Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Среден Исток и Северна Африка: Благодарност за „Khawater“ од Јапонија

Телевизиските гледачи низ целиот арапски свет можеа да уживаат овој Рамазан во емитувањето на една  специјална програма за Јапонија. За својата петта сезона, Khawater (Мисли) ја посети Јапонија, каде што еден млад саудиски проповедник, Ахмед aл Шугери, им ја објаснуваше на арапските и муслиманските гледачи приказната за успехот на Јапонците.

Едномесечната емисија го објасни искуството на Јапонците во однос на напредокот, како и причините за тој успех. Ал Шугери се обиде да објасни како Јапонците ги почитуваат принципите на исламот во нивните секојдневни навики, без при тоа да бидат муслимани.

Многу арапски блогери, мислители, писатели и проповедници ја фалеа програмата, велејќи дека се надеваат дека некогаш ќе ги видат нивните земји развиени како Јапонија.

Labeeb од Саудиска Арабија напиша блог пост со наслов „Ахмед Ал Шугери, големиот визионер“.

Ахмед aл Шугери е еден од најинспиративните луѓе што сум ги слушал. Тој силно верува дека еден ден ќе ги промени работите на некој начин.
[…]
За оние кои не го знаат! Тој има серија наречена “Khawater خواطر”, која се емитува секој ден за време на Рамазан. Кажано со неколку зборови, Шугари ги споделува неговите мисли и идеи со целиот муслимански свет, а понекогаш особено со арапскиот свет. Овие мисли се претставени во стил на докумтарен филм преку кратки и јасни пораки.

Илустрација од Labeed во знак на благодарност на Шугери за неговата работа

Илустрација од Labeed во знак на благодарност на Шугери за неговата работа

Саудискиот блогер Самјах го споменува новиот проект за преведување на петте дела на Khawater на англиски, започнат од група доброволци. Првата сезона со превод можете да ја најдете тука. Таа додава :

كلكم عارفين انو أتعرض أ/أحمــد لكثير من النقد العنيف
انو بيطلع فضايح و و و الخ
لكن انا ضد هادي الافتراآتهوا قال من أول حلقه أستحملوا الجاي والمطلـــــوب رفع المـــعـــــــــــايـــــيـــــــــر !! ياناس
أول خطوه لتصحيح الخطأ هو الإعتراف به

Сите знаеме дека г-дин Ахмед беше подложен на строги критики, затоа што ги истакнуваше нашите скандали, итн. Но, јас сум против овие лаги.
Уште од првата епизода тој побара од нас да го ислушаме и рече дека треба да ги кренеме нашите стандарди, бидејќи признавањето е првиот чекор на поправањето на грешките!

Моханад ел Тајеб од Обединетите Арапски Емирати го цитира Aл Шугари, велејќи:

„До сите млади мажи и жени, вие не сте одговорни што Арапите се поназад денес и никој нема право да ве обвинува вас за тоа!! Но, младите мажи и жени денес се одговорни за иднината на арапските земји, вие сте одговорни за нашата иднина по 25 години, што значи дека „НИЕ“ ја одредуваме состојбата на исламскиот свет во 2030.“

Моханад коментираше на ова:

Годинава се емитува Khawater 5. Ахмед aл Шугери патуваше до Јапонија и таму ја сними сезоната. Тој покажува дека Јапонците си ги имаат зачувано традициите и обичаите, истовремено развивајќи се многу брзо. Навистина е неверојатно. Мора да го гледате.

Вафа од Тунис остави напис со наслов „Khawater… во помалку од 15 минути, многу лекции!!“.  Таму, таа вели:

Годинава, „Khawater 5“ нè носи до Јапонија и назад! Ал Шугери прави спредба на работите во Јапонија и арапскиот свет, кој го нарекува „друга планета“! Гледаме колку се Јапонците организирани, чисти и точни. Гледаме како се почитуваат меѓусебно, ги почитуваат постарите, границите и како се почитуваат самите себе! Зарем не треба сите да бидеме такви? Без разлика која е нашата религија, зарем не треба секој добар човек да биде баш таков? Зарем не се ова моралните обврски и услови што го прават светот поубаво место за живеење?

N_spirit од Алжир пишува на “I love khawater” (Го сакам Khawater) :

Pour ce Ramadan 1430, et d’après la bande d’annonce Khawater 5, Ahmad Al Shukairy a choisi de voyager vers le Japon, et en retirer des leçons du peuple Japonais qui a pu se relever et s’est reconstruit en un temps record après les bombardements atomiques de Hiroshima et Nagasaki.

За овој Рамазан 1430 и според трејлерот на Khawater 5, Ахмед aл Шугери избра да патува во Јапонија и да ни ги прикаже лекциите што можеме да ги научиме од Јапонците, кои успеаја да ја обноват својата земја во рекордно време по бомардирањата во Хирошима и Нагасаки.

