Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Нема место во Крим за блогерот Лиза Богутскаја и нејзините про-украински ставови

Blogger Liza Bogutskaya braves the roads in Crimea in a car decorated with Ukrainian embroidery patterns and dresses in Ukrainian colors. Image from Facebook.

Блогерот Лиза Богутскаја се вози низ патиштата во Крим во автомобил украсен со типични украински везови и фустани во боите на Украина. Фотографија од Фејсбук.

Овој напис е дел од екстензивната студија на РуНет Ехо на блогосферата на руски јазик во Источна Украина. Истражете ја серијата од целосни интервјуа на страницата Источна Украина без филтер.

Фејсбук профилот на Лиза Боготскаја има над 20.000 следбеници. Иако страницата на оваа девојка од Симферопол беше првично наменета за социјални контакти и дружење, и таа не ја користеше за политички дискусии, нејзината отвореност против она што таа го гледа како руска илегална окупација на Крим ја направи омилена од про-украинците онлајн. Тоа исто така ја направи и непријател на Руската држава која сега раководи со Крим. 

Во понеделник, 8 септември, Богутскаја беше разбудена рано утрината од чудни гласови пред нејзината врата, по што следеле истрели од огнено оружје.

Когда я еще спала, я услышала голоса у себя во дворе. У меня частный дом, и приватный дом. Моя собака отреагировала. И ествественно выскочила на улицу. Я тогда услышала выстрелы. Стреляли в мою собаку. Они не убили собаку, но они прострелили щеку моей собаке.

Слушнав гласови пред мојата куќа додека спиев. Јас имам одделна куќа, не апартман. Моето куче реагираше. Инстинктивно таа се затрча кон улицата. И тогаш слушнав истрели. Тие пукаа на моето куче. Не го убија, меѓутоа му го ранија образот.

Набрзо се испоставило дека странците пред домот на Боготскаја се руски полициски сили кои дошле да извршат претрес на нејзината куќа.

Моя дочь успела схватить мой телефон и убежала быстро в другую комнату. Зашла в телефоне на мою страничку Фейсбука и написала что у нас дома обыск.

Ќерќа ми успеа да го зграби телефонот и истрча во друга соба. Таа се приклучи на мојата Фејсбук страница од телефонот и напиша дека ми вршат претрес во домот.

Луѓето кои го пребарувале домот на Богутскаја тврделе дека бараат оружја, дрога или „забранета литература“. Богутскаја ги опиша истражителите како

Четыре человека в масках… автоматчики крупного телосложения такого… человек в штатском… и два свидетеля, которых они привезли со собой… Это их лица, это не независимые лица.

Четворица маскирани… мажи вооружени со автоматски пушки, со крупна градба… една личност во цивилна облека, и двајца „сведоци“ кои тие си ги донесоа со нив… Тоа беа нивни луѓе, тие не беа непристрасни индивидуи.

Иако истражителите „ниту нашле, ниту подметнале“ било какви нелегални работи во домот на Богутскаја, тие ја конфискувале нејзината електронска опрема.

Они изъяли у меня компьютеры. Изъяли другие носители информаций, флеш-карты изъяли… и естественно все телефоны изъяли.

Тие ги конфискуваа моите компјутери. Конфискуваа и други електронски уреди, конфискуваа УСБ стикови и нормално мобилните телефони.

На прашањето од РуНет Ехо дали таа мисли дека претресот на нејзиниот имот е поврзан со содржината која таа ја пишува онлајн, Богутскаја беше недвосмислена. „Поврзано е, без никаков сомнеж“, – одговори таа.

After her house was searched, Liza Bogutskaya was detained and questioned for hours. Image from Shevket Namatullaev on Facebook.

Откако била пребарана нејзината куќа, Лиза Богутскаја била задржана во притвор и испрашувана со часови. Фотографија од Шефкет Наматулаев на Фејсбук.

Богутскаја исто така верува дека претресот бил поврзан и со локалните избори кои се одржаа во Крим во неделата, 14ти септември, и нејзината војља да пишува за маките на Кримските Татари, чии домови и џамии биле мета на рации во претходниве недели и чии лидери се истерани од Крим. Богутскаја исто така мисли дека претресот е поврзан и со нејзината огромна видливост во Севастопол (таа вози автомобил со украси од традиционални украински народни носии и често носи сина и жолта облека). 

Ну естественно это я все пишу, об этом я говорю… и всегда говорила достаточно смело и достаточно жестко. И разумеется что нынешним властям не нравится мое поведение и не нравится то, что я пишу обо всем и очень свободно передвигаюсь по городам, очень свободно себя чувствую.

Па нормално, пишувам за се. Зборувам за [тешката ситуација]… и секогаш зборував доста храбо и доста грубо. И логично е што на сегашниве власти не им се допаѓаше моето однесување и не им се допаѓаше тоа што пишував за се, патував низ градовите доста слободно, се чувствував прилично слободна.

Откако била испрашувана во улога на „сведок“ неколку часа, Богутскаја била пуштена на слобода. Чувствувајќи дека не може повеќе да пишува и зборува слободно за тоа што се случува во Крим, таа ја напушта територијата и сега е во Киев. Нејзе и станува јасно дека

Нужно уехать, потому, что мне не дадут возможность больше писать там. Я уеду. Смогу дальше писать. Смогу дальше говорить и я смогу доносить свои мысли до моих читателей.

Морав да заминам бидејќи ако останев таму немаше да имам можност и понатаму да пишувам. Заминав. Сега ќе можам да пишувам повеќе. Ќе можам да кажам повеќе и ќе можам да ги пренесам мислите на моите читатели.

Богутскаја верува дека нејзините постови на Фејсбук, кои често добиваат илјадници лајкови, воглавно им се допаѓаат на нејзините читатели поради емоциите кои резонираат од нив, во споредба со прилично сувопарното традиционално известување и анализи.

Я пишу свои статьи сердцем. Я стараюсь повлиять на эмоции людей, я стараюсь взывать к их эмоциям. Надо действовать так, чтобы люди могли оценить все, что происходит… Я думаю что, из-за того что я пишу сердцем… очень много рассказываю о своей семье, очень много рассказываю о своем прошлом, люди мне сочувствуют и понимают, что я не абстракт.

Пишувам од срце. Се обидувам да влијаам на емоциите на луѓето. Се обидувам да ги повикам емоциите на луѓето. Треба да правиме вака, за луѓето да би можеле да проценат што се случува… мислам дека поради тоа што пишувам од срце… зборувам многу за моето семејство, зборувам многу за моето минато, луѓето симпатизираат со мене и сфаќаат дека не сум апстракт.

Богутскаја е пркосна, бидејќи нејзиниот случај јасно покажува дека руските и властите во Крим нема повеќе да толерираат такви отворени несогласувања. Додека Русија изнесе мноштво закони насочени кон заземање контрола на блогосферата, случајот на Богутскаја покажува дека, додека законите кои ги принудуваат блогерите да се регистрираат или предложените мерки за исклучување на интернет пристапот со притисок на копче можат да бидат причини за загрижување, на крајот на денот, класичната техника, т.е физичко заплашување може да биде подеднакво ефективно.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.