Авганистан: Протест во Кабул против иранската влада

Во четвртокот, пред иранската амбасада во Кабул, Авганистан, авганистански протестанти штрајкуваа против начинот на кој во Иран се постапува со авганистанските доселеници и бегалци, како и против тековната блокада на приливот на гориво од страна на Иран. Денешниов штрајк го организираше Авганистанската партија за солидарност. Иранската влада вели дека целта на блокадата е да се спречат силите на НАТО да дојдат до горивото.

Палење на фотографии од ирански предводници

Овој видео запис прикажува како штрајкувачите палат фотографии од главниот водач на исламската република Али Каменеи (Ali Khamenei) и претседателот Махмуд Ахмадинеџад (Mahmoud Ahmadinejad). Луѓето ракоплескајќи извикуваа: -“Долу Ахмадинеџад и Каменеи.”

Ирански затвореници, авганистански жртви

Радио Кучех (Radio Koocheh) објави неколку фотографии од денешниот штрајк. Авганистанските штрајкувачи носеа фотографии од авганистански жртви и заробени ирански политички активисти (горе).

Радио Кучех пишува дека десетици штрајкувачи фрлаа камења по иранската амбасада во Кабул.

Портегал Фруш (Porteghal Froosh) (значи Портокалов продавач) пишува [фарси] дека изминатиот петок, на 7 јануари, имаше уште еден штрајк против одлуката на исламската република да се блокираат 200 танкери со гориво од влез во Авганистан. Блогерот пишува дека блокадата предизвикала покачување на цените на горивото… Авганистанската влада ја обвини иранската политика за кршење на меѓународните закони.

Егхестад Авганестан (Eghtesad Afghnestan) (значи Авганистанска економија) пишува [фарси] дека Авганистан го увезува целокупното гориво и дека 30% доаѓаат од Иран.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.