Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Египет: Повторно онлајн, автор на Глобални гласови ја споделува неговата сторија

Тарек Амр, член на тимот на Глобални гласови од Египет, од 26 јануари беше офлајн кога владата ги принуди сите провајдери да престанат да работат.

Денес, со враќањето на интернетот, тој ја споделува својата сторија:

Не присуствував на првиот ден од револуцијата. Малку бев исплашен, недоволно убеден дека тоа ќе промени нешто, а исто така претпочитам да следам такви настани на твитер или фејсбук наместо да учествувам во истите.

Тарек на неодамнешно патување во Лондон

Откако интернетот беше изгаснат, сепак, Тарек реши да излезе надвор. Тој објаснува:

Два дена потоа, владата ги исклучи мобилните телефони, интернетот, блекбери и сите останати начини на комуницирање. Тие мислеа дека ќе можат да ги спречат луѓето да комуницираат и да организираат понатамошни демонстрации. Но впрочем таквиот информациски мрак ме натера мене, како и многумина други, да излезам на улица и да учествувам во „петокот на бесот“.

Тарек ја споделува својата сторија од петокот, 28 јануари, „денот на бесот“:

Повторно, бруталноста на полицијата не запре. Беа употребени гумени куршуми, солзавец дури и смртоносни куршуми на различни места во Египет. Даваа сè од себе да ги спречат демонстрантите да ги преминат мостовите и да стигнат до плоштадот Тархир.  Се обидовме да преминене на повеќе мостови во различни области, но бевме соочени со истиот отпор на полицијата, сè додека не се воведе полициски час, а јас претпочитав да се вратам дома, заедно со многумина други.

"Одлетај Мубарак!" пишува на овој графит. Фото: Тарек Амр.

Тој го споделува чувството искажано од страна на многумина Египќани, чувството на чекање:

Во следните три дена, сите безбедносни сили и полицајците полека се проретчија од улиците.  Демонстрантите останаа на плоштадот Тархир, повикувајќи на протест/ марш од милион луѓе во вторник. Луѓето дома живееја во состојба на терор, носеа стапови и ножеви и секоја вечер ги поминуваа ноќите по улиците, штитејќи ги своите домови и бизниси. Луѓето сами ги расчистија улиците и заштитија некои од владините и националните згради. За време на овие три дена, со секоја ваша посета на плоштадот Тархир, стекнувате впечаток дека Мубарак сигурно си ги пакува работите за да ја напушти претседателската палата, за потоа со само еден поглед на националната телевизија да поверувате дека тој се подготвува за повеќе од триесет години владеење во палатата.

Слика од улиците на Каиро. Фото: Тарек Амр

Тарек ја изразува несигурноста со која се соочува по деновите на револтот во родното Каиро:

И уште еднаш, Мубарак ми предизвика променливи емоции. Бев среќен по неговиот говор. Иако не даде оставка, тој вети дека нема да се кандидира на следните претседателски избори и вети исто така дека  ќе го остави парламентот да ги уреди деловите од уставот кои го ограничуваат бројот на претседателски кандидати само на членови на НДП или оние кои се одобрени од партијата. Но, малку подоцна, се запрашав, не е ли ова само уште еден маневар на претседателот…

Тој заклучува:

Сè уште сум збунет. Навистина не можам да кажам дали демонстрантите ги добија барем поважните свои барања, или пак, револуцијате беше убиена. Не сум единствениот кој е збунет во ситуацијава, многумина демонстранти се збунети исто така.  Некои велат дека треба да останат и повикуваат на уште еден протест в петок, а други ги повикуваат луѓето да си отидат дома и во целост да прекинат со протестите. Сè уште ништо не е сигурно, но во едно сум сигурен: Египет се променува. Сè уште се сеќавам на кутрата жена што ја сретнав на Тархир, која ја сумира целата ситуација во два збора. Таа ми рече: -„пред неколку години бев толку исплашена од секој полицаец, а денес протестирам против шефот на државата“.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.