· мај, 2010

Написи за Граѓански медиуми од мај, 2010

Египет: 30 дена блогирање

Египетскиот блогер Шајун Бикалби – Нешто во моето срце – напиша за кампањата наречена „30 дена блогирање“. Оригиналната идеја е на Далиа Јунис и за тоа таа пишуваше тука [арапски]. Луѓето кои учествуваат во оваа кампања треба да пишуваат нов блог пост секој ден, цел месец. Слично е на „Проектот...

САД: Недела на историјата на конопот – спасувајќи го растението и планетата

Во време на тешки економски прилики, зошто некој би го забранил индустриското одгледување на едно мошне рентабилно и корисно растение на кое не му се потребни речиси воопшто пестициди, може да се употребува за производство на текстил, храна, сточна храна и може да користи како замена за петролеј, памук и целулозна маса?

Тунис: Црн ден за блогерите

Туниската блогосфера е сведок на црн ден на 27 април, четврток 2010 година. Всушност, интернет полицијата започна војна против блогерите, во која повеќе од 11 блогови беа цензурирани. Тоа беше произволна цензура која дури ги нападна и блоговите кои се неактивни веќе со месеци. Листата на блогови кои беа цензурирани:...

Иран: Кој краде бронзени статуи?

Се чини дека Иран е земја на изненадувања и дека на нив им нема крај. Интернационалните и иранските медиуми објавија дека религиозни мотиви стојат зад неодамнешната кражба на 11 бронзени статуи од ирански национални херои. Меѓу статуите се наоѓаат статуата на Мохамад Моин, истакнат книжевен учител (фото, десно, од веб...

Глобал Војсис станува партнер со „Ехото на Москва“

Со задоволство го најавуваме нашето партнерство со „Ехото на Москва”, најпроминентната и најпочитувана радио станица во Русија со стотици илјади слушатели низ целиот свет. Оваа станица, со право се смета за највлијателна во Русија. Радиото „Ехото на Москва” работи одлично врз претставувањето на различните аспекти на руското општество и придонесува...

Саудиска Арабија: Затворени улици за жените џогери

Улица во провинцијата Aзир, Саудиска Арабија, каде што многу жени сакаа да вежбаат, од скоро беше затворена за жените што трчаат, затоа што се смета за небезбедна од страна на Хаја (Haia) (Комисија за промовирање на вредности и заштита од пороци). Хаја објави дека причините за затворањето се слабата осветленост...

Јужна Африка: Време е за Диски

Постојат многу официјални ознаки, белези и логоа кои ги дефинираат спортските настани во целиот свет. Оваа година, Светското првенство ФИФА 2010 во Јужна Африка не е по ништо различно. Го имаме официјалното ФИФА лого, официјалната ФИФА маскотата (Zakumi), официјалниот заштитен знак на ФИФА и сега – официјалното танцување. Не само...

Колумбија: Поглед кон користењето на Твитер во земјата

Во текот на изминатите 2 месеци, сајтот на заедницата Twitter Colombia [на шпански] анализираше 3 милиони твитови од 20 000 корисници во земјата, како начин да се отслика употребата на оваа алатка за микроблогирање. Резултатот беше збир на статистички податоци за просечниот корисник на твитер во Колумбија [на шпански]. Во...

Македонија: Блогери ја прославија победата над фашизмот од 1945 г.

Неколку македонски блогери се придружија на прославата на победата врз фашизмот во Втората светска војна. Пред Македонија да стане независна во 1991 година, Денот на победата врз фашизмот (англиски) се прославуваше на 9 мај како работен празник, заедно со 15 мај, денот на конечната победа во Југославија, поради тоа што...

Босна: Соборен Гинисовиот рекорд во масовен валцер

Тузларије извести (босански) дека вечерта на 5 мај, 1510 двојки танчери го собориле Гинисовиот рекорд во истовремено играње валцер во Тузла. Претходен рекордер била Виена со 317 двојки. Меѓу учесниците имало и жители на други места, меѓу кои и австрискиот амбасадор во Босна со сопругата.