Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

САД: Судири со полицијата во Питсбург на самитот на групата Г-20

Анти-капиталистички, анти-воени групи, анархисти, групи за заштита на околината и загрижени граѓани се собраа во Питсбург, во четвртокот на 24 септември за да протестираат против негативните ефекти од глобалниот корпоративен капитализам за време на одржувањето на самитот на светските лидери од групата Г-20.

Протестант уапсен во Питсбург. Криејтив комонс фотографија од Flickr корисникот <em>america.gov</em>

Протестант уапсен во Питсбург. Криејтив комонс фотографија од Flickr корисникот america.gov

Групата Г-20 е составена од лидери на 19 најбогати земји и претставници на Европската Унија. Претседателот Обама е домаќин на состанокот оваа година и главна тема на дискусијата е глобалната економска криза. Критичарите велат дека состанокот е недемократски и таен. Слични се и барањата за да се постават „луѓето пред профитот“.

Една група којашто се нарекува Народен караван низ Пенсилванија, патуваше и го постави на својот блог патувањето низ државата Пенсилванија, а пред самитот ги повика поддржувачите да и се придружат за време на маршот во Питсбург. Тие го подготвија овој аудио-извештај за луѓето кои ги среќаваат по патот, опишувајќи им ги нивните сопствени економски проблеми.

Полициска репресија

Демонстрантите беа дочекани од многубројни вооружени полициски сили, кои употребија солзавец, спреј со црн пипер, гумени куршуми и звучно оружје. Околу 19 демонстранти беа уапсени во четвртокот. Додатни демонстрации беа планирани за во петок на 25 септември, според информацијата објавена на веб сајтот Проект за отпор против Г-20 (G-20 Resistance Project's website) во Питсбург.

Проектот Г-Бескрај (G-Infinity) на Индимедиjа (Indymedia) од Питсбург ги собра хронолошки настаните со помош од постојаните вести од граѓанските медиуми, вклучувајќи и извори од радио, од Twitter, мобилни телефони и видео извештаи. Исто така, тие ги поставија судирите со полицијата на мапа на Google која ги прикажуваше случувањата низ целиот град.

Следното видео од YouTube од Соул Пит ТВ (Soul Pitt TV), канал воден од вебсајтот на афро-американската заедница во Питсбург, го прикажува славеничкиот дух меѓу различните луѓе кои се појавија да протестираат на 24-ти, кое беше наречено The People's Uprising (Побунување на народот):

Телевизијата Soul Pitt го опишува видеото:

Сурово видео од демонстрантите против Г-20 како го напуштаат паркот Арсенал во Лоренсвил кај четвртата и Пен улица и си прават пат до центарот на Питсбург за да протестираат за самитот на Г-20. За жал, овие демонстранти не ја поминаа 34-тата улица затоа што им беше фрлен солзавец и толпата беше принудена да се врати во паркот.

Корисникот на YouTube thetwos постави голем број на видеа, каkо ова подолу, кое Mарк Парент (@mparent77772) и многу други на Twitter го опишаа како „звучно воено оружје“.Напис во весникот NYTimes вели дека за прв пат се користи звучен топ за контрола на толпа во САД.

Во одбрана на граѓанските права

Американската унија за граѓански права ги собира поплаките од обезбедувањето околу Г-20 на нивната веб страна.

АКЛУ (ACLU) исто така има и отворена телефонска линија која нуди правна поддршка на демонстрантите во паркот дека нивните граѓански права за мирно собирање можеби се прекршени. Полицијата тврди дека многу од демонстрантите биле „незаконски собрани“ додека организаторите на главниот протест вели дека го следеле официјалниот протокол за добивање дозвола. АКЛУ од Пенсилванија ја тужеше градската власт за да ја принуди да издаде дозвола за неколку групи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.