На нешто повеќе од 200 милји над Земјата вчера, светската публика за првпат можеше да го погледне официјалното лого на следното ФИФА Светско фудбалско првенство, кое ќе се одржи во Русија за нешто помалку од четири години. Русија приреди шоу од самото откривање, давајќи им ја задача на нејзините три космонаути кои во моментов престојуваат на Интернационалната вселенска станица.
Преносот во живо од откривање на логото на овој фудбалски турнир беше во ударните термини на руските телевизии. Непосредно потоа, спортски официјални лица исто така го прекрија театарот Бољшој во импресивно светлосно шоу, со нарација на миграцијата на купот од Бразил до Русија.
Да се биде домаќин на Светското првенство, најпопуларниот спортски настан на планетава, сигурно ќе биде голем момент за Русија на светската сцена, каде репутацијата на Москва е оштетена во последните неколку месеци, откако насилствата во Украина ја избледеа добрата волја која се создаде од Зимските олимписки игри во Сочи.
Мора да се признае, добрата волја е исто така во дефицит помеѓу корисниците на социјалните мрежи во Русија, и логото за Светското првенство во 2018 стана мета на исмевање во моментот кога се објави. РуНет Ехо ви претставува некои од шегите кои циркулираат на Твитер на руски јазик.
— Лентач (@oldLentach) 28ми октовмри, 2014
Душевненько pic.twitter.com/O7h1AWTUpZ
— Иосиф Сталин (@StalinGulag) 29ти октомври, 2014
Трогателно.
— _ (@sobaka__) 28ми октомври, 2014
Обратная сторона ЧМ-2018. pic.twitter.com/mBQZDMfbHR
— Белка Пекарь (@BBelbro) 29ти октомври, 2014
Светското првенство 2018 [гледано од] другата страна.
Ахаххах pic.twitter.com/MbAD53g8pz
— Рустем Адагамов (@adagamov) 28ми октомври, 2014
Aхаххах.
Вот тоже отлично сделано) pic.twitter.com/3C0UkvjptB
— Олег Океанч (@olegnovikovkh) 28ми октомври, 2014
Ова е доста добро направено. 🙂
Самото лого не е всушност од Руско производство. Дизајнот припаѓа на БрандиаЦентрал, агенција за брендирање базирана во Португалија која победи шест други, вклучувајќи и руски, компании.