Написи за Русија

Интел го затвори нивниот форум за девелопери на руски јазик

Рунет Ехо  12 јануари 2015

Американската технолошка корпорација Интел ги затвори нивните популарни форуми за девелопери на руски јазик, одненадеж прекинувајќи го блогирањето и коментирањето на руски јазик на нивната платформа. Руските девелопери се уште се добредојдени на форумите на Интел на англиски јазик, кои се хостирани во странство и на веб-сајтови на трети лица (како руската онлајн...

Руските обвинители велат дека реакцијата на еден човек кон етничките немири била говор на омраза

Адвокс  8 јануари 2015

Помина повеќе од година откако Константин Санков напиша наводно расистички коментар на Вконтакте, најпопуларната руска социјална мрежа. Оваа недела, тој можеби ќе плати за истиот. Во октомври 2013, избувнаа протести во московското предградие Бирјуљово по убиството на маж со руско етничко потекло, наводно од рацете на Азербејџанец. Константин Санков, етнички Русин...

Рускиот споменик на Стив Џобс, демонтиран во знак на протест поради објавата на Тим Кукс дека е геј, ќе биде понуден на аукција во странство

Рунет Ехо  30 декември 2014

Контроверзниот руски споменик на Стив Џобс е повторно вест. Во форма на Ајфон и нешто повисок од шест стапки (1.9м), статуата припаѓа на Западно-европската финансиска Унија (ЗЕФУ), кои ја поставија во дворот на државниот универзитет за информациски технологии Санкт Петербург во 2013, потоа ја отстранија минатиот месец, како чин на осуда кон...

Опаѓа интернет економијата во Русија, попречена од кризите и рестриктивните регулативи

Рунет Ехо  14 ноември 2014

Иако се чини дека руската интернет економија е во пораст, подобар поглед на последните трендови сугерира дека истата успорува поради економската криза во земјата, како и драконските легислативи на интернетот.  Студија на перформансите на руските интернет бизниси направена од Руската асоцијација на електронски комуникации (РАЕК) и Високата економска школа пронаоѓа дека...

Логото на Светското фудбалско првенство во Русија 2018 предмет на потсмев

Рунет Ехо  30 октомври 2014

На нешто повеќе од 200 милји над Земјата вчера, светската публика за првпат можеше да го погледне официјалното лого на следното ФИФА Светско фудбалско првенство, кое ќе се одржи во Русија за нешто помалку од четири години. Русија приреди шоу од самото откривање, давајќи им ја задача на нејзините три космонаути...

Русија ја зголемува цензурата на содржините од ИСИС на социјалните мрежи

Рунет Ехо  28 октомври 2014

Територијалните освојувања во изминатава година ја изненадија светската јавност, но некои од најизненадувачките успеси на ИСИС ни доаѓаат од сајбер просторот, каде е во подем присуството на групата на социјалните мрежи. Користејќи Твитер, Инстаграм, и Јутјуб, како и разни интернет мемиња, ИСИС објавува видеа и фотографии, во кои често се прикажани...

Нема место во Крим за блогерот Лиза Богутскаја и нејзините про-украински ставови

Рунет Ехо  29 септември 2014

Овој напис е дел од екстензивната студија на РуНет Ехо на блогосферата на руски јазик во Источна Украина. Истражете ја серијата од целосни интервјуа на страницата Источна Украина без филтер. Фејсбук профилот на Лиза Боготскаја има над 20.000 следбеници. Иако страницата на оваа девојка од Симферопол беше првично наменета за социјални контакти и дружење, и таа не...

Русија укажува: „Интернетот шири екстремизам“

Рунет Ехо  11 септември 2014

Министерството за внатрешни работи на Русија изготви нацрт десетгодишна стратегија за борба против насилниот екстремизам, којaшто според федералниот закон вклучува сѐ, од дела на омраза до вооружена револуција. Сoгласно овој долгорочен план, неовластено објавен во весникот Kommersant, властите строго би ги казнувале изворите на екстремистички информации за да поттикнат отпор...

Хакнат Твитер профилот на рускиот премиер Димитриј Медведев

Рунет Ехо  25 август 2014

Пред неколку часа, хакери накратко првзедоа контрола врз Твитер профилот на Рускиот премиер. Групата Анонимуси Интернационал (на која РуНет Ехо направи профил во јуни) потоа презема одговорност. Како претседател, и особено како премиер, Димитриј Медведев е мета на многу шеги во Русија, каде политичките познавачи ја предвидуваа неговата оставка уште откако тој дојде...

Сакате да користите јавно Ви-Фи во Русија? Дајте лична карта

Рунет Ехо  22 август 2014

Интернет корисниците во Русија повеќе нема да можат анонимно да користат Ви-Фи на јавни места. Руската влада сега ќе бара од личностите кои се закачуваат на јавни Ви-Фи мрежи да покажат пасош или лична карта. Личните податоци ќе бидат снимени и зачувани од Интернет провајдерите, заедно со податоци за уредот...