Аргентина и Фолкландските Острови: 30 години по вооружениот конфликт

Триесет години по пристигнувањето на аргентинските трупи на Фолкландските Острови, на 2 април, 1982 година, Аргентина го памети почетокот на војната за суверенитет на Островите, во која загинаа 649 Аргентинци.

Интернет страницата Voces Escritas (Пишани гласови) дава резиме на статистиката од војната:

En total, fueron 649 argentinos los que dejaron la vida en Malvinas durante la guerra, y hubo 1188 heridos. Pero las consecuencias continuaron: más de 500 excombatientes se suicidaron en los años posteriores a la guerra, en medio de la indiferencia de la sociedad, y el abandono de los gobiernos democráticos.

Вкупно, 649 Аргентинци ги загубија животите, а 1188 беа повредени за време на војната на Фолкландските Острови. Но, последиците не запреа тука: повеќе од 500 поранешни војници извршија самоубиство во годините по војната, соочени со општествената индиферентност и запоставеноста од демократските влади.
Monument the those who fell in the Falklands War.  Ushuaia, Argentina. image from Flickr user Jorge Andrade. used under licence (CC BY 2.0)

Споменик за загинатите во Фолкландската војна. Ушуаја, Аргентина. Слика од корисникот на Фликр, Хорхе Андраде. Употребена со дозвола (CC BY 2.0)

Исто така, имаше и британски жртви. El Malvinense спроведе истрага која беше ажурирана и конечно го објави бројот на жртви од Велика Британија и штетата од загубата на воени ресурси:

Total caidos: 1029 (estimados)

Total buques dañados o perdidos:  31

Total aeronaves perdidas:  45

Gran Bretaña nunca declaró el verdadero numero de bajas de sus tropas ni la pérdida de numeroso armamento.  Queda demostrado el gran daño sufrido, que supera ampliamente al que recibió Argentina.

Вкупно загинати: 1,029 (проценето)Вкупно оштетени или потонати бродови: 31

Вкупно урнати авиони: 45

Велика Британија никогаш не го објави вистинскиот број на загинати или количеството на потрошено оружје. Ова покажува колкава е претрпената штета, што ја надминува онаа од Аргентина.

Од друга страна, блогот Diálogos, во специјален пост од Маркос Бринки, објавува алтернативна статистика:

La guerra no se olvida, aquellos 74 días desde el 2 de abril de 1982 dejan la honra por los casi 650 argentinos unos 250 británicos muertos. Las Malvinas tienen vestigios de aquellos terribles días.

Војната нема да биде заборавена, тие 74 дена од 2 април 1982 ги зедоа животите на речиси 650 Аргентинци и околу 250 Британци. Фолкландските Острови ги паметат тие ужасни денови.

На 2 април, во Аргентина, претседателката Кристина Фернандез де Киркнер организираше церемонија за одбележување на 30-годишнината од Фолкландските војни. Официјалната новинска агенција Telam објави дел од нејзиниот говор:

“es una injusticia en pleno siglo XXI todavía subsistan enclaves coloniales como los que tenemos aquí, a pocos kilómetros de distancia”, en referencia a las Islas Malvinas.

„неправедно е тоа што во 21 век сè уште постојат колонијални енклави, како онаа што ја имаме тука и тоа само на неколку километри оддалеченост“ –  што се однесува на Фолкландските Острови.

Таа понатаму забележува:

 “de los 16 enclaves coloniales que existen en el mundo, diez de ellos son del Reino Unido” y afirmó que “resulta absurdo pretender el dominio” sobre las islas.

„од 16те колонијални енклави кои постојат во светот, 10 ѝ припаѓаат на Велика Британија“ и потврди дека „е апсурдно да очекуваме контрола“ врз островите.

БиБиСи исто така пишува за говорот на претседателката и ги транскрибира зборовите на британскиот премиер Дејвид Камерон.

Британија останува силно посветена на поддржувањето на правото на жителите на Фолкландските Острови да ја одредат својата иднина.

На Твитер, Falklands Island Gov (@falklandsgov) пишува за датумот:

Денес е ден за размислување, не за прослава. 30 години подоцна, горди сме на поддршката што ја добиваме од целиот свет.

За време на викендот пред 2 април, хаштагот #MalvinasArgentinas (Аргентина Фолкландски Острови) стана локален трендинг наслов.

