Хакнат Твитер профилот на рускиот премиер Димитриј Медведев

Dmitry Medvedev's Twitter snafu. Images mixed by Kevin Rothrock.

Твитер забуната на Димитриј Медведев. Фотографија на Кевин Ротрок.

Пред неколку часа, хакери накратко првзедоа контрола врз Твитер профилот на Рускиот премиер. Групата Анонимуси Интернационал (на која РуНет Ехо направи профил во јуни) потоа презема одговорност. Како претседател, и особено како премиер, Димитриј Медведев е мета на многу шеги во Русија, каде политичките познавачи ја предвидуваа неговата оставка уште откако тој дојде на функција. Медведев го следи репутација на несмасни, понекогаш дури и глупави јавни настапи.

Под претпоставка одбран како втор-во-команда после Владимир Путин бидејќи е толку ненаметлив, Медведев беше во Кремљ од 2008 до 2012, кога неговиот интерес за блогови и социјални медиуми повеќе помогна, отколку што попречи, на развојот на рускиот интернет. Од враќањето на Путин како претседател и Медведев во премиерската улога, вербата во Медведев се намали до степен на слаба надеж дека тој тајно му се спротиставува на Путин и неговите планови. Кога Анонимуси Интернационал го хакнаа твитер профилот на Медведев, го сатиризираа токму овој сон.

РуНет Ехо преведе некои од позабавните твитови на хакираниот Медведев, кои беа избришани веднаш по преземањето на профилот од страна на Твитер .

1335602

Давам оставка. Се срамам од активностите на оваа влада. Простете.

Други хакнати твитови ја сатиризираат очекуваната одлука на руската влада за укинување на индивидуални штедни книшки во државниот пензиски систем. Еден високо рангиран владин претставник, Сергеј Белјаков, веќе го изгуби своето работно место, кога се осмели да се извини за одлуката на Фејсбук. Анонимус Интернационал исто така се шегуваше дека Медведев се противи на рускиот анекс на Крим, стекнување кое Русите го крстија едноставно “КримНаш,” или “Крим е Наш.” Токму оваа недела, Медведев беше фотографиран во Крим како потпишува мапа со овој слоган.

1335640 (1)

И не направивме ништо со пензискиот систем. Само Белјаков се искажа. Сите други се исплашија.

Конечно размислуваме за забрана на струјата. Посигурно е.

#КримНеЕНаш ве молам ретвитајте.

Некои од твитовите на Анонимус Интернационал преку профилот на Медведев се однесуваа на владината наредба на премиерот за донесување нови закони за јавен безжичен интернет пристап, вклучувајќи ја потребата за снабдување на интернет провајдерите со податоци од пасош.

1335626

И покрај нашите напори, одредени онлајн хулигани сеуште ни се с*рат на потребата од давање на бројот на пасошот за Ви-Фи пристап. 🙁 🙁 🙁

1335610

И, патем, во врска со “ВиФи со пасош” и други иницијативи кои ги водеше мојата влада за регулирање на Интернетот. Бевме присилени да го правиме ова [од Кремљ].

Многу од хакнатите твитови едноставно го критикуваат Руското водство—поточно Руската скорешна мода на забранување на работи.

1335624 (2)

Руските граѓани не би требало да страдаат бидејќи нивните лидери имаат проблем со здраворазумско резонирање.

Би можеле да се вратиме во 1980тите. Ова е тажно. Доколку ова е целта на моите колеги во Кремљ, тогаш тие наскоро ќе ја остварат.

Мислите дека некој во Јалта денеска ќе каже нешто важно? Се сомневам. Седам тука, и си мислам, која е е*аната поента?

1335606

Можеби би било подобро да ја забраниме струјата? Ветувам дека владата ќе ја разгледа таа можност наскоро. Но ќе го направи тоа без мене.

И Анонимуси Интернационал не би биле ништо доколку не алудираа на несмасната репутација на Медведев. Овој твит се однесува на вљубеноста на Медведев во фотографирањето, можеби алудирајќи на неговото неславно и срамно селфи во лифт.

1335604

Ќе станам слободен фотограф. Одамна го сонувам тоа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.