Иран: Снимки од денешните протести

И покрај владината забрана, Иранците денеска демонстрираа во неколку градови, вклучувајќи ги и Техеран (слика погоре), Шираз, Исфахан и Рашт. Иранската опозиција побара дозвола да демонстрира од солидарност со египетскиот и тунискиот народ, но исламскиот режим го игнорираше барањето.

Според медиумските извештаи, онлајн кружат вести за судири помеѓу демонстрантите и безбедносните сили во Техеран, главниот град на Иран.  Според овие извештаи, илјадници демонстранти марширале на улиците на Енгелхаб и Азади (кои се поврзани и создаваат права патека низ центарот на градот), со големо присуство на плоштадот Енгелхаб и улицата Вали-Аср.

Снимки од денешните настани почнаа да се појавуваат онлајн.

Небото не е граница

Демонстрант подигна слика од маченик на Зеленото движење на кран во Техеран. Безбедносните сили бргу го симнаа, но неговото храбро дело долго време ќе биде споделувано преку граѓанските медиуми.

http://www.youtube.com/watch?v=nHHAdoKaRps

И судири во Техеран

На оваа снимка, може да се види како демонстранти во Техеран ја горат сликата на Ајатола Хомеини.

http://www.youtube.com/watch?v=Uasp1xgyFzw

Исфахан е долу со диктаторот

Во Исфахан се пријавени протести и судири помеѓу демонстрантите и полицијата.

http://www.youtube.com/watch?v=Z1faKw4SD2M

Големо воено присуство во Машхад

http://www.youtube.com/watch?v=MVdCAPe0qU0

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.