Gwaa (@TheNorthGwaa) пишува:

Si no hubieran encontrado petróleo en#MalvinasArgentinas no estarían pidiendo la intervención de la ONU para renegociar las tierras.

Ако не пронајдеа нафта на #MalvinasArgentinas, немаше да бараат интервенција од ООН за повторно преговарање за земјата.

Истовремено, Франциско Ангуло (@fran_spg) не ги одобрува пеењата на толпите за време на фудбалски натпревари во текот на викендот:

#MalvinasArgentinas Está bien recordar a los ex combatientes, pero todo un estadio cantando “El que no salta es un inglés” me da escalofríos

#MalvinasArgentinas Добро е да се сеќаваме на поранешните војници, но ме лазат морници кога целиот стадион пее „Кој не скока е Англичанец“.

Од друга страна, Mарсело П (@my_silver10), ја критикува актуелната влада:

Todo esto de #MalvinasArgentinas es un circo de Cristina para distraer de la #Inflacion, la#Inseguridad y las politicas Argenzuelisticas

Цела оваа #MalvinasArgentina работа е циркус кој го направи Кристина за да го одвлече вниманието од #Inflacion (инфлација), #Inseguridad (несигурност) и аргентински политики.

Исто така, преку Твитер, Наталија Родригез (@manatu15), цитира стихови од песна од реномиран аргентински пејач и текстописец Aтахуалпа Јупанкуи, повикувајќи се на Фолкландските Острови:

Seguirán las mil banderas del mar, azules y blancas, pero queremos ver una sobre tus piedras clavada. (A. Yupanqui) #MalvinasArgentinas

Илјадници знамиња на морето, сини и бели, ќе продолжат, но сакаме да видиме едно, потковано, на вашите камења. (A. Јупанкуи) #MalvinasArgentinas

Интернет страницата Defonline обезбедува запис од разговорот со Maртин Балза, поранешен командир во аргентинската војска и ветеран од Фолкландската војна, кој беше присутен на конфликтот. Што се однесува на дипломатските односи помеѓу Аргентина и Велика Британија и како одговор на прашањето „треба ли Келперите [жителите на Фолкландските Острови] да учествуваат во преговорите?“, Балза тврди дека:

No estoy de acuerdo en absoluto cuando alguien dice que se deben respetar los deseos de los isleños. Sí se deben respetar sus intereses: forma de vida, propiedades, idioma, religión, etc. Los ingleses no respetaron los deseos de los argentinos en 1833. Además, por expresa disposición de las Naciones Unidas, sobre todo a partir de 1965 con el Comité de Descolonización, en el caso Malvinas no rige el Principio de Autodeterminación de los Pueblos, que atañe a los pueblos originarios. En Malvinas se echó a los que estaban y se implantó a los que están.

Воопшто не се согласувам кога некој вели дека треба да се почитуваат желбите на островјаните. Треба да се почитуваат нивните интереси: начин на живот, сопственост, јазик, религија итн. Британците не ги почитуваа желбите на Аргентинците во 1833 год. Исто така, со посебна одредба од Обединетите Нации, особено по 1965 година заедно со Комитетот за деколонизација, случајот со Фолкландските Острови не е воден според Принципот за самоопределување на народите, што го засега домородното население. Жителите на Фолкландските Острови ги отфрлија оние кои некогаш беа и ги воведоа оние што се сега.

Меѓутоа, Роџер Едвардс, жител на Фолкландските Острови и ветеран од војната од 1982 година, коментира во The Guardian:

Жителите на Фолкландските Острови се мирољубиви, вредни и издржливи луѓе. Нашето општество вирее и гледа кон иднината. Сè што бараме е да нè остават сами да ја бираме нашата иднина и одговорно да го развиваме нашиот дом за нашите деца и идните генерации. Ние бараме, особено од оние кои си даваат право да коментираат од неинформирана гледна точка за нашата иднина, да нашите права и нашите размислувања и пред сè нашите желби се почитуваат и да се сметаат за затворени во повелбата на ООН.

Помеѓу поплаките, статиите, реакциите на нетизените (граѓаните на интернетот) и протестите, Aдријан Боно (@AdrianBono) вели:

 Mientras en Argentina es trending topic #MalvinasArgentinas, en Twitter Gran Bretaña el tema ni aparece. ¿Queda claro, no?

Додека во Аргентина #MalvinasArgentinas е трендинг тема, на Твитер во Велика Британија ова воопшто не е споменато. Доволно јасно, зар не?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.