Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Аргентина: „Јас сум донатор на органи и го кажувам тоа на целиот свет“

Веста дека славната аргентинска пејачка Сандра Миханович одлучи да донира бубрег на девојката на која и е кума, Сонсолес Реј Облигадо, ќерка на нејзината пријателка Марија Паз Новаро, ги изненади Аргентинците и ја покрена свеста за важноста да се спасат животи. Примерот на Сандра исто така ги оживеа онлајн кампањите со цел за подигање на свеста за донирањето органи.

Во Аргентина, законот не дозволува донирање органи меѓу две лица кои не се од исто семејство, и последично, Сандра мораше да поднесе барање до соодветниот суд. На интернет страницата на Сандра, ја наоѓаме приказната за моментот кога судијата ја прашал зошто таа сака да го донира својот бубрег:

“Dar amor”, así Sandra definía por estos días frente al juez, cuando éste le preguntó sobre el por qué de su decisión de donarle un riñón a su ahijada de bautismo Sonsoles. No hay mucho que decir frente a estos actos, frente a estas expresiones de amor tan concretas. Pero este hecho grandioso, emotivo y generoso nos da la enorme posibilidad de aprender, de educarnos, de conocer, de saber, de perder miedos. Es nuestra oportunidad de conocer más sobre el tema donación de órganos e informarnos al respecto.

„За да донирам љубов“, со тие зборови Сандра ја објаснува нејзината одлука да донира бубрег на девојката на која таа и е кума, Сонсолес. Не може да се најде замерка на овие конкретни докази за љубов. Но, овој важен чин, кој трогнува и е великодушен, ни дава одлична можност да научиме, да се едуцираме и да не се плашиме веќе. Ова е можност за нас да научиме повеќе и да се информираме за донирањето органи.

На интернет страницата INCUCAI, владината агенција која регулира, координира и врши надзор на донирањето и трансплантацијата на органи, ткива и клетки во Аргентина, објавува секојдневна статистика за пациентите на листа на чекање за донација на орган. Статистиките подолу произлегуваат од реалниот извештај во истиот момент кога ова статија беше преведена:

Статистика во 9h49 наутро

7153 пациенти на листата на чекањe
2012: 910 импланти 
2012: 398 дарители
2012: 9.6 донори на милион жители

На неговиот блог, новинарот Aлфредо Леукo посвети една статија на Сандра Миханович и ги повика сите да ја споделат новоста за нејзиното дарување орган: 

Los periodistas, los docentes, los religiosos, los políticos, los artistas, los deportistas y todos los que tenemos un micrófono, una tribuna o un púlpito desde donde difundir informaciones y pensamientos tenemos la responsabilidad social, la obligación moral de incitar a la esperanza, de fomentar la donación, de multiplicar la solidaridad de hacer una propaganda constante de los valores que nos hermanen mas y nos hagan mejores personas y mejores argentinos. No hay otra.

Новинари, професори, свештеници, политичари, уметници, спортисти, сите оние кои имаат микрофон, подиум или конзола на располагање за да ја рашират информацијата и чувствуваат општествена одговорност, морална одговорност да поттикнат надеж, да охрабрат донирање, да ја рашират солидарноста, секогаш да ги стават во предност вредностите кои не зближуваат и прават од нас подобри луѓе и подобри Аргентинци. Тоа е единствениот можен начин.

На 30 мај, набргу по Националниот ден на донирање органи и трансплантација, INCUCAI започна кампања на интернет со фразата #SoyDonante („Јас сум донатор“) на Твитер. Едно видео на Јутјуб исто така беше споделено под слоганот “I'm a donor and I tell the world” („Јас сум донатор и го кажувам тоа на целиот свет“):

Покрај тоа, веб сајтот на INCUCAI објави дека Аргентина ќе биде гостин на следните Светски Игри на Трансплантација кои ќе се одржат во 2015.

Tras superar las postulaciones de países competidores como Japón y Alemania, la candidatura de nuestro país fue avalada por la World Transplant Games Federation (WTGF) en su reunión desarrollada en Durban, Sudáfrica, lo que constituye un fuerte aval a la política argentina de procuración y trasplante de órganos, ya que Argentina será el primer país de Latinoamérica en el que se realizará esta actividad.

Откако победи на повикот за номинации во поглед на земји како Јапонија или Германија, нашата држава беше поддржана од страна на Светската федерација за игри на трансплантација (WTGF) на состанокот во Дурбан во Јужна Африка. Оваа одлука и даде тежина на политиката на Аргентина за трансплантацијата на органи, дотолку што Аргентина е првата латиноамериканска држава домаќин на овој настан.

Целосен извештај за искуството на Сандра беше објавен на интернет страницата на пејачката. Таму може да се најдат видео записи, како и клип од нејзината песна “Honrar la vida” („Во чест на животот“). Извештајот завршува вака:

Sandra esta vez no cantó, sino que, con su ejemplo vivo nos habló de DAR AMOR y de HONRAR LA VIDA con mayúsculas y a viva voz.

Овој пат, Сандра не пееше, но преку нејзината авантура таа зборуваше за важноста на давање љубов и чест на животот, со големи букви и со сиот свој глас.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.