Дали знаете како правилно да си ги измиете рацете? Преку песна и танцување, луѓе од различни делови на светот ги учат другите за правилниот начин на миење раце, со цел да промовираат здравје. 15 октомври, 2011 е Светски ден на миење раце, и со слоганот „Чистите раце спасуваат животи“, во центарот на вниманието се ставаа малото дело што помага во намалување на смртноста на децата кои умираат од болести од кои можеле да се заштитат.
Хип Хоп добитниците на Греми, Chocquibtown од Колумбија, им кажуваат на децата кога да ги мијат рацете и како да го направат тоа.
Во ова видео кое беше емитувано на локалната телевизија, оваа група на млади луѓе од руралната заедница во Хондурас, исто така користи хип хоп за да пее за важноста на миењето раце.
Во следнава реклама на БиБиСи за миењето раце во Камбоџа, едно младо момче кое е исклучено од игрите со другите деца се додека не си ги измие рацете, поставува едно важно прашањеn: што ако нема сапун? Одговорот ? Искористи ја пепелта.
Многу различни организации го промовираат миењето раце во различни делови од светот. Во следните снимки ги гледаме напорите на Црвениот Крст во Хаити за промовирање на миењето раце преку песна на креолски, Храна за гладните во Мозамбик ни прикажува станица за миење раце која користи галонски пластични шишиња како извор на вода и ја споделува песната Водата на Мози, која трае колку што би требало да трае миењето раце. Фондациите Суртигас и Промигас во Колумбија ги охрабрија децата да се изразат себеси преку пишување, сликање, поезија и пеење, а некои од децата составија песнички за миење раце и пееја на традиционалниот регионален стил на Валенато.
Ова видео од Мексико, кое е базирано на Јапонската песна за миење раце на УНИЦЕФ за 2009, им дава име на чекорите за да се запаметат полесно: планина, гитара, мотор, змија, пеперутка и „камехамеха“ кои покажуваат дека миењето раце е многу повеќе од само триење на дланките!
Песната на Бијонсе, Single Ladies, е употребена како носечка песна за 5-те различни чекори на миење раце на здравствените работници, како што е покажано во ова видео, како и танцот на студентите по општа медицина од Мексико. Првин се отстрануваат прстените, часовниците и бразлетните, потоа се регулира текот на водата, се мократ рацете и се користи доволно сапун, се мие задниот и предниот дел на рацете, од страна и врвот на прстите, а потоа се сушат рацете со хартиени крпи со кои потоа се затвора славината.
Здравствените работници во Илиган Сити, Филипини, истотака направија свое видео за миење раце со кореографија на ритамот на Jai Ho, носечката песна во филмот Бездомникот милионер (Slumdog Millionaire).
Ајде да си ги измиеме рацете!