Рускиот споменик на Стив Џобс, демонтиран во знак на протест поради објавата на Тим Кукс дека е геј, ќе биде понуден на аукција во странство

Steve Jobs shows off the iPhone 4 at the 2010 Worldwide Developers Conference, 8 June 2010, photo by Matthew Yohe. CC 3.0.

Стив Џобс го покажува Ајфон 4 на Светската конференција на девелопери, 8 јуни 2010, фотографирано од Метју Јох. CC 3.0.

Контроверзниот руски споменик на Стив Џобс е повторно вест. Во форма на Ајфон и нешто повисок од шест стапки (1.9м), статуата припаѓа на Западно-европската финансиска Унија (ЗЕФУ), кои ја поставија во дворот на државниот универзитет за информациски технологии Санкт Петербург во 2013, потоа ја отстранија минатиот месец, како чин на осуда кон објавувањето на извршниот директор на Епл, Тим Кук, дека е геј. Вестите, за она што се чини хомофобична причина, за отстранувањето на споменикот предизвикаа глобални критики. Од универзитетот Санкт Петербург, сепак, тврдеа дека споменикот ќе биде вратен откако ЗЕФУ ќе ги направи потребните поправки.

Сега се чини дека е јасно дека огромниот руски Ајфон споменик нема да се врати. Во текот на денот, 1ви декември, ЗЕФУ објавија дека ќе ја продадат на аукција статуата на било кој, што ќе вети дека ќе ја однесе во странство. Почетната цена е 5 милиони рубљи (околу $95.000 американски долари). „Базирано на интерно гласање, компанијата одлучи да одржи аукција. Околу половина од оние кои гласаа беа против идејата да се врати споменикот на неговото место во Санкт Петербург“, ЗЕФУ објаснија во обраќање кон медиумите.

Screen capture from ZEFS's website, where it advertises the auction for its Steve Jobs monument.

Скриншот од веб-сајтот на ЗЕФУ, каде се рекламира аукцијата на нивниот споменик на Стив Џобс.

Технички, аукцијата веќе е во тек, иако ЗЕФУ изјавија дека се уште не добиле добра понуда. Се чини дека компанијата добива понуди на влезната страница од нивната главна страница, доста чудно низ нивниот генерален интерфејс за добивање фидбек.

По отстранувањето на споменикот на Џобс, Вконтакте лансираа „Спасете го Стив“, јавно нудејќи да ги покријат сите трошоци за поправка и да ја постават статуата во нивните главни канцеларии, кои исто така се наоѓаат во Санкт Петербург. Како одговор на денешната изјава на ЗЕФУ дека статуата чини 5 милиони рубљи и доаѓа со ветување да биде отстранета од Русија, прес секретарот на Вконтакте Ѓорѓи Лобушкин изјави дека неговата компанија нема да учествува во таква „фарса“. Без да даде конкретни ветувања, Лобушкин рече дека Вконтакте ќе земе предвид изградба на нивни сопствен споменик на Џобс.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.