Мали: Граѓаните се вџашени од ненадејниот воен удар

Побунети војници објавија дека ја преземаат власта во Мали, откако ја зазеле зградата на телевизијата и претседателската палата.

Тие велат дека Владата на претседателот Амаду Тумани Туре не успеала адекватно да ги поддржи нивните трупи во сè понасилната борба со таурешките бунтовници на северот на земјата, кои се закануваат дека ќе бараат отцепување од Мали.

Многу граѓани се вчудоневидени зошто воениот удар настапил толку близу до изборите, веќе закажани за 29 април, па се шират различни теории.

Водачот на воениот удар во Мали, капетанот Соного, преку @Youngmalian

Капетан Соного е водач на новиот Национален комитет за реставрација на демократијата и државата (ЦНРДР) и вели дека тие ќе раководат со транзицијата до априлските избори.

Портпаролот на комитетот, поручникот Канорé, изјави дека иако ги укинале посточките институции, немаат намера да ја задржат власта. Сè уште се водат борби помеѓу војниците кои го поддржуваат воениот удар и оние кои остануваат лојални на претседателот Туре.

Некои политичари и високи офицеири наводно се уапсени во главниот град, Бамако.

Граѓаните на Мали се малку зашеметени од новата ситуација. Следат неколку реакциии по објавувањето на преземењето на власта преку вооружен бунт, на француски и англиски:

@TheSalifou: J'ai peur pour mon pays…#Mali

@TheSalifou: Стравувам за мојата земја… #Мали

@Anniepayep: vraiment! La honte! RT @juliusessoka En Afrique, sortir de l'auberge donne sur les caniveaux. #Mali #PauvrePays

@Anniepayep: Навистина, срамота RT @juliusessoka во Африка, излегуваш од ресторан и завршуваш во ендек #Мали

@Abdou_Diarra: Le président malien Amadou Toumani Touré, irait bien et serait « en lieu sûr », selon un militaire loyaliste #Mali

@Abdou_Diarra: Претседателот на Мали Амаду Тумани Туре наводно е добро и на сигурно место, според лојален војник #Мали

@Youngmalian: #ATT a été élu démocratiquement par le peuple et son mandat se termine en Juin. de quel droit les militaires agissent au nom du peuple #Mali

@Youngmalian АТТ (претседателот на Мали) беше демократски избран од народот и неговиот мандат заврши во јуни. Какви права имаат војниците да постапуваат во име на народот #Мали

@ibiriti: Демократијата нема врска само со регуларни избори на кои една неспособна група заменува друга. Треба да донесе позитивни промени.

@philinthe_: Банките + бензиските пумпи се затворени во #Бамако #Мали. Зборувам со таксисти кои бараат двојно од нормалните цени. Сотрамата е сè уште 100-150 CFA

@temite: Што и да се случи, единството и братската врска меѓу народите и културите ќе остане губитник #Мали

Изобилуваат теории на заговор зашто ударот е зададен само неколку недели пред закажаните избори:

@diatus2: le coup d'état était prévisible au #mali car ATT laissant durer la rebellion touareg pour avoir un 3e mandat

@diatus2: Воениот удар во Мали беше очекуван бидејќи претседателот АТТ ја оставаше ситуацијата со Таурешките бунтовници неразрешена за да го освои и третиот мандат

@Giovannidjossou: #ATT ne faisait rien contre les #terroristes au nord #Mali car ces troubles lui permettaient de repousser les #élections de juin prochain !

@Giovannidjossou:#АТТ не прави ништо против терористите на северот на Мали бидејќи немирите може да му послужат како изговор да ги одложи изборите до следниот јуни!

@Joe_1789: JE DENONCE: Le coup d'Etat ourdi par des bandits armés, à la solde de la Françafrique, contre le Mali et son président démocratiquement élu.

@Joe_1789: Обвинувам: Овој државен удар беше замислен од вооружени бандити кои се продадени души на Франкофонска Африка, против Мали и неговиот демократски избран претседател

Твитер профилот на претседателството на Мали не е ажуриран од 21 март, кога објави демант на наводното преземање на власта:

@PresidenceMali: Démenti formel : Le Ministre de la Défense n'est ni blessé ni arrêté. Il est à son bureau où il poursuit calmement sa journée de travail

@PresidenceMali: Формален демант: Министерот за одбрана не е повреден ниту уапсен. Тој е во неговиот кабинет и мирно ги врши секојдневните задачи

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.