Куба: Што велат вестите од Хавана? (Дел II)

*Ова е вториот дел од серијата написи. Ве молиме прочитајте го првиот дел тука.

На 31 јули 2006г., Фидел Кастро Руз, заради критичната состојба на неговото здравје, привремено се откажа од претседателството на Државниот Совет и како негов заменик го назначи својот брат Раул Кастро Руз. Две години подоцна, на 18 февруари 2008г., поранешниот претседател испрати една порака во која соопшти:

No aspiraré ni aceptaré- repito- no aspiraré ni aceptaré el cargo de Presidente del Consejo de Estado y Comandante en Jefe (…) No me despido de ustedes. Deseo solo combatir como un soldado de las ideas. Seguiré escribiendo bajo el título Reflexiones del compañero Fidel.

нема да тежнеам, ниту пак ќе ја прифатам, повторувам,  нема да тежнеам, ниту пак ќе ја прифатам позицијата на претседател на Државниот Совет и  Командант (…) Не велам збогум. Мојата единствена желба е да се борам како војник на идеите. Ќе продолжам да пишувам под насловот Мислите на другарот Фидел.

¿Што е Револуција? Фотографија на корисникот consumerfriendly. Издадена под КК Лиценца.*

Уште од почетокот на 2006г., започнаа да се шират гласини во врска со здравјето на Фидел Кастро, но една вест од април 2006г. ги негира овие претпоставки со изјавите на една група на руски функционери кои се сретнаа со поранешниот претседател и го опишаа како „ рационален и со добро здравје“.

Здравјето на Фидел започна да се влошува, што беше одлучувачки фактор за неговата подоцнежна одлука за поднесување на оставка. Здравјето на претседателот беше повод за деталниот извештај, кој во март 2007г., го објави Мајкл И. Пармли,  одговорниот на  Одделот за интереси на САД во Хавана. Во извештајот, беше предвидено „постепено влошување на физичкото и менталното здравје на Кастро, кое ќе заврши со негова смрт“ и го посочи овој момент како одлучувачки за „суштинска промена“ на островото. Две години подоцна, во јануари 2009г., Џонатан Д. Фарар, испрати  една порака со „шпекулации за здравјето на Фидел“, во кое ја најавуваше смртта на претседателот врз основа на неговото отсуство од јавноста и од неговите вообичаени пораки до неа, но исто така рече дека не очекува на островот да отпочнат „насилни протести ниту пак да се појави бран на имигранти“.

Паралелно на дебатата за здравјето на Фидел, во центарот на вниманието беше и владината администрација на сегашниот претседател и генарал на Армијата, Раул Кастро Руз. Една вест објавена преку Викиликс на 18 јануари, а датирана од јули 2008г. во Хавана, ја сумира средбата којашто ја имаше кубанскиот претседател со Министерот за надворешни работи на Бразил, Селсо Аморим, одржана помеѓу 30 и 31 мај истата година.

На средбата, кубаскиот лидер рече дека, согласно со зборовите на директорот на бразилската амбасада во Куба, Вилмар Кутињо:

no tenía intención de eliminar la tarjeta blanca [permiso de salida] en un futuro cercano ya que esto provocaría un éxodo masivo de cubanos principalmente hacia México y podría deteriorar las relaciones bilaterales con esta nación

тој немаше намера да ја  отстрани „белата карта“ [дозвола за излез од земјата] во блиска иднина, бидејќи тоа би предизвикало масовен егзодус на кубанските маси кон Мексико, што би ги оштетило билатералните односи со оваа нација.
Елиминацијата на дозволата за излез е едно одамнешно барање на кубанските граѓани. Согласно со еден универзитетски професор кој претпочита да остане анонимен, на референдумот кој се одржа пред четири години по барање на Раул Кастро,  една од најдискутираните теми беше укинувањето на оваа дозвола.

Политичкиот научник Армандо Чагуаседа објаснува дека дозволата за излез „не е само неважечка, туку исто така, ги повредува човековите права“. Се чини дека постои едно огромно општо прифаќање на последиците од укинувањето на дозволата за излез помеѓу кубанските интелектуалци и уметници, од кои некои се членови на Здружението на писатели и уметници на Куба (Unión de Escritores y Artistas de Cuba (UNEAC)) и исто така помеѓу значајни претставници на националната култура, како на пример пејачот и автор Пабло Миланез.

Исто така, на Фејсбук се формирани групи со цел да се рашири оваа порака во прилог на укинувањето на дозволата за излез и многумина од членовите на овие групи, во моментот живеат на островот.  Меѓутоа, укинувањето на дозволата за излез ќе остане еден  неплатен долг. Во директивите за економската и социјалната политика на VI Конгрес на комунистичката Партија на Куба (PCC), оваа тема не се наоѓа на дневниот ред на теми кои ќе бидат дискутирани во ниедно од дванаесетте поглавја и се чини дека веста откриена од Викиликс го потврдува одбивањето на владата да се осврне на ова барање во догледна иднина.

*Ова е вториот дел од серијата написи. Ве молиме прочитајте го првиот дел тука.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.