· февруари, 2011

Написи за Владеење од февруари, 2011

Македонија: Реакции на владината кампања против абортусот

Повторното активирање на кампањата на Владата на РМ „за објаснување на последиците од абортусот“во текот на зимските празници предизвика низа реакции од блогери и од граѓански организации кои во тоа главно гледаат зачеток на обид за враќање на Македонија во средниот век.

Македонија: Global Voices презентиран во ТВ емисија

Авторот на GV, Филип Стојановски беше интервјуиран во ТВ емијата Ние на тема “Кале, Интернет, политички партии, Facebook!? А кој е крив?”, каде зборува за улогата на граѓанските медиуми и Global Voices. Емисијата исто така вклучува сегмент од говорот на TED на Итан Зукерман.

Саудиска Арабија: Бегајќи, поранешниот претседател на Тунис, Бен Али слета во Саудиска Арабија

Во петокот, набрзо откако сега веќе поранешниот претседател Зин Ел Абидин Бен Али (Zine El Abidine Ben Ali) избега од Тунис, блогерите и корисниците на Твитер почнаа да дебатираат околу тоа каде ќе слета неговиот авион. Некои сметаа дека ќе се упати кон Франција, а пак други мислеа дека ќе се...

Египет: Повторно онлајн, автор на Глобални гласови ја споделува неговата сторија

Тарек Амр, член на тимот на Глобални гласови од Египет, од 26 јануари беше офлајн кога владата ги принуди сите провајдери да престанат да работат. Денес, со враќањето на интернетот, тој ја споделува својата сторија: Не присуствував на првиот ден од револуцијата. Малку бев исплашен, недоволно убеден дека тоа ќе промени...

Египет: Нашиот херој, Ваел Гоним

Веќе со денови, Египќаните насекаде го бараат Ваел Гоним, раководителот на Гугл кој исчезна на 27 јануари. Денес, после многу шпекулации, Гоним беше ослободен. Самиот Гугл беше меѓу првите кои ја објави веста на Твитер: Големо олеснување–Ваел Гоним е ослободен. Поздрав до него и неговото семејство. Неколку часа после неговото...

Авганистан: Протест во Кабул против иранската влада

Во четвртокот, пред иранската амбасада во Кабул, Авганистан, авганистански протестанти штрајкуваа против начинот на кој во Иран се постапува со авганистанските доселеници и бегалци, како и против тековната блокада на приливот на гориво од страна на Иран. Денешниов штрајк го организираше Авганистанската партија за солидарност. Иранската влада вели дека целта на блокадата...

Македонија: Реакции на инцидентот на Кале и говорот на омраза

По масовната тепачка меѓу етнички македонски и етнички албански групи на скопско Кале, медиуми посетувани од жители на Македонија вриеја од говор на омраза и реакции на него.

Јордан: Ослободете го Тахир Насар!

Набљудувачите на човекови права објавија претходно во декември дека Тахир Насар, адвокат и поранешен парламентарен кандидат, бил уапсен и притворен во јорданскиот затвор поради „разгорување на секташки судири“. Навредата поради која бил казнет Насар бил всушност неговиот изборен манифест во кој ја истакнал дискриминацијата против Јорданците со палестинско потекло. Насар,...

Куба: Што велат вестите од Хавана? (Дел II)

  16 февруари 2011

Шпекулациите за здравјето на поранешниот претседател на Куба, Фидел Кастро Руз, беа една од главните теми дискутирани во разни написи откриени од Викиликс. Во овој втор дел од серијата написи, нашата авторка Елејн Диаз ја анализира содржината на контроверзните дипломатски преписки.

Иран: Снимки од денешните протести

И покрај владината забрана, Иранците денеска демонстрираа во неколку градови, вклучувајќи ги и Техеран (слика погоре), Шираз, Исфахан и Рашт. Иранската опозиција побара дозвола да демонстрира од солидарност со египетскиот и тунискиот народ, но исламскиот режим го игнорираше барањето. Според медиумските извештаи, онлајн кружат вести за судири помеѓу демонстрантите и...