Египет: Нашиот херој, Ваел Гоним

Веќе со денови, Египќаните насекаде го бараат Ваел Гоним, раководителот на Гугл кој исчезна на 27 јануари. Денес, после многу шпекулации, Гоним беше ослободен.

Самиот Гугл беше меѓу првите кои ја објави веста на Твитер:

Големо олеснување–Ваел Гоним е ослободен. Поздрав до него и неговото семејство.

Неколку часа после неговото ослободување, Гоним даде две интервјуа. Првото, поставено на Твитер од страна на  @ХабибХ, е подолу, со преведена верзија достапна на Жив во Египет:

Второто, за ДримТВ, беше пренесувано во живо и поставено на Твитер во живо од страна на новинарот Султан Ал Касеми, кој набрзо го преведе интервјуто на англиски. Следуваат неколку изјави на Гоним преземени од Твитер:

Ваел @Гоним: Тие сакаа детали, информации. “Дали луѓето кои го испланираа ова се од надвор?” Ние не направивме ништо лошо, ова беше апел

Ваел @Гоним: Египетските државни ТВ канали не ја прикажаа вистината, затоа сега луѓето ги гледаат приватните канали

Ал Касеми го заокружи пишувањето на Твитер со оваа изјава:

Последните зборови на Ваел @Гоним: Сакам да им кажам на семејствата кои ги загубија своите синови дека ова не е наша вина. Виновни се оние кои грчевито се држат на власт.

Интервјуто е исто така достапно (на арапски) на  ЈуТуб и е транскрибирано тука.

Египќаните и другите на Твитер беа освоени од интервјуто на Гоним, многумина нарекувајќи го херој. @ЕгипетСекуларист пишува:

Ова е пресвртна точка во револуцијата. Емоциите на @Гоним ќе дадат поголема одлучност за #тахрир. Утрешниот ден ќе биде голем.

@СараМонеир исто така ја искажува нејзината благодарност:

Египет плаче… се давам во сопствените солзи. БОГ ДА ТЕ БЛАГОСЛОВИ @Гоним

@КаироДевојка Шерин Елбанхави исто така му ласка на Гоним:

@Гоним Ние сме толку горди на тебе. Никој не те обвинува. Ти си вистински патриот. Те сакаме. Држи ја главата високо исправена. Ти го ослободи  #Египет #јан25

Новинарот од Каиро Бен Ведеман (@bencnn) се согласува:

интервјуто на ваел @гоним на ДримТВ: Потресно. #јан25 #Египет #тахрир

Египетскиот новинар @СараКар ги гледа работите на ист начин:

Следниот пат кога некој ќе се посомнева во логиката на окупирањето на Тахрир нека го гледа интервјуто на  @гоним #јан25

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.