· јуни, 2009

Написи за Владеење од јуни, 2009

Иран: Неда станува симбол на демонстрантите

  26 јуни 2009

Иранското движење на протест сега има симбол и лице: Неда. Неда беше Иранка којашто беше застрелана од Басиџ полицијата во саботата за време на протест во којшто учествуваа илјадници против резултатите од претседателските избори одржани во Иран и коишто го прогласија Махмуд Ахмадинеџад за претседател. Нејзината смрт беше снимена на...

Казахстан: Застој во образованието

Проблемот со учебниците за основно училиште е сè уште многу важен. Карактеристика на овие книги се многубројните печатни грешки, грешки во однос на фактите и несоодветен јазик. Неодамна, министерот за образование ја извести владеачката партија за неговата активност и рече дека министерството не е виновно за ова, затоа што наводно...

Иран: Да се гласа или да не се гласа

Дали да се гласа или да не се гласа, со други зборови, дали да се учествува на изборите или да се бојкотираат изборите е една од главните теми за време на иранските претседателски избори. И покрај тоа што неколку опозициони групи повикаа да се бојкотираат претседателските избори на 12-ти јуни,...

Русија: „Јас сум русофобичен”

Корисникот на LJ rusanalit, популарен руски блогер кој најчесто објавува провокативни постови за економијата во Русија, го објави овој потсмеjувачки проглас (руски) на својот блог на 10ти Јуни, забележувајќи со иронија дека оние кои се обидуваат да го критикуваат минатото и иднината на Русија често се нарекувани русофобични од страна...

Русија, Америка: Реакции на приказната за бездомници кои пристапуваат на интернет

На почетокот на овој месец, рускиот портал за социјално вмрежување Habrahabr.ru објави фотографии и преведен текст (руски) од изданието на 30 мај на Wall Street Journal за онлајн присутноста на американските бездомници – На улица и на Фејсбук: Бездомниците остануваат поврзани. Оригиналната англиски приказна поттикна 93 коментари. На Habrahabr.ru, моментално...

Перу: Поради ниските температури во Пуно умираат деца

Освен за 16-те случаи на H1N1 во Перу, на насловните страници на најважните весници во Лима нема многу простор за 133-те деца кои починаа [шпански] поради сезонскиот грип предизвикан од ниските температури во јужниот дел на земјата, особено во регионот на Пуно. Блогерите ја забележија разликата во опфатеноста на вестите...

Венецуела: Интернетот како приоритет

Кога венецуелската влада го донесе декретот бр. 6649, крена црвени знамиња помеѓу онлајн заедницата поради можните влијанија врз образованието, истражувањето и други полиња важни за развојот. Декретот се обидува да ги елиминира „луксузот“ или „непотребните трошоци“ помеѓу јавните трошоци, меѓу кои и интернетот. Како резултат, беше креирана онлајн кампањата Internet...