Тешките времиња бараат жртви. Тоа беше пораката на Илија Гафнер, законодавец во Екатеринбург, при неодамнешната посета на локална продавница, каде тој пред ТВ камерите изјави дека Русите треба да размислат да се стават на диета, кога се соочени со растечки цени на храната. „Да зборуваме отворено- вие сте кратки со пари“, изјави Гафнер, „треба да запомните дека сите ние сме руски државјани – луѓе од Русија – и дека го преживеавме гладот и студот. Ние само треба да мислиме на нашето здравје и да јадеме помалку“.
Назначен на неговата позиција во 2011, Гафнер се приклучи на Обединета Русија, доминантна политичка партија во земјата во 2012. Од април 2014, тој е член на проектот „Популарна Контрола” на Обединета Русија, кој спроведува „рации“ во продавниците, врши надзор над потрошувачките цени и усогласување со различните бизнис закони. Помеѓу 2010 и 2011, на пример, Обединета Русија тврди дека има координирано речиси 2000 такви рации.
На веб-сајтот на регионалниот огранок на Обединета Русија во Екатеринбург, постои видео од рацијата на Гафнер од 21 јануари 2015, иако во извештајот на вестите не е содржана неговата контроверзна изјава за „јадење помалку“. Наместо тоа, може да се види Гафнер како објаснува дека стрмниот пораст на цените на храната е резултат на проблемите со валутата на Русија.
Додека Гафнер одби да зборува со новинарите за неговите забелешки, регионалниот директор на Обединета Русија за Екатеринбург, Виктор Шепти, изјави за весникот Комерсант дека Гафнер зборувал „неточно“, истакнувајќи ја потребата „да се размисли седум пати пред да се зборува еднаш“.
На Јутјуб, извештајот на локалната телевизија кој ги содржи целосните забелешки на Гафнер брои повеќе од 53.000 прегледи и околу 800 коментари. Можеби затоа што Гафнер и се обрати на својата публика со „русианес“, многу Јутјуб корисници беа зафатени шпекулирајќи за неговото потекло, претпоставувајќи дека тој можеби е Евреин (и на тој начин, најверојатно, „компромитиран”). Други коментари претставуваа различни страни на потсмевот со бесконечната руско-украинска војна. „Еј, Руси вие секогаш се жалите, ‘Се е наше! Се направивме ние самите! Ние ќе се бориме со се за Крим! ‘ И што е сега? Зошто целото тоа лелекање?“ напиша Стас Герстас, собирајќи 384 „гласови- за-поддршка“.
Сепак други најдоа доволно простор за политички хумор, без да се осврнат на војната во источна Украина. На пример, Александр Махорин, со 305 „гласови за поддршка“, напиша:
Далее он наверно посоветует гражданам поменьше пить, аккуратнее носить одежду и обувь чтоб поменьше покупать, а также поменьше ходить в туалет, дышать, разговаривать и, наконец, оптимальный вариант, поменьше жить.
Следно што можеби тој ќе ја советува јавноста е да пие помалку, и да ја носиме нашата облека и чевли погрижливо, за да не мораме да ја менуваме често. Потоа, ќе ни каже да одиме помалку во бањата, да дишеме помалку, да зборуваме помалку, и на крај, како најдобра опција од сите, да живееме помалку.
Во време кога руската економија се бори како резултат на ниските цени на нафтата, санкциите од Запад поради политиките на Москва во Украина, и внаштрешната политичка стагнација, епизодите како испадот на Гафнер стануваат вообичаена карактеристика на локалната политика. Претходно овој месец, сличен настан се случи во Санкт Петербург, каде заменикот гувернер, беше критикуван затоа што им рече на граѓаните да го исчистат снегот од нивните улици, кога службите за чистење снег нема да се појават. Како што руските потрошувачи се повеќе се притиснати од растечките цени и политичарите во земјата се прилагодуваат на растечките очекувања на јавноста за владата, оваа година ветува повеќе вакви гафови.