Ахмед Амр од Саудиска Арабија остави кометар со наслов „Помеѓу вредностите и реалноста“ за луѓето кои го критикуваат Ал Шугери и неговата програма. Понатаму, Нахар од Обединетите Арапски Емирати, Џидо, јордански блогер кој живее во САД и египетскиот блогер Ахмед Басиони, имаат пишувано колку добар впечаток им оставила програмата и како би сакале некој ден нивните земји да бидат како Јапонија. Тие рекоа и дека би сакале еден ден да ја посетат Јапонија.

Мислам дека Ахмед Шугери беше одличен на Khawater годинава. Споменувањето на искуството на Јапонците за да изведе морални лекции е навистина генијално.

Мислам дека Ахмед Шугери беше одличен на Khawater годинава. Споменувањето на искуството на Јапонците за да изведе морални лекции е навистина генијално. Коментар на Reem од Јордан на Twitter.

Богерот Рим aл Салех од Саудиска Арабија пишува:

أحمد الشقيري في خواطره نجح في استقطاب المشاهدين من جميع الأعمار،ونجاحه لم يكن مصادفة فقد اختارالمواضيع التي تمثل جوهرالاسلام: القراءة حيث أول كلمة نزلت في القرآن هي اقرأ،النظافة(النظافة من الإيمان )،المعاملة (الدين المعاملة )،الحفاظ على البيئة والأرض ..
[…]
أحمد الشقيري يقول كلمته كل يوم ويمشي، ويتركنا نفخربشاب سعودي استطاع أن يقدم صورة جميلة للدين بعيدا عن الصورة المشوهة التي ينقلها لنا المتطرفون أو أولئك الذين لديهم حساسية من كلمة دين أو إسلام.

Ахмед aл Шугери успеа со неговата емисија Khawater да привлече гледачи од сите возрасти и неговиот успех не е случаен, затоа што тој за емисијата има избрано теми што се централен дел на исламот: Читање, затоа што првиот збор во Куранот е „Чита“; Лична хигиена (Личната хигиена произлегува од верата); начинот на кој се однесуваме со другите (Религијата е начинот на кој се однесуваш со другите); и зачувување на природата и на Земјата.
[..]
Ахмед aл Шугери, секој ден кажува што мисли и потоа си заминува. Тој нè остава горди на еден саудиски граѓанин кој успеа да создаде прекрасна слика за религијата, многу поразлична од искривената слика пренесувана од екстремистите или од оние што се алергични на зборовите религија и ислам.

Од друга страна, Subzero, Тунижанец којшто живее со неговата жена Bluerose и планира да се запише на мастер студии по електронско инженерство во Токио, пишува за едно негово разочарување, покрај фактот што е целосно восхитен од емисијата:

Начинот на кој Ахмед-сан зборува за Јапонија е одличен! Јас на многу сличен начин зборувам за земјата, а во некои случаи тој ги има дури и употребено истите зборови! Сепак, да бидам искрен, иако го сакам многу човекот, бев малку разочаран, па дури и лут, кога дознав дека бил во Токио и не се ни обидол да стапи во контакт со муслиманите што живеат таму. Навистина ќе направев сè за да зборувам со него и да му помогнам во шетањето низ Токио, како и да му дадам неколку предлози за програмата.

И на крај, саудискиот блогер Masha’al ги критикува луѓето што изразуваат восхит за програмата, а сепак не практуваат тоа што се проповеда и додава:

لنكف عن عقد المقارانات الفارغة إذا أعجبتنا طريقة الشعب الياباني لنبدأ بخلق مجتمع حضاري يناسبنا و نفصله على مقاس ثقافتنا وطريقتنا لنكوّن مجتمع إسلامي حضاري راقٍ لأن أغلب المحاور التي عرّج عليها البرنامج من القيم التي من المفترض ان نملكها كمجتمع مسلم , فــ النظافة من الإيمان والعمل المتقن شيء يحثنا عليه الدين والعلم رفع الإسلام مراتبه النظر للغييّر بإحترام وعدم إستحقار المهن شيء من صميم تعاملنا مع بعضنا البعض في الإسلام وغيرها الكثير يعني أننا لم نستورد شيء من الخارج نحن فقط لو أردنا التغييّر نصحح في موروثنا الذي غيّر فينا الكثير !

Треба да престанеме со празни споредби и со дискусии за тоа дали ни се допаѓа или не јапонскиот начин на живот и да почнеме да создаваме културно општество, прилагодувајќи ги нашите вредности и традиции за да направиме цивилизано муслиманско општество, затоа што најголемиот дел теми разгледувани во програмата произлегуваат од вредностите што треба да ги имаме како муслиманска заедница. На пример, религијата нè поттикна да се грижиме повеќе за нашата чистота и квалитетна работа. Понатаму, исламот многу ја цени науката и почитувањето на другите. Религијата ни забранува да мразиме други професии. Сите овие примери се наоѓаат во средиштето на начинот на кој се однесуваме еден со друг преку исламот, што значи дека не треба да увезуваме ништо од странство. Ако навистина сакаме да се промениме… треба само да го прилагодиме нашето наследство кое веќе има променето многу работи во нас!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.