
Членовите на новата „колонија на блогери“ Активиста (на оваа фотографија) ќе работат со ментор од Глобал Војсис
Денес, ги објавуваме имињата на 10те блогери од Глобал Војсис и оние на 11те активисти кои ќе работат заедно во следните месеци во рамките на иницијативата за менторство развиена од страна на Глобал Војсис и Активиста, мрежата на млади од меѓународната организација за развој ActionAid.
Активиста одбра активисти од 10 земји од пет континенти за да учествуваат во „колонија на блогери“, кои ќе објавуваат постови на интернет страницата на Активиста во текот на следните 12 месеци. Нивна цел е да ги поттикнат младите ширум светот да се вклучат во дебати поврзани со развојот, и особено во дебати кои се однесуваат на безбедноста на храната и климатската правда.
Новите блогери штотуку завршија интензивна работилница во Танзанија, кадешто беа обучени по новинарство и технологија, како и видео продукција.
Пред две години, 31 блогер од Глобал Војсис беа ментори на учесниците на една друга работилница организирана од страна на ActionAid во Данска. Еден поранешен ментор, Каспер Кнудсен, во моментов е еден од организаторите на новата верзија на „колонија на блогери“.
Се надеваме дека менторите ќе го понудат своето пријателство, техничка поддршка и фидбек, придружувајќи ги новите блогери во откривањето на онлајн светот.
Без натамошно одложување, еве ја листата на 10те нови ментори и 11те стажанти кои ќе бидат подучувани:
Ментори од Глобал Војсис | Практиканти од Активиста
- Колинс Мбало (Кенија) | Ели Амидиве (Танзанија)
- Даница Радишиќ (Србија) | Aфрин Чодури (Бангладеш)
- Гершом Ндлову (Замбија) | Лоисо Звени (јужна Африка)
- Kевин Рени (Австралија) | Бенадет Шандиа Кодили (Уганда)
- Kунила Кеo (Камбоџа) | Aнжана Луител (Непал)
- Лејла Нашавати (Шпанија/ Сирија) | Aва Нжиe (Гамбија)
- Mарија Изабел Гера Кампобланко (Перу) | Хана Молони/Tина Мекферсон (Австралија)
- Нвачукву Eгбуникe (Нигерија) | Давид Хабa (Нигерија)
- Mаријана Фрајтас Гомес де Оливеира (Бразил) | Eмилија Хомалинис (Бразил)
- Сана Салем (Пакистан) | Колинс Одиамбо (Кенија)
Среќно на сите!