Опаѓа интернет економијата во Русија, попречена од кризите и рестриктивните регулативи

The RuNet economy is being stunted by government restrictions and a poor economic climate. Images mixed by Tetyana Lokot.

Економијата на РуНет е попречена од владини регулативи и слабата економска клима. Фотографии направени од Тетјана Локот.

Иако се чини дека руската интернет економија е во пораст, подобар поглед на последните трендови сугерира дека истата успорува поради економската криза во земјата, како и драконските легислативи на интернетот. 

Студија на перформансите на руските интернет бизниси направена од Руската асоцијација на електронски комуникации (РАЕК) и Високата економска школа пронаоѓа дека големината на РуНет бизнис сегментот (онлајн плаќања, провајдери на содржини и други услуги) се зголемила за 31% во 2013 во споредба со 2012. 

Моменталната вредност на веб економијата во Русија е околу 1.1 трилиони рубљи (малку повеќе од 25 милијарди американски долари), што претставува 1.6% од БДП-то на Русија (2.1 трилиони американски долари вкупно) во 2013. Податоците стануваат уште поспектакуларни кога студијата реферира на „интернет-зависните бизниси“, што ги вклучува сите компании кои го користат интернетот за продажба, маркетинг и комуникации, не само специјализирани онлајн бизниси. Вредноста на овој проширен сектор е вчудоневидувачки 10% од БДП-то.

Трендот на раст е веројатно дека ќе продолжи: експертите предвидуваат дека во 2014 РуНет економијата ќе порасне за дополнителни 30 проценти. За споредба, се очекува самата руска економија оваа година да стагнира, нарушена од интернационални санкции и други проблеми. 

Иако перспективите за раст се чинат оптимистички, работите всушност и не се така добри како што наведуваат бројките. Кумулативната вредност на руските интернет бизниси всушност покажа помал раст во 2013 споредено со 2012 (кога интернет економијата порасна за 39%). Бидејќи интернет економијата во Русија (како и економијата во целост) се уште е во развој, такво успорување претставува сериозен проблем.

Вредно за забележување е и тоа што растежот на РуНет економијата во 2014 беше во многу аспекти резултат на повисоките цени, кои се во пораст поради девалвацијата на рубљата која дојде со развојната економска криза. Тоа значи, вкупната вредност на добрата и услугите, продуцирани од интернет компании, расте во голем дел поради зголемените цени, а не поради зголемување на квалитетот. 

Во периодот јануари-октомври оваа година, стапката за размена на доларот во Русија се зголеми за 20%, и еврото за 30%. Некои експерти се сомневаат во тоа дали оптимистички предвидувања за пазар кој е зависен од увоз имаат смисла. Херман Клименко, директор на Асоцијацијата за развој на е-тргувањето вели дека правењето на проекции за судбината на веб бизнис сегментот е тешка задача.

Но мы не знаем, что нас ждёт в следующем году в экономике вообще. Пока же спрос на импорт продолжает падать, то есть ожидать роста рынка в целом можно с большой долей оптимизма.

Не знаеме што воопшто да очекуваме од економијата наредната година. Во меѓувреме, побарувачката на увозот опаѓа, така што можеме да очекуваме зголемување на пазарот само преку голема доза на оптимизам.

Како што забележуваат авторите на студијата, постои уште едно нешто кое и штети на руската интернет економија: кршењето на авторските права и пиратеријата. Пред една година 40% од интернет корисниците не беа подготвени да платат за онлајн содржини (многу РуНет корисници се навикнати да симнуваат филмови, музика и игри бесплатно од торент сајтови). Сега овој број е 50%. Само 22% од РуНет корисниците имаат било какво искуство со купување онлајн содржини. Експертите заклучуваат дека со опаѓањето на вкупната економија, многу купувачи ќе престанат да плаќаат такви содржини, и ќе почнат со поголемо искористување на истите без размислување за легалноста на постапките се додека тоа можат да го добијат бесплатно.

РАЕК и ХСЕ имплицираат дека почитувањето на авторските права ќе има придобивки по интернет индустријата, но тоа е далеку од докажан факт. Постојат извештаи за културата на споделување на содржини дека, всушност, истата не ја убива забавната индустрија и нуди неколку придобивки. Ставот на авторите на студијата е јасен: ХСЕ е универзитет финансиран од владата, која жестоко се бори со пиратеријата, и РАЕК е национална асоцијација на производители на содржини и индустриски лобисти, а никој од нив не ги фаворизира корисниците кои сакаат содржината да ја добијат бесплатно. 

Интересна точка во оваа студија на РАЕК/ХСЕ е тоа што во 2013 РуНет економијата се развиваше со иновативно сценарио, за разлика од оваа година. До крајот на 2014, експертите предвидуваат дека пазарот ќе успори, додека заработката од реклами и куповната моќ на потрошувачите ќе опадне. 

Нема јасни индикации во студијата дека експертите ги поврзуваат успорениот растеж и недостатокот од иновации со рестриктивната регулатива на интернет индустријата, но многу е кажано за новите строги интернет закони кои, помеѓу другото, бараат чување на податоци од руските корисници на сервери физички присутни во Русија и бараат поголем пристап на владата до мета-податоците и комуникациските записи кои ги чуваат интернет провајдерите. Колку и да е тешко да се измери директното влијание на легислативата на леснотијата за имање онлајн бизнис во Русија, забелешките за менувањето на трендовите кажуваат многу. 

Дали има светло на крајот на тунелот за руските интернет бизниси? Авторите на студијата сметаат дека е најдобро за е-бизнис компаниите да ја превземат иницијативата доколку сакаат да ги променат опаѓачките и успорувачките трендови. Постои надеж за руската интернет индустрија ако, според студијата, почне да сфаќа дека треба да се движи напред со свое темпо и да се обиде да ги промени трендовите на интернет регулативата во Русија од рестриктивни кон иновативни. 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.