиканците во неколку филмови. Додека точно е дека Куарон и Лубецки ја потсетија Академијата и филмската јавност за потенцијалот и талентот на креаторите на филмови од југот на границата на Обединетите Држави, во други прилики каде талентот остана незабележан.

Ова не имплицира дека Гонзалез Ињариту е ново име на листата на номинирани за Оскар. Во 2007, „Црнецот“, како што тој е познат, беше номиниран за наградата Најдобар режисер за филмот Babel, но не победи.

Во меѓувреме, Жетварот или  La Parka, продуциран од Centro de Capacitación Cinematográfica, A.C.,се натпреварува за Оскар за Најдобар краткометражен документарен филм. Ова дело беше напишано и режирано од Габриел Сера Аргуело.

За разлика од Птичарот или Гравитација, Жетварот е мексиканска продукција, додека претходните се продуцирани од меѓународни компании. Продуцентите на Жетварот ја објавија номинацијата на Твитер:

Овде може да го погледнете трејлерот за #LaParka, номиниран за Оскар за Најдобар краткометражен документарен филм. Во продукција на @CCCMexico https://t.co/7fWHohHJb3

Од Никарагва, луѓето ја изразија поддршката за овој краток филм:

Честитки #gabrielserra #Oскари2015 #Жетварот

Мартин Хернандез ги прими вестите за неговата номинација додека ја емитуваше неговата радио емисија „Такви се работите“,  и еве како реагираа неговите колеги:

Ова е #MартинХернандез од просториите на @WRADIOMexico после неговата номинација #Птичар #Oскари2015 http://t.co/5WyhwWeDub

Освалдо Суарез ја искоментира работата на Гонзалез Ињариту:

Отсекогаш сум ја сакал работата на Гонзалез Ињариту, посебно одличната приказна на неговиот одличен филм „Птичар“!!

Осумдесет и седмото годишно издание на Оскарите ќе се одржи на 22 февруари, 2015 во киното Долби во Лос Анџелес. Birdman се натпреварува со уште неколку успешни филмови, вклучувајќи ги The Imitation Game, Selma (базирана на активностите Maртин Лутер Кинг Помладиот) и The Theory of Everything (адаптирано според книга за љубовниот живот на проф.Стивен Хокинг), како дополнување на The Grand Budapest Hotel, Boyhood, American Sniper и Whiplash.

Dolby Theatre at the Hollywood & Highland Center. Image by https://juantadeo.wordpress.com/

Киното Долби во Холивуд и центарот Хајленд. Слика од авторот.

Гонзалез Ињариту, во меѓувреме, се натпреварува за признанието за Најдобар режисер наспроти американските филмаџии како Вес Андерсон (The Grand Budapest Hotel), Ричард Линклејтер (Boyhood), Бенет Милер (Foxcatcher) и Норвежанецот Мортен Тилдум (The Imitation Game), кои се надеваат дека ќе ја освојат наградата. Како што може да се очекува, тоа нема да биде лесна конкуренција за Мексиканецот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.